Author: НОВА ТВ Balaban

Ниските температури кои деновиве ја зафатија земјава, придонесоа на повисоките места да има и врнежи од снег. Првиот снег падна на Пелистер, а температурите се спуштија и до 3 степени под нулата, објави бабамбитола.мк. Ниските температури ќе се задржат и деновиве. На пониските места ќе има врнежи од дожд.

Read More

Во досега најбогатата програма, конференцијата ќе биде домаќин на преку 25 домашни и странски експерти од 10 држави во светот. Картите веќе се пуштени во продажба по специјална цена од 199 евра за физичко присуство и 49 евра за онлајн следење на конференцијата.  Подготовките за најголемата конференција за е-трговија во Македонија, која оваа година по четврти пат ќе се одржи на 12 ноември под мотото „Ready, set, grow!”, се во полн ек. И годинава, конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат…

Read More

СЗО го дефинира „продолжениот ковид“ како состојба со најмалку еден симптом што обично започнува да се појавува во рок од три месеци од почетокот на потврдената или веројатна инфекција со коронавирус и трае најмалку два месеца. Светската здравствена организација објави дефиниција за „продолжен ковид“, термин што се користи за да се опишат здравствени проблеми што ги доживуваат луѓето кои прележале коронавирус. Научниците се уште работат на разбирање на овој синдром. СЗО го дефинира „продолжениот ковид“ како состојба со најмалку еден симптом што обично започнува да се појавува во рок од три месеци од почетокот на потврдената или веројатна инфекција со…

Read More

За жал, во собата немам тераса, па патиките, бидејќи беа влажни и испотени, морав да ги оставам пред вратата на хотелската соба за да се проветрат. Кога следниот пат погледнав пред вратата ги немаше ниту патиките, ниту прстенот, изјави Мареј АТП турнирот во Индијан Велс сè уште не е започнат, а некогашниот најдобар светски тенисер Енди Мареј веќе се соочува со непријатности. Америкaнските медиуми јавија дека на Мареј му се украдени патиките и свадбениот прстен, кој бил врзан за една од врвките. Британскиот тенисер откако се ожени во 2015 година свадбениот прстен кога настапува на турнирите, веројатно за да му…

Read More

Донор на срцето  е млада пациентка кај која во вторникот на КАРИЛ ѝ била дијагностицирана мозочна смрт, а нејзиното семејство одлучило да ги донираат нејзините органи. Пациентот кому завчера му беше пресадено срце се чувствува добро и закрепнува по успешно изведената трансплантација. – Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце. Тој е контактибилен и се опоравува. Од голема важност е постоперативниот период. Му посакувам многу здравје и што побрзо да се врати на вообичаените животни навики, објави министерот за здравство Венко Филипче утрово на Фејсбук. Донор на срцето  е млада пациентка кај која во вторникот на КАРИЛ ѝ…

Read More

Невакцинираните Американци се закана за економијата, изјави американскиот претседател Џо Бајден, нагласувајќи дека не постои друг начин за борба против пандемијата освен вакцинацијата. – Факт е дека ова е пандемија на невакцинираните. Тие ги преплавија нашите болници, одделенија за итни случаи и единици за интензивна нега. Невакцинираните пациенти не оставаат простор за оние кои имале срцев удар или имаат потреба од операција. Невакцинираните, исто така, ја доведуваат нашата економија во ризик, бидејќи луѓето не сакаат да излегуваат. Размислете, дури и на места каде што нема ограничувања за посета на ресторани, спортски сали и кина, луѓето не одат затоа што се…

Read More

Подморницата за брз напад, од класата Сиволф „Конектикат“ (С СН 22) го погоди објектот додека беше под вода на 2 октомври попладне во меѓународните води во индо-пацифичкиот регион, се вели во соопштението, пренесува ТАСС. Американска нуклеарна подморница се судрила со неидентификуван објект додека патролираше во Јужното Кинеско Море, област каде Кина има големи претензии, соопшти американската морнарица. „Американската нуклеарна подморница „Конектикат“ се судри со неидентификуван објект за време на навигацијата во индо-пацифичкиот регион“, објави денеска прес-службата на Пацифичката флота на американската морнарица. Подморницата за брз напад, од класата Сиволф „Конектикат“ (С СН 22) го погоди објектот додека беше под вода…

Read More

Прво ќе се гласа со отпечаток на прст. Ако се случи да не го препознае, што се поретки случаи, тогаш ќе се извади лична карта или пасошот кој прво се покажува, па се става во МРЗ-скенерот, кој е долу под апаратот се става документот за идентификaција и го препозанава, па излегуваат податоците што се во избирачкиот список, фотографија, име и презиме, адреса, матичен број на лицето гласач. И третиот начин е ако не го најде по лична карта, тогаш се впишува матичниот број и повторно излегуваат истите податоци за да му се овозможи на секој гласач да гласа, појасни Даштевски.…

Read More

„Во моментов, статистиките покажуваат дека жената е дури за 20% помалку платена на пазарот на трудот. За застапеност на жените во политиката кај нас постои загарантирана квота, но во приватниот сектор таква регулатива нема. Затоа, сите ние, заеднички, мора да се избориме за жената го добие заслуженото место во општеството“ – заклучи Арсовска. Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Даниела Арсовска,  денеска беше дел од учесниците на дебатата за социјално и економско зајакнување на жените преку социјални претпријатија што се одржа во Штип. Со дебатата беше означен и почетокот на петтата „Текстилијада“ чие годинешно мото е „Известување и улогите…

Read More

Тој посочи дека државата веќе развила многу механизми и алатки за помагање. Дел, како што рече, веќе се реализирани, а тоа е намалување на ДДВ за електрична енергија како главен импакт на цената на чинење на производство на одредени производи. Со државните резерви секогаш сме подготвени да интервенираме доколку забележиме некој циклус да покажува пикови, со што би имало рефлексија врз севкупната економија и врз цените на одредени базични производи, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за најавениот раст на инфлацијата. – Финансиски сме стабилни и секогаш сме подготвени, согласно праксата дома, но и праксата во европските…

Read More

Носачите на вакцини претставуваат кутии со изолација што се користат за транспорт на вакцини и разредувачи до локации на терен, како и за привремено складирање во текот на изведувањето на имунизацијата во здравственитеустанови, со што се одржува потребната температура за складирање и се задржува квалитетот на вакцините. Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија денеска до Министерството за здравство/Институтот за јавно здравје достави пет носачи на вакцини и 1250 тестови и реагенси за секвенционирање на вируси, во рамки на тековниот одговор на КОВИД-19.  Целта е да се придонесе за ефективен одговор на КОВИД-19 во земјава. Како интегрален дел на складирањето на вакцините…

Read More

Набрзо, истото ќе можат да го направат и за изводите од кривична евиденција. Се работи на трета услуга, односно дигитално издавање на уверение дека против лице не е изречена санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност. Начинот е брз, а процедурата едноставна и сигурна, рече Маричиќ Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција во Владата , на која се обратија и премиерот Зоран Заев и претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, изрази задоволство од првите резултати од макотрпната работа на овој исклучително важен процес – системска дигитализација на судството. – Од денес на граѓаните…

Read More