Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
По неколку месеци од првите две дози, нивото на антитела му се намалило и лекарите му препорачале трета доза „Спутник лајт“. Лидерот на Либерално-демократската партија на Русија, Владимир Жириновски, објави дека досега примил вкупно шест дози вакцини против коронавирусот. – Бев еден од првите во Русија што се вакцинираа против коронавирус. Првата доза „Спутник В“ ја примив на почетокот на септември 2020 година, изјави Жириновски, нагласувајќи дека досега примил шест дози против Ковид 19. По неколку месеци од првите две дози, нивото на антитела му се намалило и лекарите му препорачале трета доза „Спутник лајт“. – Тогаш мојот лекар ми…
Министерството за финансии на Косово соопшти дека по 1 октомври 2021 година, оние кои ќе изгубат член на семејството поради вирусот, може да добијат помош само доколку починатиот член на семејството е вакциниран со две дози. Косово ќе им исплатува по 1.500 евра на семејствата кои загубиле член поради ковид-19. До крајот на ноември, тие можат да аплицираат за еднократната помош, којашто се однесува само на блиски членови на семејството, како брачен другар, дете или родител, пренесуваат регионалните медиуми. За електронската пријава е потребна потврда за матична регистрација, со која се потврдува семејната поврзаност на барателот со починатиот и копија…
Жена од Горно Јаболчиште со иницијали Л.З. на возраст од 44 години, вчера физички се пресметала со тројца мажи во нивниот дом. Во Полициското одделение Чашка случајот бил пријавен од страна на 49-годишниот С.З., кој изјавил дека, освен него, таа ги нападнала и Х.З.(35) и С.З. (71), при што употребила тврд предмет. Неофицијално дознаваме дека жената, поради недоразбирања од претходно, отишла во домот на нападнатите и ги удирала со стап. Инаку, жената не е во роднинска врска со мажите. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Окружното обвинителство во Хасково поднесе обвинение против државјанин на Турција и на Република Северна Македонија за шверц на златен и сребрен накит вреден 226.902 лева преку граничниот премин Капитан Андреево, соопшти прес-службата на државното обвинителство. Случајот е од 29 октомври со автобус што сообраќал од Турција преку Бугарија до Република Северна Македонија. Во автобусот цариниците пронашле 26 пакувања накит со вкупна тежина од 4,147 кг. Шверцуваниот златен и сребрен накит е запленет, а против возачот на автобусот А.Б. (50) е поднесена кривична пријава, пренесе БТА.
Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 5.556 дози вакцини, од кои 950 се аплицирани како прва доза, 1.124 се ревакцинирани, а 3.482 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 31 октомври вкупно се вакцинирани 805.008 граѓани, ревакцинирани се 775.825, а трета доза примиле 30.852 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, информираат од Министерството за здравство. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57% , а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години.…
Тесно, според резултатите, беше и во Василево каде Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 3.332 гласа, му избега за само 26 гласа на Марјан Јанев од СДСМ, кој освои 3.306 гласа. „Најтесна“ победа во вториот круг од локалните избори кои се одржаа вчера однесе градоначалникот на Кочани – со само 16 гласа повеќе, Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 8.697 гласа, го победи противкандидатот од СДСМ, Николчо Илијев, кој освои 8.681 гласа. Тесно, според резултатите, беше и во Василево каде Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 3.332 гласа, му избега за само 26 гласа на Марјан Јанев од СДСМ, кој освои…
„Оставка на Заев по големиот пораз на локалните избори“; „Зоран Заев: Следниот ден во Северна Македонија по оставката – „Не“ за предвремени избори“; „Северна Македонија: Зоран Заев си поднесе оставка“, се дел од насловите во грчките медиуми. Оставката на Зоран Заев и од премиерската функција и од позицијата претседател на СДСМ, од доцна синоќа е меѓу главните вести во медиумите во Грција, кои ја пренесуваат информацијата, без дополнително да анализираат или коментираат, јави дописничката на МИА од Атина. „Оставка на Заев по големиот пораз на локалните избори“; „Зоран Заев: Следниот ден во Северна Македонија по оставката – „Не“ за предвремени…
Премиерот во оставка Зоран Заев ден по вториот круг од локалните избори и јавно соопштената одлука дека се повлекува од претседателските позиции во владата и во партијата, ги свика партнерите од коалицијата односно од парламентарното мнозинство на координација во владата, веројатно да ги извести за новонастанатата ситуација но и да се изанализира изборниот скор преточен во градоначалнички и советнички мандати, и да се изгради стратегија што и како понатаму за изборот на нов премиер. Дел од коалиционите партнери на Заев, кои ги консултира НоваТВ, велат до овој момент не се известени за средбата, но и дека до сега ваквиот вид…
Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ освои градоначалнички места во седум општини – Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чучер Сандево и Центар. Седум градоначалнички места во вториот круг освои и ДУИ и тоа во Арачиново, Боговиње, Долнени, Кичево, Струга, Теарце и Чаир. Државната изборна комисија вчеравечер ги соопшти првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори според кои Скопје и 43 општини во земјава добија градоначалници. Конечните резултати, како што најави претседателот на ДИК Александар Даштески, ќе бидат објавени денеска. Согласно објавените првични податоци ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во вториот круг од Локалните…
Меѓународните набљудувачи на ОДИХР на локалните избори во Северна Македонија денеска ќе одржат прес-конференција на која ќе ги презентираат своите наоди по вториот круг од локалните избори во Северна Македонија. На прес конференцијата ќе зборуваат Тана де Зулуета, шеф на мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР и Штефан Краузе, заменик-шеф на мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР. Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР, во вториот круг, ја сочинуваа 23 набљудувачи од 13 земји. Поради барањата за социјално дистанцирање, само ограничен број новинари можат лично да присуствуваат на денешната прес-конференција, која исто така ќе може да се следи…
Исклучително важно е да се потсетиме – овие реконструкции на фасадите ги започнавме пред 3,5 години, со пренамена на средства во висина од 70 милиони денари кои тогаш беа наменети за барокни фасади во центарот на градот како дел од криминалниот проект Скопје 2014. И токму тука е главната разлика на она што го правиме денес и она што некој друг го правеше во минатото. Додека некој правеше фасади од стиропор и споменици од бронза ние реконструираме средни училишта, градиме нови булевари, развиваме велосипедска мрежа, нагласи Шилегов. Денес сакам да потсетам на уште една клучна разлика меѓу движењето напред кон…
Никој не знаеше дека ја добила “за џабалук” од Груевски салата “Расадник” во која не се покажала како добар менаџер, пишува Ѓорги Спасов на Фејсбук Можно ли е Дан(и)ела да му е подметнато кукавичко јајце на Мицковски од бугарските служби? Има многу индиции за тоа, објави на својот Фејсбук профил Ѓорги Спасов. Спасов наведува: „1. Никој не знаеше дека се стекнала со бугарско државјанство уште во 2011 година. 2. Никој не знаеше дека била член на Надзорниот одбор на Капитал банката во Скопје која 98% во сопственост на Бугарија. 3. Никој уште не знае кој на независната кандидатка и ја…