Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Раскошен комплет од архиепископски панагии за време на официјалниот прием на целата црковна и државна делегација од Република Северна Македонија, му подари Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј на охридскиот архиепископ г. г. Стефан. По завршувањето на неделната богослужба во соборниот храм на Вселенската патријаршија, на која за првпат после повеќе од два века вселенски патријарх сослужува со охридски архиепископ, блажениот патријарх Вартоломеј уште еднаш нескриено ја искажа својата голема љубов кон архиепископот Стефан. Тој пак, видно воодушевен, од своја страна несомнено ја изрази верноста и надежта во застапништвото и просветлението на вселенскиот патријарх во врска со решавањето на конечниот статус…
Во време кога исплатата на дежурства е прекината, од месец февруари, а веќе се доведува во прашање и исплатата на надоместокот од 26.000 денари исправени сме пред одлуката – миграција или работа на поле што е надвор од нашата професионална едукација. Дел од колегите држат приватни часови на студенти, дел се ангажирани во фармацевски куќи, се со цел да си обезбедат егзистенција. Нашата земја не ги губи своите доктори бидејки тие сакаат подобра финансиска сатисфакција за работата, ги губи бидејќи ги брка оттука – вели во интервјуто за НоваТВ д-р Александра Георгиева, специјализант на Клиниката за кардиологија во Скопје и…
Во ливада во атарот на селото Конопница, Крива Паланка, вчера попладне бил пронајден дел од човечки труп, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово. – Вчера попладне, околу 17 часот и 24 минути во полициската станица, одделение за внатрешни работи Крива Паланка, било пријавено дело во ливада во Конопница пронајдени се облека и дел од човечки труп. За настанот веднаш бил известен јавен обвинител и увид извршила екипа на ОВР Крива Паланка, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска. Дополнува дека по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција.
Веќе една седмица никој не се јавува да го земе женскиот паричник којшто минатата недела чесниот пронаоѓач го донел во полициската станица во Тетово. Како што веќе објавивме , вечерта на 6 јуни 47-годишен жител на тетовско село, движејќи се низ трговски центар на улица „Маршал Тито“ во Тетово, пронашол изгубен женски паричник и го предал во полициската станица Тетово. Но оттогаш нема ниту трага, ниту глас од сопственикот. „Паричникот и парите сѐ уште се кај нас и никој не се јавил да го земе во полициската станица. Во новчаникот нема никакви документи, а досега не се случило за ваков…
Српската полиција во средата го уапсила поранешниот функционер на украинската разузнавачка служба СБУ, Андриј Наумов, и близок соработник на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според првите информации, Наумов бил уапсен на граничниот премин Прешево со уште еден германски државјанин, наводно негов возач, под сомнение за перење пари. За нивното апсење се огласи и српското МВР, кое наведува дека на преминот Прешево со Северна Македонија, граничната полиција кај овие лица пронашла 607.990 евра и 124.924 долари во готовина и два скапоцени смарагди. Тие не пријавиле ниту пари, ниту скапоцени камења, па се обвинети дека ги стекнале со криминални активности и се обиделе…
Според некои информации, тој имал намера да ги смири пчелите со дим од цигара, но кога помладиот се вратил од шумата, наводно го нашол во тешка состојба на земја, пишува „Дневник“. Во околината на Шкофја Лока во Словенија вчераутро двajца биле нападнати од пчели, а едeн починал од убодите. Пожарникарите и спасувачите згрижиле еден маж, додека другиот починал на пат кон болницата во Љубљана. – До пристигнувањето на спасувачите, пожарникарите на ПГД Буковица им пружиле прва помош на повредените, јави Дирекцијата за заштита и спасување на Република Словенија на својата веб-страница. Пчеларите требало да ги донесат кошниците в сабота, а…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 93 санкции, 30 санкции за возење под дејство на алкохол, 15 мерки за возење без возачка дозвола. Изречени се и 29 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три мерки за поминување на затворен сигнал (црвено светло), шест за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за користење на мобилен телефон… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до…
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата во домашното првенство, откако го совладаа Пелистер со 3-1 во финалната серија по вечерашниот триумф во Битола од 102-93. За МЗТ Скопје ова е деветти шампионски трофеј во клупската историја, додека Пелистер го играше своето прво финале во разигрувањето за титулата. На патот до титулата во финалето од плејофот, МЗТ Скопје Аеродром забележа два убедливи триумфи на домашен терен од 91-76 и 86-62, додека Пелистер во првиот натпревар во салата „Боро Чурлевски“ славеше со 82-79 по продолжение.
САД го укинуваат задолжителното тестирање за ковид-19 за патниците кои со авион доаѓаат во земјата, соопшти денеска Белата куќа. По појавата на варијантата омикрон, американските здравствени власти ги заострија процедурите за тестирање за влез во САД во декември 2021 година. Сите патници на возраст над две години мораа да приложат негативен тест за ковид направен помалку од еден ден пред полетувањето, без разлика дали примиле вакцина или не. Наредбата за задолжително тестирање за ковид истекува в недела во 12.01 часот по Гринич (18.01 по средноевропско време), бидејќи Центарот за контрола и превенција на болести утврдил дека тестовите повеќе не се…
Отворен Балкан на ниту еден начин не е замена за европските интеграции, туку е иницијатива за поврзување на регионот, за поедноставно и полесно комуницирање меѓу граѓаните, полесно одвивање на трговијата и поголема комуникација како меѓу институциите така и меѓу компаниите со цел да се унапреди животот во државите во овој регион, потенцираше премиерот Ковачевски во интервју за регионалната ТВ мрежа Ал Џезеира. „Процесот што го спроведуваме со Отворен Балкан претставува подготовка на регионот за што побрза интеграција на ЕУ и ја има поддршката и од Брисел и од Вашингтон“, дополнува во интервјуто Ковачевски. Ковачевски истакна дека иницијативата е отворена за…
Во Малезија повеќе од 1.300 луѓе чекаат смртна казна, најмногу поради трговија со дрога. Казната се извршува со бесење. Малезија денеска најави укинување на смртната казна, која сега е предвидена за многу кривични дела. Министерот за правда, Ван Џунади Туанку Џафар, рече дека Владата ќе разгледа предлози за други казни за 11 кривични дела кои носат смртна казна според важечките закони, како и за 20 други дела, за кои судовите не мора, но можат да изречат смртна казна. – Одлуката за ова прашање покажува дека приоритет на Владата е да обезбеди заштита и гарантирање на правата на сите, што ја покажува транспарентноста на државниот врв во подобрувањето…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.090 тестови, а регистрирани се 65 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 41, Битола – 9, Кавадарци, Охрид, Штип и Неготино – по 2, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Струмица и Струга – по 1. Од вкупниот број на позитивни (65), регистрирани се 8 реинфекции. Регистрирани сe 78 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Битола – 6, Охрид и Неготино – по 4, Штип – 3, Прилеп и Велес – по 2, Куманово, Струмица и Кичево – по 1. Во текот на…