Author: НОВА ТВ Balaban

„Мерк“ и партнерската компанија „Риџбек Биотерапевтикс“ планираат да бараат одобрение за итна употреба во САД и ќе испратат апликации до здравствените регулаторни тела ширум светот, објави „Ројтерс“. Доколку добие дозвола, молнупиравирот, дизајниран да ги препознава грешките во генетскиот код на вирусот, ќе стане првиот антивирусен лек за ковид. Германската фармацевтска компанија „Мерк“ објави дека нејзиниот орален лек против ковид, молнупиравир, ги намалува шансите за хоспитализација или смрт за 50% кај пациенти кои се изложени на зголемен ризик од сериозни болести, покажаа прелиминарните клинички студии објавени денеска. „Мерк“ и партнерската компанија „Риџбек Биотерапевтикс“ планираат да бараат одобрение за итна употреба во…

Read More

Таа во интервјуто вели дека во моментов имаме околу 490 судии, што значи повеќе од европскиот просек, но и дека и во ваква ситуација имаме неажурни судови, кои не успеваат да ги совладаат сите предмети. Во Судскиот совет има околу 480 претставки за утврдување одговорност кај судии поднесени од граѓани, правни лица, невладини организации. Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, во интервју за МИА вели дека сите претставки се распоредени кај членовите на Судскиот совет и дека за толкав број претставки е неопходно подолго време додека ги поминат сите, а во меѓувреме постојано стигаат и нови. – Судскиот совет еднаш…

Read More

Во него се наведуваат детали за начинот на кој биле местени боксерски натпревари, при што се истакнува дека клучна улога во тоа имале судиите, кои за таа цел користеле и посебен знаковен јазик. Олимпискиот и боксерскиот свет е шокиран по извештајот на канадскиот спортски адвокат Ричард Мекларен во кој се тврди дека на Олимписките игри одржани 2016 година во Рио де Жaнеиро бил наместен исходот на најмалку десет боксерски дуели. Канадскиот адвокат, кој стана познат пред неколку години по истражувањето за вмешаност на државниот врв во Москва во злоупотреба на допинг средства од страна на руски спортисти, овој пат истрагата…

Read More

На 30.09.2021 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Зелениково – с.Драчево, скопско, во близина на с.Орешани, општина Зелениково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса”, управувано од М.С.(29) од Скопје и патничко возило „тојота јарис”, управувано од А.Д.(28) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата М.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Сопатникот во возилото „тојота”, Ј.Д.(71) од Скопје, исто така, се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот А.Д. се здобил со телесни повреди , констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.…

Read More

Според властите, 41.000 малолетни Англичани лани биле подложени на третман со ботокс. На малолетните лица во Англија отсега им е забрането да ставаат ботокс. Законот со кој тоа се забранува стапи во сила денеска, а целта е да се заштитат младите од несаканите последици од овој вид третмани. Според Би-Би-Си, веќе подолго време траат обидите законски да се регулира ова прашање. Некои сметаа дека ова не треба да бидат крајно ограничувачки забрани. Според властите, 41.000 малолетни Англичани лани биле подложени на третман со ботокс. Забрана најверојатно ќе има и во Велс и во Шкотска, а нема најави дека тоа наскоро…

Read More

Вчера (30 септември) околу 15 часот и 30 минути, Н.Ј.(56) од Неготино-Полошко во СВР Тетово пријавил дека претходниот ден околу 21 часот во гостиварска Топлица бил физички нападнат од неговиот зет С.Р.(23) и од уште едно лице од гостиварски Добридол. Случајот целосно е расчистен и документиран и против С.Р. ќе следува соодветен поднесок по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, информираат од СВР Тетово. На 29 септември годинава околу 14 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 28-годишниот Х.А. од гостиварско Форино, кој претходниот ден околу 16 часот…

Read More

Болницата е стара помеѓу 60 и 70 години, а пожарникарите итно интервенирале бидејќи во одделенијата има шишиња со кислород. Некои пациенти биле евакуирани и низ прозорците. Најмалку четири лица загинаа во болницата за инфективни болести во Констанца, Романија, кога утрово избувна пожар во единицата за интензивна нега, пренесуваат светските агенции. Романската новинска агенција „Адјерпрес“ пренесува дека има повеќе жртви, а романски портали наведуваат дека, според неофицијални податоци, осум лица загинале, додека 113 се евакуирани. https://www.youtube.com/watch?v=OnbBiLH5aa0 Според Инспекторатот за вонредни ситуации, пожарот избувнал на првиот кат од зградата, а се уште не е познато дали избувнал во одделението или во ординација.…

Read More

По спроведена акциска контрола во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11, осум за непрописно престројување, шест за возење под дејство на алкохол. Од МВР информираат дека воедно се изречени и шест мерки за користење мобилен телефон, 10 прекршоци што ги чинат пешаците, седум за минување на црвено светло, 59 за непрописно паркирање. – Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од…

Read More

Пакистанската влада минатата недела соопшти дека од денеска невакцинираните луѓе нема да можат да работат во канцеларии или да влегуваат во трговски центри. Речиси 30 милиони луѓе се целосно вакцинирани во земјата со 220 милиони жители. Нема недостиг на вакцини. Пакистан од денеска им забрани на невакцинираните возрасни лица да патуваат на домашни летови, во обид да се зголеми стапката на вакцинација и да се избегнат нови заклучувања поради коронавирусот. Министерот за авијација Гулам Сарвар Кан денеска ја објави забраната на Твитер, наведувајќи дека „само целосно вакцинирани патници над 18 години ќе можат да користат домашни летови во Пакистан“. Пакистанската влада…

Read More

Епицентарот бил на 96 километри северозападно од градот Бушер, каде се наоѓа истоимената нуклеарна електрана, на длабочина од 10 километри. Земјотрес со јачина од 4,6 степени по Рихтер го погоди југот на Иран, соопшти Европско-медитеранскиот сеиозмолошки центар. Епицентарот бил на 96 километри северозападно од градот Бушер, каде се наоѓа истоимената нуклеарна електрана, на длабочина од 10 километри. Засега нема информација за жртви или материјална штета, пренесува РИА Новости.

Read More

Под мотото „Нови можности” и под слоганот „Дом на секој чекор”, оваа година Северна Македонија со сопствен павилјон ќе биде претставена на Дубаи ЕКСПО, објави денеска  министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук. – Пред повеќе од 190 земји и над 25 милиони посетители, ќе ги промовираме економските можности, инвестицискиот потенцијал, туристичките атракции, богатото културно наследство и етничката разновидност, напиша Османи. Шефот на дипломатијата додава дека Северна Македонија ќе биде во центарот на светската јавност на 22 февруари 2022, кога ќе се одржи централна културна манифестација и бизнис форум за промоција на инвестициските можности. Тој додава: – Придобивките од…

Read More