Author: НОВА ТВ Balaban

Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров, поднесе кривична пријава против четворица скопјани осомничени за сторени 30 кривични дела за да прибават за себе противправна имотна корист, информираат од Министерството за внатрешни работи. Кривичната пријава против Г.Т. (39), Н.К. (25), Ф.Ф. (30) и Н.Н. (41), сите од Скопје, е поднесена на 7 јуни 2022. – Од нив, 11 кривични дела „фалсификување на исправа“, предвидено и казниво по чл. 378, две кривични дела „прикривање“, по чл. 261 став 3, едно кривично дело „несовесно работење во службата“, по чл.353-в, шест кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.002 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 39, Битола – 4, Гостивар–3, Куманово и Штип – по 2, Прилеп, Велес, Струмица, Струга и Гевгелија – по 1 Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 8 реинфекции. Регистрирано e 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 6, Охрид – 3, Берово –  2, Куманово,Тетово, Кавадарци, Гевгелија,  и Неготино – по 1. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно…

Read More

Тачи и Весели се товарат за прогон, затвор, други нехумани дела, тортура, убиства и присилно исчезнување на лица, незаконско апсење и лишување од слобода и сурово постапување, дела извршени во периодот од март 1998 до септември 1999 година. Специјалниот суд во Хаг донел одлука за продолжување на притворот за поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи, и поранешниот претседател на парламентот, Кадри Весели. Медиумите пренесуваат дека таквата одлука на Судот во Хаг била донесена на 26 мај, а објавена e денеска. Одбраната на Тачи до судијата во претходна постапка трипати поднесе барање обвинетиот да биде пуштен во домашен притвор или во трета…

Read More

„Oд месец февруари исплатата на дежурствата е прекината од страна на ФЗОРСМ без никакво образложение и покрај тоа што специјализантите имаат склучени договори со клиниките за исплата на надоместокот за својата работа“, нагласуваат oд Здружението. Здружението на лекари специјализанти преку отворено писмо се обраќа на Претседателот на Владата на РСМ, г-дин Димитар Ковачевски, со цел надминување на еден горлив проблем за лекарската фела, информираше денеска Извршниот одбор на ова Здружение. – Изминатите пет години како проект на тогашната влада со цел спречување на масовен егзодус на лекарите, се започна со долгоочекуваната и заслужена исплата на паричен надоместок за работата која…

Read More

Претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски  и претседателот на Туристичко-угостителската комора, Аркан Керим беа дел од самитот „Отворен Балкан“ кој се одржа во Охрид, како настан од голема важност на кој присуствуваа највисоки државни претставници од нашата земја, Албанија, Србија кои се дел од  Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и претставници на деловните мрежи, туристичкиот сектор, соопштија од Сојузот на стопански комори на Македонија.  Претседателот на Сојузот, Ангелоски истакна дека иницијативата „Отворен Балкан“, е исклучително важна бидејќи ќе ја унапреди економската соработка во регион, што сега е потребно повеќе од кога било порано, ако се земат…

Read More

На булеварот „Крсте Мисирков“ кај МАНУ утрово се случи сообраќајна несреќа во која кога автомобил се преврте на покрив. За среќа, возачот Љ.Ч (45) поминал без повреди, како што информираат од МВР, а предизвикана е само материјална штета. Сообраќајот на булеварот се одвива нормално, а повеќе детали за  сообраќајката се најавуваат за подоцна.

Read More

Станува збор за 33. 898 килограми храна, од кои 3.108 килограми храна за домашни миленици по потекло од Полска (пратката е вратена заради нерегистриран извозник), 17. 840 килограми замрзнато пилешко месото потекло од Полска (пратката е вратена поради тоа што потекнувала од регион кој е забранет за увоз) и 12. 959 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Полска.  Тони замрзнато пилешко месо од забранети региони од Полска, но и храна за домашни миленици, биле забранети за увоз во земјата од страна на инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство од јануари до мај годинава. А по нивен налог, уништени…

Read More

Од ноќеска на полноќ нова, за 2,5 денари повисока малопродажна цена на дизелот, којшто ќе чини рекордни 104,5 денари за литар. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска  донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,09 % во однос на одлуката од 6.06.2022 година. Според оваа одлука малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. Еуросупер 98 ќе се продава по 112 денари за литар, а Еуросупер 95 за 110 денари по литар. Иста останува и цената на мазутот…

Read More

Хрватската радио-телевизија (ХРТ) објави дека случаите на трговија со органи се поврзани со донори на бубрези од Србија и Косово, двајцата  се лица со понизок социјален статус, а приматели се пациенти од Хрватска. Хрватското Министерство за здравство привремено ја забрани програмата за трансплантација на бубрези меѓу живи и несродни лица во Клиничко-болничкиот центар во Загреб, поради сомневања за случаи на трговија со органи во 2019 година. Хрватската радио-телевизија (ХРТ) објави дека случаите на трговија со органи се поврзани со донори на бубрези од Србија и Косово, двајцата се лица со понизок социјален статус, а приматели се пациенти од Хрватска. Предметот…

Read More

За редовен сообраќај денеска од 15:00 часот привремено ќе биде затворен дел од регионалниот пат Охрид – Св. Наум, информира Секторот за внатрешни работи Охрид. -Привременото затворање ќе започне во 15:00 часот на потегот од туристичкиот комплекс „Св. Стефан“, сѐ до туристичкиот комплекс „Св. Наум“ кај Љубаништа, од каде полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид ќе вршат пропуштање само на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните лица – учесници на Самит иницијативата „Отворен Балкан“ што се одржува во Охрид, соопшти СВР Охрид. Оттаму апелираат сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници…

Read More

Лекарската комора на Република Македонија се издигна во почитувана, независна професионална организација, етаблирана на домашен и меѓународен план, со свои јасни цели и јасна програма во рамки на промоција на правата на лекарите и унапредување на здравствениот систем, оценија говорниците на свечениот настан што синоќа во Скопје го организираше Лекарската комора, по повод одбележување на 30-годишниот јубилеј од нејзиното постоење. Процесот за воспоставување на Лекарската комора почнува во 1991 година, кога во Македонското лекарско друштво е покрената иницијатива за формирање на Лекарска комора, како здружение кое ќе се бори за правата на лекарската професија и паралелно за заштита на пациентите.…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе носи нова одлука за цената на горивата. Како што велат од РКЕ, исполнети се предусловите за тоа. – Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на горивата која ќе биде во сила од вечер на полноќ, изјави за МИА портпаролката на РКЕ, Марина Узунов. Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денара.…

Read More