Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таблета против ковид-19 за 50 отсто ги намалува ризиците за хоспитализација или смрт

0
By НОВА ТВ Balaban on October 1, 2021 ЗДРАВСТВО, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 1, 2021 15:36
„Мерк“ и партнерската компанија „Риџбек Биотерапевтикс“ планираат да бараат одобрение за итна употреба во САД и ќе испратат апликации до здравствените регулаторни тела ширум светот, објави „Ројтерс“. Доколку добие дозвола, молнупиравирот, дизајниран да ги препознава грешките во генетскиот код на вирусот, ќе стане првиот антивирусен лек за ковид.

Германската фармацевтска компанија „Мерк“ објави дека нејзиниот орален лек против ковид, молнупиравир, ги намалува шансите за хоспитализација или смрт за 50% кај пациенти кои се изложени на зголемен ризик од сериозни болести, покажаа прелиминарните клинички студии објавени денеска.

„Мерк“ и партнерската компанија „Риџбек Биотерапевтикс“ планираат да бараат одобрение за итна употреба во САД и ќе испратат апликации до здравствените регулаторни тела ширум светот, објави „Ројтерс“.

Поради позитивните резултати, третата фаза од клиничкото испитување беше прекината по препорака на независно супервизорско тело.

„ Ова ќе ја смени приказната за тоа како да се бориме против ковид-19“, рече Роберт Дејвис, извршен директор на „Мерк“, за „Ројтерс“.

Доколку добие дозвола, молнупиравирот, дизајниран да ги препознава грешките во генетскиот код на вирусот, ќе стане првиот антивирусен лек за ковид.

Прелиминарните анализи на 775 пациенти кои учествувале во студијата на „Мерк“ покажуваат дека 7,3 проценти од луѓето кои примале молнупиравир биле хоспитализирани или починале 29 дена по третманот, во споредба со 14,1 проценти од оние на кои им било дадено плацебо.

Според АП, по 30 дена од земањето на лекот, немало смртни случаи во групата која примала молнупиравир, додека имало осум смртни случаи во групата која примила плацебо лек.

За време на студијата, која беше спроведена низ целиот свет, молнупиравир се земаше на секои 12 часа, пет дена.

Во студијата биле вклучени пациенти кои имале блага или умерена форма на ковид и кои немале симптоми повеќе од пет дена. Сите пациенти имале зголемен ризик, без разлика дали се работи за дебелина или припаѓаат на постара група луѓе.

„Мерк“ соопшти дека со секвенционирање, се дошло до заклучок дека молнупиравир е ефикасен против сите соеви на коронавирусот, вклучувајќи го и доминантниот делта-сој.

„Мерк“ клинички студии Ковид-19 молнупиравир орален лек
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.