Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Во 01.50 часот, пак, во угостителски објект во с.Жеровјане, тетовско, од слобода биле лишени четири странски државјанки – К.И.(29) од Република Бугарија, Д.К.(32) од Република Србија, А.Х.(24) од Русија и М.Н.(26) од Република Србија, затоа што го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта. Во периодот од 22.50 часот на 10.11. до 01.00 часот на 11.11.2021, полициски службеници на СВР Тетово, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Одделение за прекуграничен криминал и миграции во содејство со Трудов инспекторат извршиле акциски контроли во три угостителски објекти на подрачјето на Тетово. Притоа, во 00.30 часот…
На 10.11.2021 во село Балиндол, гостиварско, полициски службеници од Oдделението за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода А.К.(40) од с.Леуново, општина Маврово и Ростуше и А.Ј.(21) од Гостивар. При преглед во патничко возило „опел астра“, сопственост на А.К., во кое бил и А.Ј. биле пронајдени и одземени хероин и таблети. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Низ 22 паноа и околу 300 документи и фотографии, претставен е периодот од крајот на 19. век, кога функционирала Скопската Турска Општина, потоа Градското поглаварство на Општината на град Скопје 1918 – 1941 г., Скопската Општина 1941 – 1944 г. и Скопската Општина преку градоначалниците од 1944 до денес, информираат од Државниот архив на Република Северна Македонија. На 12.11.2021 година (петок) во 12 часот во Музејот на град Скопје свечено ќе биде отворена изложбата „Скопска градска општина“ од авторката д-р Јасмина Дамјановска. Изложбата „Скопска градска општина“ е замислена како еден водич низ меморијата што ја има собрано на едно место…
Ова не е прв фатален пожар во романските болници оваа година, откако во октомври седум лица починаа на одделението за интензивна нега во ковид болница во Констанца на истокот од земјата, додека четворица пациенти починаа во Букурешт во февруари. Двајца пациенти загинаа, а медицинска сестра е повредена во пожар во ковид болницата во Плоешти, централна Романија, соопштија официјални лица. Пожарот, кој бил брзо изгаснат зафатил една соба, а 15 пациенти кои биле згрижени во крилото на болницата и биле загрозени од пожарот се префрлени во друга болница, јавуваат агенциите. Ова не е прв фатален пожар во романските болници оваа година,…
Имено, за идејно решение за локалитетот на фабриката „Треска“, прворангиран е конкурсниот труд со шифра „ГДВОР“ со доделена ВТОРА НАГРАДА во износ од 369.000,00 денари изработен од група автори Јован Ивановски, Паолина Милушева, Теа Дамјановска, Михајло Стојановски, Билјана Темелковска и Маја Јанковска. Општина Центар за првпат јавно објавува извештај за работа и резултати за предложени идејни решенија за одреден проект во општината. Општина Центар и новото раководство вети транспарентно работење и јавно го објави извештајот на претседателот на жири комисијата за избор на идејно решение за локалитетот на фабриката „Треска“, Арх. Миодраг Радоњиќ Бато. Станува збор за извештај кој се…
На Косово е регистриран делта плус сојот на коронавирусот. Има пријавено 12 инфицирани лица со овој вид на коронавирусот, објави косовското Министерство за здравство. Делта плус сојот е тестиран на 59 луѓе во лабораторија во Германија. Регистрирани се и уште 47 инфекции на делта видот на коронавирусот. Косовските власти соопштуваат дека делта варијантата е најдоминантна меѓу новозаразените случаи на Косово и дека исто така постои опасност од проширување на делта плус сојот. Делта плус е нов вид, а според експертите тој се шири побрзо. Овој сој беше откриен во Грција и Хрватска. Во Србија иако не е потврдено, се верува дека…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска го пречека претседателот на Владата на Кралството Холандија, Марк Руте, по повод неговата прва посета на Северна Македонија. Посетата се одвива во светло на добрите билатерални односи меѓу Холандија и Северна Македонија, но и во контекст на заложбата од холандска страна за безусловен почеток на пристапните преговори со Европската Унија што беше афирмирана и на Самитот ЕУ-Западен Балкан одржан во Брдо, Словенија во месец октомври. Како земја што има стриктен пристап кон објективното вреднување на пристапните критериуми особено во однос на владеењето на правото, поддршката на Холандија што се…
Војводата од Сасекс рече дека го предупредил извршниот директор на Твитер, Џек Дорси за најавените политички немири во САД – еден ден пред смртоносните немири на 6 јануари годинава кај Капитол. Тој притоа нагласи дека на интернет владеат омразата, поделбите и лагите. – Го предупредив дека неговата платформа дозволува провокации и повици за државен удар, изјави принцот Хари на техничкиот форум „RE: WIRED“ во САД. Тој зборуваше на собир за дискусија за социјалните медиуми, дезинформации и омраза на интернет. Дорси, кој е извршен директор на Твитер, досега не даде јавен коментар за ова прашање. Принцот Хари, кој сега живее со…
Започна бушењето на тунелот на експресниот пат Градско – Прилеп, а изградбата се очекува да биде завршена за една година. Тунелот е составен од две цевки, во правец кон Прилеп со должина од 139 метри и кон Градско со должина од 159 метри. Увид на градежните работи за бушење на тунелот кон Прилеп, на делницата Дреново – Фаришка клисура денеска извршија министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми и заменик директорот на ЈП за државни патишта, Благојче Трпевски. – Сакам да ги информирам сите граѓани од овој регион дека експресниот пат од…
Демократот Бајден се обидува да ги зајакне односите со Европа откако неговиот претходник, републиканецот Доналд Трамп, ги отфрли сојузниците и институциите за време на својот мандат. Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Белата куќа ќе ја прими претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со која ќе разговара за трговијата и превирањата на Западен Балкан, меѓу останатите прашања, додека настојува да ги подобри односите со Европската унија. Состанокот доаѓа веднаш по средбата на Бајден со Фон дер Лајен за време на форумот на светските лидери на Г20 во Рим и на конференцијата на ОН за климата во Глазгов. Белата…
Според програмата на „Златен гонг 2021“ утре (11 ноември) ќе се одржат четвртфиналните средби (16 часот), Свеченото отворање (16:30) и Конференцијата за одбележување на јубилејот (20:30 Хотел Континентал). На претстојното 50-то издание од меѓународната боксерска манифестација „Златен гонг“ учество пријавија околу 60 боксери од 14 земји. Македонската репрезентација, која ќе биде предводена од селекторот Руждија Калач, ќе биде составена од: Ардијан Џемаили, Оран Јашаровски, Јасин Љама, Дион Лена, Ферид Хоџа, Лео Јовановски и Арсим Етеми. Покрај македонските ќе учествуваат и боксери од: Албанија, Англија, Бугарија, Велс, Ирска, Кина (Хонг Конг), Косово, Молдавија, Словенија, Србија, Украина, Хрватска и Црна Гора. По…
Град Скопје ќе набави украси кои ќе бидат сопственост на градот со што ќе се заштедат значителни средства од градскиот буџет кои досега секоја година се трошеле за еднократен годишен закуп на овие украси. Соочени со енергетската криза која е во тек, а имајќи во предвид дека државата набавува електрична енергија со драстично повисока цена, како и во согласност со Владината одлука за прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор, сакаме да ја информираме јавноста дека Град Скопје побара раскинување на договорот со Линк медиа плус дооел за новогодишно украсување на градот во вредност од 14.986.000,00 денари односно 243.000,00 евра, информираа…