Пиштолот со којшто ги заплашувал минувачите не бил вистински, туку пластичен, а повеќе детали за инцидентот најавија од МВР, пренесува Слободен печат.

Човекот кој денеска со пиштол се шетал во ТЦ „Бисер“ во скопски Аеродром е приведен. Претходно за него предупредија на социјалните мрежи.

Пиштолот со којшто ги заплашувал минувачите не бил вистински, туку пластичен, а повеќе детали за инцидентот најавија од МВР, пренесува Слободен печат.

На социјалната мрежа Твитер претходно беше објавено видео од напаѓачот, а  дел од граѓаните коишто го забележале во ТЦ „Бисер“ помислиле дека станува збор за снимање на некаква реклама или филм.