Author: НОВА ТВ Balaban

На 01.09.2021 во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с. Рашче-с. Долно Свиларе, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(24) од с.Рашче, удрило во малолетен пешак од с. Долно Свиларе, информираат од МВР. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле  констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Read More

Трката е во организација на Сојуз на спортови на Скопје, a под покровителство на Град Скопје. В недела, на 5ти септември во Градски парк во Скопје, со старт од 09:00 часот, ќе се одржи Авицена Женска Трка. Трката е во организација на Сојуз на спортови на Скопје, a под покровителство на Град Скопје. Стартот и целта на трката ќе бидат во Градски парк, позади бараките на ЈП „Паркови и зеленило“. Трката ќе биде комплетно организирана според безбедносните протоколи и препораки, со цел заштита на учесниците и организаторите.

Read More

Каква срамота. Тие велат дека само Борко Ристовски е позитивен додека за други седум играчи не поминале 14 дена од втората доза на вакцината, па поради тоа тие се критични. Сакавме да го повториме тестот, но тие не ни го овозможија тоа, изјави Вујовиќ Тренерот на Вардар 1961, Веселин Вујовиќ, ја нарече „срамна“ одлуката на раководството на СЕХА лигата да го исфрли актуелниот македонски ракометен првак од завршниот фајналфор турнир во регионалното натпреварување поради еден позитивен случај на коронавирус во редовите на „црвено – црните“. – Каква срамота. Тие велат дека само Борко Ристовски е позитивен додека за други седум…

Read More

При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени 2 пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци, информираат царинските служби. При контрола на автобус пријавен за излез на ГП Деве Баир, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 100.000 швајцарски франци, соопштија од Царинска управа. – На ГП Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки GV7396АD на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О државјанин на Р.Турција, кој сообраќа на редовна линија Гостивар – Истанбул.…

Read More

Според грчките медиуми од 90-те години, за време на неговиот престој во Скопје, Теодоракис го посетил и гробот на Георгиос Алексис Зорбас, а на концертот одржан во МОБ, заедно со македонските уметници, го претставил своето музичко дело „Гркот Зорбас“. На 96-годишна возраст денеска во Атина почина познатиот грчкиот композитор, диригент и политичар Микис Теодоракис, препознатлив по неговото дело, музиката за „Гркот Зорбас“,  јави дописничката на МИА од Атина. Теодоракис и е познат на македонската јавност по концертот одржан во 1997 година во Скопје, но и по неговата поддршка на протестите против Договорот од Преспа и против употребата на терминот „Македонија“…

Read More

Полициски службеници од Регионален Центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода Ј.М.(30) од с.Негорци, С.В.(25) од Гевгелија, В.Л.(21) од Богданци и Х.М.(23) од Гевгелија кои биле затекнати на местото. Во атарот на село Негорци, на место викано „Жабјак”, пронајдени и одземени 381 насад со Канабис сатива, информираат од МВР. Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Регионален Центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода Ј.М.(30) од с.Негорци, С.В.(25) од Гевгелија, В.Л.(21) од Богданци и Х.М.(23) од Гевгелија кои биле затекнати на местото. Како што соопштуваат од Министерството, лица биле приведени и задржани полициска станица и…

Read More

Овие тимови создадени на училиште остануваат до крај на животот. Научете што да очекувате од другите и да го давате својот максимум. Тоа е тајната на успехот, изјави градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски. Започна новата учебна година за сите ученици од основните училишта од општина Кисела Вода. Со физичко присуство, но и со запазување на пропишаните здравствени протоколи, 5.385 основци го одржаа првиот училиштен час. Меѓу нив и видно возбудени 648 првачиња, кои за првпат седнаа во училишните клупи, информираа од општината. Градоначалникот Филип Темелковски, кој посети дел од  училиштата на првиот ден од новата учебна година, им посака…

Read More

Со последните бројки 53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина.  Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 728.628 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.486 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.037 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.267.666 дози вакцини, а ревакцинирани се 539.037 граѓани, информираат од Министерството за здравство.     Со последните бројки 53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина.  Граѓаните без закажан термин се…

Read More

Владата и ресорните министерства мора што поскоро да овозможат транзиција на сите технологии од тарифи кон премии за да овозможиме вистинска либерализација на енергетскиот пазар, но и максимална заштита на природата од проекти кои не се конкурентни на пазарот, вели Давор Пехчевски од Еко-свест Анализата на државната помош за обновливи извори на енергија во РС Македонија на Центарот за економски анализи, утврди дека технологијата за производство на струја од мали хидроцентрали е атрактивна за инвеститорите поради системот на субвенционирање со повластени тарифи којшто сѐ уште постои кај нас, иако истиот веќе неколку години се напушта во земјите на ЕУ. Досега…

Read More

Четириесет и едногодишен гостиварец вчера (31 август) во 18 часот во СВР Тетово пријавил дека околу 15 часот во нивниот семеен дом во Гостивар физички бил нападнат од родителите, кои се обиделе да ја нападнат и неговата сопруга, по што тој со тврд предмет искршил две стаклени врати во куќата. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Read More

Вчера во ОВР Кавадарци, кавадарчанката Д.Ј.(68)  пријавила дека околу 04.00 часот,  едно лице со употреба на сила влегло во нејзиниот дом, физички ја нападнало и ѝ го одзело накитот што го носела на себе. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More

Кравата се заглавила на надморска височина од 1950 метри, во близина на пасиштата Клаузенпас во регионот на Швајцарски Алпи. Повредена крава била спасена со хеликоптер пред три дена во Швајцарија, објавил Sky News. Кравата се заглавила на надморска височина од 1950 метри, во близина на пасиштата Клаузенпас во регионот на Швајцарски Алпи. Cows injured during their summer sojourn in the high Swiss Alpine meadows have received airlifts down the mountain. Watch more videos from Sky News: https://t.co/G6LAzFoqch pic.twitter.com/1nbFCO4GeN — Sky News (@SkyNews) August 28, 2021

Read More