Author: НОВА ТВ Balaban

Утре попладне и в недела долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер. Во сабота ќе се задржи релативно топло време, по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Преку денот ќе има зголемена облачност, а попладне и во текот на ноќта во северните делови ќе има локален дожд. Утре попладне и в недела долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер. Од недела следува период на посвежо време со ниски утрински температури кои од вторник на повеќе места ќе бидат околу нулата.

Read More

Вчера (21 октомври) околу 16 часот и 30 минути, на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на МВР ја привеле 42-годишната С.Р. од скопско Чајлане, која се барала со потерница од Основен кривичен суд за издржување казна затвор во траење од 12 години. По приведувањето, реализирано со наредба на Основен кривичен суд Скопје, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчеравечер околу 22 часот и 30 минути ја спровеле во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

Read More

Во таа продажба најголемо учество имаат полиси за осигурување имот кои се поврзани со станбените кредити и тие изнесуваат 60 милиони денари (1 мил.евра). Банките од друштвата за неживотно осигурување за првата половина од годинава наплатиле провизии во вкупен износ од 29 милиони денари (471.000 евра). Користејќи ги услугите на посредниците во осигурување (осигурителни брокерски друштва, друштва за застапување и на застапници во осигурување) осигуреници во полиси за неживотно осигурување вложиле 42 милиони евра во првите шест месеци годинава Осигуреници вложиле 5 милијарди денари (81,2 мил.евра) во осигурување за половина година. Од тоа 2,59 милијарди денари ( 42 мил.евра) се…

Read More

Според извори, како што пренесува БГНЕС, работилницата во која се случил инцидентот е во сопственост на компанија која произведува индустриски експлозиви и депонира муниција. Шеснаесет лица загинаа во денешната експлозија и пожар во фабрика за барут во регионот Рјазан во Русија, јавија локални медиуми. Според Министерството за вонредни ситуации, причина за пожарот е веројатно „нарушување на технолошкиот процес и мерките за безбедност“. Пожарот избувна во работилницата за производство на барут во фабриката Еластик плант.  Според извори, како што пренесува БГНЕС, работилницата во која се случил инцидентот е во сопственост на компанија која произведува индустриски експлозиви и депонира муниција.

Read More

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Скопје, на возраст од 31 година, кое е осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 20 октомври, на патот Прилеп-Градско, неовластено пренесувал 45,085 килограми наркотична дрога марихуана помешана со тутун наменета за понатамошна продажба. Дрогата ја набавил во Струга и ја ставил во патни торби, па едната од нив ја ставил на задното седиште, а другите две во багажникот на автомобил Пежо 306. Движејќи се во правец кон…

Read More

Вработените членови на Синдикатот за образование на Србија денеска ќе одржат предупредувачки штрајк – нема да се одржи првиот час во прва смена и првиот час во втора смена, соопштија вчера од синдикатот. Во соопштението се наведува дека барањето на штрајкувачите е српската влада да почне да го применува Законот за плати на вработените во јавниот сектор (платни групи и оценки) од 1 јануари 2022 година и доколку не почне примената на тој закон за сите вработени во образованието, да биде зголемена платата за 15 отсто. Образовниот синдикат на Србија бара и изедначување на цената на трудот за сите дејности…

Read More

Не сакам студена војна со Кина. Само сакам Кина да разбере дека нема да се повлечеме, дека нема да промениме ниту еден од нашите ставови, рече Бајден. САД ќе застанат во одбрана на Тајван и имаат обврска да го бранат островот што Кина го смета за своја територија, изјави американскиот претседател Џо Бајден на прашањето дали САД ќе го бранат Тајван, кој се жали на зголемениот воен и политички притисок од Пекинг да го прифати кинескиот суверенитет. Бајден рече дека луѓето не треба да се грижат за воената сила на Вашингтон, бидејќи Кина, Русија и остатокот од светот знаат дека…

Read More

На онлајн конференцијата ќе се обратат министерот за здравство Венко Филипче, Драгана Могилевска – Груевска, Весна Рамљак, Нино Васев, Мери Пешевска и претседателката на здружението за борба против рак „БОРКА – За секој нов ден” Биба Додева. Здружението за борба против рак „БОРКА – За секој нов ден” со виртуелна национална прес-конференција на тема „Справувањето со предизвиците во борбата со ракот на дојка” денеска во Скопје ќе го одбележи Светскиот месец за борба против ракот на дојка. На онлајн конференцијата ќе се обратат министерот за здравство Венко Филипче, Драгана Могилевска – Груевска, Весна Рамљак, Нино Васев, Мери Пешевска и претседателката…

Read More

Коалицирање со политички партии нема, ќе коалицираме со вредности и со принципи за решенија базирани на квалитетни анализи и ако видиме издржани проекти. Но нема да правиме политички и партиски коалиции! – ни изјави Белчева.  Јана Белчева Андреевска нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општината  Центар. Вака одговори Белчева на нашето прашање, а по повиците од опозициската партија за коалициска соработка во Советот на Општината  Центар. Во изјава за НоваТВ, таа рече дека единствено може да прифати да коалицира  врз база на добро издржани проекти. – Коалицирање со политички партии нема, ќе коалицираме со вредности и со принципи…

Read More

Дури 101 излетување на возила од автопатот на подрачјето на СВР Тетово имало од почетокот на годината досега, а голем дел завршиле фатално по учесниците во сообраќајот, според неофицијални информации. СВР Тетово ги објави деталите за сообраќајката којашто се случи денеска на автопатот Скопје-Тетово, а во која едно лице го загуби животот. – Денеска (21 октомври) околу 10.50 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Добарски натпатник, односно месноста „Еребино“, патничко моторно возило „тојота рав“ со американски регистарски ознаки, управувано од Ф.Л.(45) од тетовско Доброште, излетало од коловозот. Во несреќата, Ф.Л.…

Read More

На 20.10.2021 во 22.30 часот во Полициската станица Кичево бил приведен М.М.(30) од Кичево поради постоење основи на сомнение дека со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Н.М.(50), по што тој починал. Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево извршиле  увид. Се работи на расчистување на случајот.

Read More

На 20.10.2021 во 15.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Даме Груев“, на излез од паркинг простор, Г.Г.(57) од Скопје ја отворил предната врата од запрено патничко возило „даихатсу териос“, со скопски регистарски ознаки, при што удрил велосипед, управуван од Ц.В.(73) од Скопје. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Read More