Во текот на вчерашниот ден полицијата на територија на град Скопје изрекла вкупно 177 мерки, меѓу кои 59 за возење повеќе од дозволената брзина, 13 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за нерегистрирани возила, осум за возење под дејство на алкохол и 48 мерки за непрописно паркирање, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека продолжуваат со засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.