Author: НОВА ТВ Balaban

Намалување на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 9.4 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 9.3 проценти, услугите за сместување за 3.3 проценти, книгите за 1.2 проценти, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.9 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.6 проценти, Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември минатата година, бележат зголемување од 3,7 отсто, а цените на мало од 5,6 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември во споредба со претходниот месец се помали за 0.1, а цените на мало за 0.5 отсто. Намалување…

Read More

Бирото за развој на образованието нема издадено одобрение на никого за печатење примероци. Ако ми посочите каде се наоѓаат, тогаш јас тоа директно би го пријавила во Министерството за внатрешни работи, како што направив и во претходни случаи кога имав сознанија дека такво нешто се случило и каде што имаше постапување, изјави Царовска МВР има укажувања, а и постапувања кадешто се прекршени материјалните права на авторите и на издавачите на учебници, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање дали МОН е информирано дека во некои книжарници се продаваат комплет учебници за четврто одделение, за кое…

Read More

Според истражувањето, најотворена е Владата на Северна Македонија, која исполнува 83,43 проценти од поставените критериуми за отвореност, по која следи Советот на министри на БиХ со 74,9 проценти. На трето место е Владата на Црна Гора со 59,46 проценти, потоа Советот на ФБиХ со 58,42 проценти. Владата на Северна Македонија е прворангирана во регионот според Индексот на отвореност на собранијата и централните власти и исполнува 83,43 проценти од поставените критериуми за отвореност, а Собранието, од парламентите, е на трето место со исполнетост од 68,15 проценти од поставените критериуми. Истражувањето со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество и Националната…

Read More

Пиштолот со којшто ги заплашувал минувачите не бил вистински, туку пластичен, а повеќе детали за инцидентот најавија од МВР, пренесува Слободен печат. Човекот кој денеска со пиштол се шетал во ТЦ „Бисер“ во скопски Аеродром е приведен. Претходно за него предупредија на социјалните мрежи. Пиштолот со којшто ги заплашувал минувачите не бил вистински, туку пластичен, а повеќе детали за инцидентот најавија од МВР, пренесува Слободен печат. На социјалната мрежа Твитер претходно беше објавено видео од напаѓачот, а  дел од граѓаните коишто го забележале во ТЦ „Бисер“ помислиле дека станува збор за снимање на некаква реклама или филм. Дојде Живот и…

Read More

Како заокружување на настаните посветени на Данте, на 19 ноември во Македонската опера и балет ќе биде изведена светската премиера на операта „Lapeggiamenti, amenità, querimonie et altri tremendi affetti nella nobilissima Florentia“, либрето од Клаудио Салтарели и музика од Џо Скетино, во изведба на македонскиот тенор Благој Нацоски и  баритонот Џанпјеро Руџери. Многу културни настани промовирани од Амбасадата на Италија во Скопје се предвидени за 21. издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот, којашто годинава го одбележува јубилејот – седумстотини години од смртта на Данте Алигиери, поетот кој се смета за татко на италијанскиот јазик и на самата идеја…

Read More

53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, . Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.458 дози вакцини, од кои 873 се аплицирани како прва доза, 2.513 се ревакцинирани, а 72 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 6 октомври, вкупно се вакцинирани 793.179 граѓани, ревакцинирани се 743.374, а трета доза примиле 571 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, информираат од Министерството за здравство  Опфатот со…

Read More

За разлика од претходната, оваа година учеството на фестивалот делумно ќе се одвива со физичко присуство, а делумно онлајн. Физички ќе присуствуваат околу 180 ученици од основните и средни училишта. Основци и средношколци од земјава и од странство од денеска до 12 октомври по деветти пат ќе имаат можност да учествуваат на разни филмски проекции, дискусии и креативни работилници што ќе се одржуваат во рамките на Филмскиот фестивал за деца „Џифони Македонија“. Фестивалот ќе се одржи во просториите на Кинотека и Младинскиот културен центар во Скопје. За разлика од претходната, оваа година учеството на фестивалот делумно ќе се одвива со…

Read More

“Ја започнав кариерата истражувајќи маларија и копнеев по денот кога ќе добиеме ефикасна вакцина против оваа древна и страшна болест. Денес е тој ден, историски ден. Денес, СЗО препорачува широка употреба на првата вакцина против маларија во светот “, рече тој за новинарите во Женева. Светската здравствена организација (СЗО) препорача широка употреба на првата вакцина против маларија со надеж дека ќе ги спаси животите на десетици илјади деца во Африка секоја година. Генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Адана Гебрејесус, го поздрави почетокот на примената на вакцината како „историски ден“ и рече дека по успешната пилот-програма во три африкански земји,…

Read More

Хрватската сеизмолошка служба објави дека земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа на границата со Босна и Херцеговина во близина на Бушкото Езеро, 20 километри источно од Сињ. Според претходните податоци, не е евидентирана материјална штета. Земјотресот бил силно почувствуван во Хрватска во пошироката област околу Сињ, Сплит, Макарска и околината. Претходно, Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека нешто пред 22 часот, земјотрес со сила од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 40 километри североисточно од Сплит. Локалните медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во Далмација и БиХ. Епицентарот на земјотресот бил…

Read More

Закрепнувањето на акциите на Волстрит е резултат на зголемениот оптимизам во однос на договорот за зголемување на плафонот на американскиот долг. Светските пазари на капитал денеска растат, а најмногу зајакнаа акциите на берзата во Хонг Конг, додека нафтата поевтини. Главниот берзански индекс во Хонг Конг, Ханг Сенг, скокна за 2,41 проценти до попладневното тргување по локално време, поттикнат од растот на цените на акциите на кинеските технолошки гиганти Тенцент и Алибаба за 3,45 проценти, односно 5,54 проценти, јави Си-Ен-Би-Си. Јапонскиот индекс Никеи 225 порасна за 0,93 проценти, а Топикс порасна за 0,22 проценти. Јужнокорејскиот Коспи напредуваше за 1,73 проценти, а…

Read More