Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување за антитела по вакцинирање против ковид-19 со „Фајзер“, „Астразенека“, „Спутник“ и „Синофарм“

0
By НОВА ТВ Balaban on November 16, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 16, 2021 13:24
Студијата беше спроведена во јули на 196 целосно вакцинирани лица во Монголија, каде што се користеа сите четири типа вакцини, што е ретко. Според ова истражување, луѓето вакцинирани со „Синофарм“ може да бидат најподложни на ковид-19.

Вакцината на „Фајзер – Бионтек“ го произведе најсилниот имунолошки одговор на телото против ковид-19 од четирите вакцини тестирани во студија објавена во списанието „Cell Host and Microbe“.

Според ова истражување, луѓето вакцинирани со „Синофарм“ може да бидат најподложни на ковид-19.

Истражувачите го споредија имунолошкиот одговор на телото кај луѓе вакцинирани со „Фајзер“, „Астразенека“, „Спутник“ и „Синофарм“, а студијата беше спроведена во јули на 196 целосно вакцинирани лица во Монголија, каде што се користеа сите четири типа вакцини, што е ретко.

Нивоата на неутрализирачки антитела варираат во голема мера во секоја од четирите групи вакцини.

Релативно ниски концентрации на антитела се развиле со вакцинација со „Синофарм“ и „Спутник“, умерени нивоа на антитела развиле оние кои биле вакцинирани со „Астразенека“, а најмногу оние со „Фајзер“.

И варијациите за тоа како се давале вакцините играле улога во добиените резултати

Причините за разликите во имунолошкиот одговор на организмот по вакцинацијата со споменатите четири вакцини сега се предмет на интензивно истражување на експертите.

Веројатно ќе вклучи фактори како што се количината на активна состојка во секоја доза од вакцината, како и интервалот помеѓу првата и втората доза, напишаа авторите на студијата во која учествуваа научници од Универзитетот Стенфорд, Фондацијата Оно и Националниот центар за заразни болести во Улан Батор. Резултатите од студијата беа објавени во четвртокот.

И варијациите во начинот на кој се давале вакцините играле улога во добиените резултати.

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој беше вклучен во развојот на руската вакцина и е задолжен за нејзината меѓународна дистрибуција вели дека споредбите на перформансите на вакцината се погрешни бидејќи поминало повеќе време помеѓу администрирањето доза на Спутник В и мерење на антителата отколку со другите вакцини.

РДИФ исто така истакнува дека луѓето кои биле вакцинирани со Спутник биле во просек 10 години постари од оние кои примиле други вакцини.

„Cell Host and Microbe“ „Астразенека“ Вакцинирање Ковид-19 синофарм Спутник студија фајзер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.