Author: НОВА ТВ Balaban

Важно е дека ќе се зголеми просечниот престој на туристите од Руската Федерација од 2,2 дена на минимум четири дена Една од најголемите руски авиокомпании „Нордвинд“ најави дека од 2022  година, по точно 20 години пауза, повторно ќе ги поврзе Охрид и Москва со чартер лет, два пати неделно. Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), интересот на руските туристи е генерално насочен кон културниот и верскиот туризам, но во последно време доминира интересот за специјализирани кратки одмори, до 4 дена, во кои руските туристи би имале полна агенда. Ено-гастро туризмот е нешто за што веќе…

Read More

Строгата политика за елиминација резултираше со само 2.500 регистрирани случаи на инфекција со коронавирус во Нов Зеланд и вкупно 26 смртни случаи. Нов Зеланд планира да ја отвори својата граница од почетокот на 2022 година и да им овозможи на вакцинираните патници од земјите со низок ризик да влезат без задолжителниот карантин, којшто важи сега, соопшти денеска премиерката Јасинда Ардерн. Од март 2020 година, Нов Зеланд целосно ја затвори својата граница за сите, освен нејзините граѓани и лица со дозволи за престој. Во април годинава границата беше кратко отворена за граѓаните на соседна Австралија, но повторно се затвори кон крајот…

Read More

Од извршените проверки било утвдено дека тие имаат остварено нелегален влез во државата, соопштија денеска од МВР. Полицијата рано утрото во 02.40 часот спречила нелегално минување на државната граница од Република Северна Македонија во Република Грција на лицата В.Д.(29) и М.Б.Ј.(23), двајцата од Куба. – Од извршените проверки било утвдено дека тие имаат остварено нелегален влез во државата, соопштија денеска од МВР. По преземени мерки на лицата им се издадени решенија за протерување на странец и забрана за влегување во Република Северна Македонија.

Read More

Активен е само шумскиот пожар во Фурка, каде што интервенираат 76 пожарникари На неколку локации на Халкидики, доцна синоќа избувнаа пожари, веројатно предизвикани од громови, но не претставуваат опасност, додека пак значително е подобрена ситуацијата на грчкиот остров Евија и на Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина. На Халкидики, веројатно поради удари на гром предизвикани од невремето, вчера избија пет пожари во поширокиот регион на Касандра и Ситонија, а активен е само шумскиот пожар во Фурка, каде што интервенираат 76 пожарникари со четири пешадиски тимови, со 29 возила и по еден авион и хеликоптер. За конкретниот пожар на Твитер…

Read More

Покрај македонската и швајцарската репрезентација, на турнирот кој ќе се игра во Скопје ќе учествува Словачка. Македонската кошаркарска репрезентација вечер од 19 часот против Швајцарија ги почнува претквалификациите за Светското првенство 2023. Трет пат во последните четири години „црвено-жолтите“ ќе игра претквалификации за пласман на големо натпреварување. Успехот во претходните два циклуса е половичен, во 2017 година не успеаја да поминат во следната фаза, во 2019 година се пласираа во главните квалификации. На клупата на Македонија ќе дебитира новиот селектор Драган Бајиќ. Oд разни причини на располагање ќе ги нема: браќата Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Дарко Соколов, Марко Симоновски и Стојан…

Read More

Стручните лица наведуваат дека студената вода може негативно да влијае на дигестивниот систем. Во лето се препорачува да се пие повеќе вода, но многу луѓе прибегнуваат кон студена, па дури и ледена вода, за да се освежат. Сепак, стручните лица наведуваат дека студената вода може негативно да влијае на дигестивниот систем. Внатрешната телесна температура е околу 36 степени и затоа за нормална работа на телото треба да се пие вода со слична температура. Сахара Роуз, стручњак во областа на традиционалната медицина, смета дека нашето тело троши многу повеќе енергија кога внесуваме ладна вода, оставајќи помалку енергија за умствените функции и…

Read More

Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања Актуелните мерки за патување во Грција, односно задолжителен документ за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, продолжени се за уште една седмица, до 19 август, согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што утрово стапи во сила, јави дописничката на МИА од Атина. Северна Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини, а за патување во Грција потребен е сертификат за вакцинација…

Read More

Во Скопје претежно сончево со умерен, попладне повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 35 степени Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од  31 до 37 степени, информираат од УХМР. Во Скопје претежно сончево со умерен, попладне повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 35 степени. Во наредните денови следува период на стабилно и топло време со просечни температури за овој период од годината. До сабота ќе дува умерен,…

Read More

Дел од граѓаните велат дека доаѓаат на вакцина поради заштита на здравјето, а дел потврдуваат дека токму сега примаат вакцина поради новите мерки – вели Миркоска  Значително е зголемен интересот на граѓаните за вакцинација овие два-три дена, по одлуката на Владата за новите мерки против ширењето на ковид-19 кои почнуваат да се применуваат од понеделник – една од нив е лице кое не примило вакцина нема да има право да влезе во угостителски објект или да присуствува на настан на кој има повеќе од 30 учесници. Од скопската поликлиника Букурешт изјавуваат дека двојно повеќе граѓани доаѓаат да се вакцинираат во…

Read More

Американската глумица Кристина Еплгејт има мултиплекс склероза. Сега веќе 49-годишната глумица непријатната новост ја сподели синоќа на интернет. „Здраво, пријатели. Пред неколку месеци ми беше дијагностицирана МС (мултиплекс склероза). Ова е чудно патување. Но, јас имам голема поддршка од луѓе што ги знам, а кои исто така ја имаат оваа состојба. Ова е тежок пат. Но, како што сите знаеме, патот продолжува. Освен ако некој будала не го блокира”, напиша Еплгејт на Твитер. Притоа таа побара почитување на нејзината приватност и им се заблагодари на обожавателите и следачите. Според стручњаците, постојат четири типа на мултиплекс склероза. Не постои познат лек,…

Read More

Во Грција избувнаа повеќе од 500 пожари, а илјадници луѓе беа евакуирани од десетици населени места. По сомнежите за подметнати пожари, државниот обвинител во Грција, Василиос Плиотас, нареди истрага за да се утврди дали има организиран план за предизвикување пожар што моментно ја уништува целата земја. Во Грција избувнаа повеќе од 500 пожари, а илјадници луѓе беа евакуирани од десетици населени места. Пожарникарите ноќеска се обидуваа да спречат пожарите да се прошират во станбените области во регионот Гортини на Пелопонез, каде беа евакуирани повеќе од 20 села. Пожарите и натаму беснеат на претежно непристапен терен во близина на областите Фанараки,…

Read More

Во некои делови од земјата, високите температури предизвикаа прекин на електричната енергија, бидејќи луѓето ја преоптоварија електрична мрежа со користењето на  климатизерите. Топлотниот бран што го зафати северниот дел на Тунис е причина за рекордно високите температури, вклучувајќи ги пеколните, рекордни, 49 степени Целзиусови измерени во вторникот во главниот град на земјата, соопшти денеска Метеоролошкиот институт. Во некои делови од земјата, високите температури предизвикаа прекин на електричната енергија, бидејќи луѓето ја преоптоварија електрична мрежа со користењето на  климатизерите. Според Метеоролошкиот институт, претходната највисока измерена температура во Тунис изнесувала 46,8 степени Целзиусови, а била регистрирана во 1982 година. Рекордно високи температури…

Read More