Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Оценува дека сега по 30 години состојбите сега се променети на подобро. Целата меѓународна заедница застана зад нашата државност, ние сме рамноправна членка на ОН, на НАТО, речиси на сите меѓународни организации и сме пред почеток на преговорите со ЕУ. Борбата за зацврстувањето на својата државност на секоја земја е долг, макотрпен и честопати болен процес. Тоа, пак, особено е тешко ако се случува на Балканот, кој најмногу од се произведува историја, наместо демократија, култура, материјални добра и просперитет за своите граѓани. Ова во интервју за МИА го потенцира првиот министер за одбрана на земјава по осамостојувањето, Трајан Гоцевски, со…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 10 за користење мобилен телефон и 51 за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Епицентарот бил во близина на градот Акапулко на длабочина од 20 километри, а земјотресот бил почувствуван и во Мексико Сити, кој е оддалечен 370 километри од брегот. Најмалку едно лице загина, а неколку згради се оштетени во земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала што го погоди Мексико во текот на ноќта. Епицентарот бил во близина на градот Акапулко на длабочина од 20 километри, а земјотресот бил почувствуван и во Мексико Сити, кој е оддалечен 370 километри од брегот. Делови од мексиканскиот главен град и Акапулко останаа без електрична енергија. Локалните власти потврдија дека едно лице загинало при пад на комунален столб, а засега нема извештаи…
Пишува Нано Ружин Колку чини политичката неизвесност и несигурност? Дали најпрецизен одговор можат да пружат економистите, експертите на политичката психологија или геополитичарите? Одговорот мора да биде плуридисциплинарен, но она што го живееја и чуствуваа граѓаните на Македонија во изминатите триесет години независност, можат да го изразат единствено тие. Во обид за меморизирање на суптилните или грубите реконструкции на настаните, некои од нив ја стигматизираа и колективната меморија на народот и на политичката елита. Оваа 2021 е година во која Северна Македонија одбележува 30 години од независност. Триесетгодишниот јубилеј беше исполнет со верижните настани кои ја обликуваа историјата на државата на…
Натпреварот е со почеток од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“, а за главен судија е назначен еден од најдобрите европски судии Антонио Лахос од Шпанија. Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје ја пречекува Романија во обид со победа да ја прекине серијата нерешени натпревари во септемврискиот циклус од мундијалските квалификации и да ги задржи шансите за пласман на завршниот турнир во Катар идната година. По ремито без голови против Ерменија на домашен терен и освоениот бод на гостувањето во Рејкјавик минатата недела, македонските фудбалери се спуштија на четвртото место во квалификациската група Ј со осум бодови, еден помалку и место подолу од…
Според протоколот, официјалниот дел ќе почне во 18:30 часот со интонирање на химната на Северна Македонија од страна на Воениот оркестар, по што ќе следуваат говорите на државниот врв. Обраќање ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев. Спортисти, здравствени работници, пожарникари, полицајци и војници, рудари, земјоделци, волонтери на Црвен крст, извидници, како и националните ансабли и културно-уметничките друштва денеска ќе продефилираат во центарот на главниот град по повод 30 години независност на државата. Централната прослава ќе биде на отворено пред Собранието на Република Северна Македонија со почеток во 17:30 часот, а…
Денеска од 10:30 часот етапно ќе бидат затворени за сообраќај бул. „Гоце Делчев” на потег од ул. „Беласица” кон бул.„Илинден“ и бул.„Илинден” на потег од бул.„Гоце Делчев” до бул.„Климент Охридски”. Почнувајќи од 13:30 од плоштад „Скендербег“ до канцеларијата на ЕУ, етапно ќе бидат затворени за сообраќај булеварите „Гоце Делчев”, „Илинден” и „Климент Охридски”. Поради најавени два протести во Скопје, денеска од 10:30 часот етапно ќе бидат затворени за сообраќај бул. „Гоце Делчев” на потег од ул. „Беласица” кон бул.„Илинден“ и бул.„Илинден” на потег од бул.„Гоце Делчев” до бул.„Климент Охридски”. Почнувајќи од 13:30 од плоштад „Скендербег“ до канцеларијата на ЕУ, етапно…
Во Скопје, претежно облачно со слаб ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 25 степени. В четврток ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд, претежно во крајните западни и крајните источни делови. Времето ќе биде претежно облачно. На места ќе има појава на краткотраен дожд, претежно во југоисточните и западните делови. Утринската температура ќе се движи од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува 5. Во Скопје, претежно облачно со слаб ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а…
Во изминатите 24 часа, до седум часот утринава во тетовската клиничка болница нема починат пациент меѓу заболените кои се на болничко лекување во Ковид центарот. Се намалува и бројот на хоспитализирани во болница. – За првпат по повеќе од три недели при евиденција на 24 часовните период немаме починат пациент меѓу хоспитализираните. Има нови девет примени на болничко лекување, а 13 се пуштени дома. Сега има вкупно 84 хоспитализирани од кои 82 се на кислородна поддршка. Бројот на прегледи во амбуланта изнесува135, изјави д-р Миранда Пајазити. Пред една недела на 31 август имаше 116 хоспитализирани, додека пред две недели на…
Салвадор од денеска е првата земја која го прифати биткоинот како легално средство за плаќање, со планови за користење вулканска геотермална енергија за напојување на „рударењето“ на дигиталната валута, пишува лондонски „Тајмс“. Пркосејќи на предупредувањата на големите економии и финансиски регулатори, но и несогласувањето на мнозинството население на таа централноамериканска земја, Салвадор стана првата земја во светот во која биткоинот се користи како официјална валута, што аналитичарите веруваат дека може да влијае на позицијата на криптовалутите во глобалниот финансиски систем, објави Радио Слободна Европа. Салвадор од денеска е првата земја која го прифати биткоинот како легално средство за плаќање, со…
По кусото задржување во Полициската станица Тетово, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната. Вчера (6 септември) околу 12 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 50-годишниот тетовец С.Ј., осуден на затворска казна за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. По кусото задржување во Полициската станица Тетово, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.
Зимата е пред нас, новиот бран на коронавирусот повторно ја прави состојбата критична, и покрај вакцинацијата на населението која се одвива во полна пареа. Затоа мораме да бидеме чекор пред времето и да изнајдеме нови начини и модалитети за пребродување на периодот што следи, рече Шилегов Градоначалникот Петре Шилегов денеска учествуваше на Првата годишна конференција што ја организира Министерството за финансии на тема „Економско заздравување и раст по Ковид“, каде што имаше можност да размени искуства од досега преземените мерки, како и можните опции за понатаму, во однос на предизвикот што го наметна пандемијата со коронавирусот. – Како што кажува…