Author: НОВА ТВ Balaban

Централната изборна комисија на Бугарија објави дека право на глас имаат 6.708.189 граѓани. Бугарските граѓани може да гласаат во 11.643 избирачки места во Бугарија, а оние кои се во странство може да го остварат правото на глас на 751 избирачко место во 68 држави низ светот. Откако ниту една партија не обезбеди стабилно мнозинство во бугарскиот парламент, Бугарија в недела оди на трети избори во последниве 7 месеци. По неуспешниот обид на „Има таков народ“, ГЕРБ и БСП за формирање влада, мандатот беше вратен кај претседателот Румен Радев, кој пак, ќе се трка за уште еден претседателски мандат. Анкетите покажуваат…

Read More

Со организирање светлосно шоу на Ајфеловата кула, Париз и оддаде почит на организацијата на УНЕСКО по повод 75-тиот роденден на агенцијата на ОН. Во знак на пријателство меѓу главниот град на Париз и оваа организација, каде што од 1946 година е нејзиното седиште, на кулата, до логото на УНЕСКО, се испишани зборовите „75 години“, како и стилизиран грчки храм со натпис „симбол на надеж за создавање мирен свет“. Светлосното шоу на Ајфеловата кула е дел од пошироката церемонија која вклучуваше посета на повеќе од 20 шефови на држави и прикажување на делата на бразилскиот фотограф Себастијао Салгадо во седиштето на…

Read More

На 12.11.2021 во Скопје, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари и Полициската станица Бит Пазар ги лишиле од слобода А.А.(53) од Скопје и Е.Ќ.(33) од Косово. Тие се сомничат дека на 25.10.2021 одзеле пари, мобилен телефон и други предмети од домот на А.М. (40) на ул.”Козара” во Скопје. Кај Е.К. биле пронајдени дел од одземените предмети. Во врска со случајот, денеска (13.11.2021) во Полициската станица Бит Пазар   била повикана А.Д.(52) и од неа биле одземени дел од одземените предмети, кои ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против трите лица ќе бидат поднесени пријави за сторени…

Read More

Родителите можат да работат од дома без временско ограничување, без да бараат дозвола од нивните работодавaчи, додека нивните деца не наполнат осум години. Португалија им забрани на шефовите да испраќаат текстуални и електронски пораки до работниците надвор од работното време, како дел од новиот правен пакет популарно наречен „право на одмор“, јави Би-Би-Си. Одлуката е дел од законските измени донесени за балансирање на приватниот и професионалниот живот, особено во однос на фактот дека многу работници работат од дома. Компаниите со повеќе од 10 вработени може да се соочат со казна доколку контактираат со вработените надвор од времето наведено…

Read More

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.М. (28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Тој се сомничи дека во периодот од 05.11. до 11.11.2021 извршил кривично дело убиство врз неговата баба В.Б.(75) во нејзиниот стан на ул.„Никола Малешевски“. Од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор.

Read More

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени шест починати лица со датум на смрт од 27.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (2), Кичево (1) и Радовиш (1), на возраст од 59-86г, од кои три лица се починати во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.323 тестирања, а регистрирани се 528 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 200, Битола – 53, Прилеп – 42,…

Read More

Со новите мерки, кои ќе важат во следните три недели, супермаркетите и рестораните ќе работат со скратено работно време, а повторно ќе се воведат мерки за социјална дистанца. Во Холандија се одржаа протести поради делумното заклучување, а со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Демонстрантите во Хаг изразија незадоволство поради новите мерки што ги соопшти вчера премиерот Марк Руте. Протестите станаа насилни, искршени се стаклата на главната железничка станица, а демонстрантите фрлаа стаклени шишиња и цигли кон полицијата. Оштетени се неколку продавници. Полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстантите. Со новите мерки, кои ќе важат во следните три…

Read More

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во Северна Македонија, Трајан Димковски, вчера истакна дека реализацијата на иницијативата „Отворен Балкан“ нема да биде лесна, и дека сите три влади заедно ќе се борат за таа да успее. Денеска во Ниш продолжуваме сo работните средби со колегите од владите на Северна Македонија и Албанија, за да можеме да направиме конкретни договори во рамките на иницијативата Отворен Балкан, со цел посилно поврзување, олеснување на протокот на стоки, услуги и луѓe, како и да ги отстраниме сите пречки кои не спречуваат да се развиваме и напредуваме, изјави српскиот министер за финансии Синиша Мали на…

Read More

Градските власти на Њу Делхи издадоа наредба да бидат затворени училиштата една недела во главниот град на Индија поради големата загаденост на воздухот. Училиштата нема да работат од понеделник со цел да се заштитат децата од загадениот воздух. Нивото на загаденост во Њу Делхи е 437 од 500 на скалата на индексот за квалитет на воздухот.

Read More

Автори на песната, како што пренесува дописникот на МИА, се македонскиот изведувач Васил Гарванлиев, како и неговите сонародници Давор Јордановски и Весна Малина и Бугаринот Стан Стефанов. Во понеделникот беа претставни младите пејачи кои ќе ја претставуваат Бугарија на „Детска Евровизија“ на 19 декември во Париз. На натпреварот ќе учествуваат 19 земји. Во денешното издание на емисијата „Денот започнува со Георги Љубенов“ на БНТ беше претставена бугарската песна „The voice of love“ за „Детска Евровизија“ 2021. Автори на песната, како што пренесува дописникот на МИА, се македонскиот изведувач Васил Гарванлиев, како и неговите сонародници Давор Јордановски и Весна Малина и Бугаринот…

Read More

Делегација од Република Северна Македонија учествува на 41. Генерална конференција на УНЕСКО,  која од 9 до 24 ноември се одржува во Париз, Франција. На денешната пленарна сесија, на која се разгледуваа генералните политики на УНЕСКО за 2021 година, од името на министерката за култура Ирена Стефоска, пред присутните се обрати амбасадорката Јадранка Чаушевска-Димов, постојан претставник на Република Северна Македонија во УНЕСКО. Во своето обраќање, честитајќи го 75-годишниот јубилеј на Организацијата, Стефоска, меѓу другото, рече: „Дали удобниот живот на оваа единствена колоритна планета заврши откако зборот профит стана поважен од зборот совест? Или откако лошата вест стана прва вест. Сеедно, сметката…

Read More

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска положи цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“. На гробиштата во Бутел цвеќиња положија и делегација на Владата на Република Северна Македонија; Делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна – Скопје; делегација од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија; делегација од Собранието на Република Северна Македонија; делегација од Министерството за одбрана на Република Северна Македонија; делегација на Генералштаб на АРМ; делегации од Општините на Град Скопје; делегации од јавните претпријатија и…

Read More