Author: НОВА ТВ Balaban

Кога зборуваме за нашата врска со Северна Македонија и останатите земји од Западен Балкан, нагласи Брнз, важно е да се истакне дека таа мора да биде базирана на солидарност и заедничка работа за предизвиците со кои се соочуваме сега, да ги направиме можностите за Западен Балкан, и партнерствата со ЕУ и САД. Наша основна цел е да ја видиме Северна Македонија целосно интегрирана во Европската унија и сета наша работа е во насока на поддршка на тој процес, изјави амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, зборувајќи на панелот „Југоисточна Европа: Зајакнување на мирот и соработката во кревка глобална средина“, на…

Read More

Градот Скопје, како израз на солидарност кон семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово за секое загинато лице на семејство ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ. Поради трагичниот настан, односно пожарот во модуларната ковид болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за доделување парична помош на семејствата на настраданите, информираа од Град Скопје. Градот Скопје, како израз на солидарност кон семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово за секое загинато лице на семејство ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ.…

Read More

Одредени патни правци се забранети за тешки товарни возила, како на пример делницата Маврово – Дебар, превојот ,,Стража”, а на делницата од Крива Паланка на околу три до пет километри од пред граничниот премин ,,Деве Баир” е отежнат прооден дел од патот. Дождот што врне на целата територија на државата, на повисоките места премина во снег. Конкретно, на планините во западните и североисточните делови над 1.000 метри надморска височина врне снег, информираат од Центарот за управување со кризи. Одредени патни правци се забранети за тешки товарни возила, како на пример делницата Маврово – Дебар, превојот ,,Стража”, а на делницата од…

Read More

Советот на Општина Радовиш на вчерашната вонредна седница донесе одлука денешниот ден да се прогласи за ден на жалост заради трагично загинатите двајца алпинисти, Зоран Мајсторски (45) и Драган Станишков (20) членови на Алпинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш. Ти ги загубија животите вчера напладне при чистење на високо недостапни силоси во рудникот „Бучим“ кај Радовиш. Погребот на посмртните останки на двајцата алпинисти ќе се изврши денеска на гробиштата во Радовиш. Синоќа Јавното обвинителство соопшти дека според првичните сознанија, до несреќата дошло при чистење на два силоси, високи по 25 метри, со дијаметар од 17 метри, во кој се складира руда.…

Read More

Во текот на вчерашниот ден и во вторникот аплицирани се вкупно 9.307 дози вакцини, од кои 1.830 се аплицирани како прва доза, 7.281 се ревакцинирани, а 196 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.  Заклучно со 13 октомври вкупно се вакцинирани 797.214 граѓани, ревакцинирани се 756.176, а трета доза примиле 982 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 45% од граѓаните…

Read More

Во последно време Европа, а и целиот свет ги зафаќа страв од инфлација, којашто е резултат на структурни и слични поместувања во пост-ковид периодот, но и високата и нестабилна цена на електричната енергија. Таквите движења може да бидат „увезени“ и во Северна Македонија. Ние сме на отворен пазар. Владата е посветена на водење координирана монетарна и фискална политика и останува да биде присутна за интервенирање во случај на евентуални ценовни шокови, изјави Заев. Со обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев започна Самитот на Западен Балкан во организација на лондонски „Економист“ (The Economist). Тема на Самитот…

Read More

Верувам дека постои решение и имам искуство во изнаоѓање многу решенија во изминатите четири години. Лично верувам дека до крајот на оваа година е можно решение, изјави Заев. Говорници на настанот ќе бидат високи претставници од светската, европската и регионалната политика, од меѓународните финансиски институции и компании, владин и невладин сектор и академската сфера Премиерот Зоран Заев со воведно обраќање го отвори Самитот на Западен Балкан, кој се одржува денеска во Скопје, во организација на лондонски „Економист”. – Сметам дека 50 проценти од шансите за тргање на блокадата ќе се зголемат по изборите. И во Бугарија и во Северна Македонија имаме…

Read More

АМСМ информира дека на патниот правец крак Маврово – Дебар, денеска од 09:45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Врнежи од снег утрово има во Маврово, Попова Шапка и Ниже Поле, според камерите во живо на страницата skimacedonia.mk. Според фотографиите кои ги објавија вработение во ски-центарот “Ниже поле“, кој работи во рамките на ЈП “Стрежево“, има доволно снег за радост на  најмладите. Но снегот во октомври веќе предизвика и застои во сообраќајот. АМСМ информира дека на патниот правец крак Маврово – Дебар, денеска од 09:45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Од…

Read More

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова за МИА изјави дека 43-годишниот К.Ц е пронајден околу 21.50 часот во близина на приградската населба Стар Караорман, а од семејството било изјавено дека починатиот кон нивата се упатил околу 16 часот. Загина 43-годишен жител на штипската приградска населба Стар Караорман. Несреќата се случила на нива во близина на населбата, кога управувајќи со трактор се превртел и починал на самото место.  Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова за МИА изјави дека 43-годишниот К.Ц е пронајден околу 21.50 часот во близина на приградската населба Стар Караорман, а од семејството било изјавено дека починатиот кон нивата се упатил…

Read More

Пациентот е донесен со возило на Брза помош од рудникот Бучим во Клиничката болница во Штип и бил веднаш повикан дежурен анестезиолог кој констатирал дека пациентот е починат, изјави Марина Шуманска, портпарол на штипската Клиничка болница. Се уште трае увидот по несреќата во рудникот „Бучим“ во Радовиш, во кој денеска загинаа двајца радовишани, членови на Алпинистичкиот клуб „Плоча“. На двајцата, кои биле искусни планинари, како што ни потврдија во клубот, ова не им бил прв ваков ангажман – чистење високо недостапни силоси, но како се случила оваа трагедија се очекува да открие истрагата. Како што за НоваТВ изјавуваат од Клиничката…

Read More

Починатите лица се подизведувачи од Алпинистички клуб „Плоча“-Радовиш, ангажирани за извршување работни задачи – чистење на високо недостапни силоси. На местото на несреќата медицинскиот персонал на „Бучим“ веднаш ги презеде сите неопходни мерки за укажување на прва помош и настраданите лица се упатени кон ЈЗУ Здравствен Дом – Радовиш и ЈЗУ Клиничка болница – Штип, каде што е констатирана смрт, информираат од рудникот. Две лица загинаа во рудникот „Бучим“ кај Радовиш денеска во 11:43 часот. Тие биле членови на Алпинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш, а во рудникот биле ангажирани за чистење на високо недостапни силоси. Во официјалната изјава на рудникот…

Read More

Судот одлучи таа да остане во притвор до правосилноста на пресудата. Судскиот совет информираше дека го одбил барањето на Ѓорѓиевска да се одложи судењето поради смртта на татко ѝ во саботата, но поради празникот и неработните денови истото не можело да биде прифатено. Скопјанката Ангела Ѓорѓиевска (22) и во повторниот судски процес за убиството на Пино Секондо, денеска е осудена на 19 години затвор, откако скопска Апелација ја укина првостепената осудителна пресуда со која беше осудена исто на 19 години затвор, во јули минатата година. Осомничениот извршител Али Фуркан е во бегство, а Ангела се гони за помагање на убиството. Судот…

Read More