Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Македонскиот кошаркаршки прволигаш Куманово се засили со Американецот Џонатан Холмс, поранешен член на Лос Анџелес Лејкерс. Холмс во 2015 година настапуваше во летната НБА-лига за Бостон Селтикс, а истата година стана дел од ЛА Лејкерс, но не успеа да се наметне во првиот тим. Во својата кариера Холмс бил член и на Барселона, Реал Кану и Макаби. Куманово новата сезона ќе ја почне со големи амбиции и во домашното првенство и во регионалната Балканска лига (БИБЛ).
Министерот за економија, Крешник Бектеши, ги повика граѓаните, особено угостителските објекти, да ги почитуваат мерките за заштита и протоколите, оти само на тој начин ќе се спречи ширењето на коронавирусот. Тој потенцира дека како Влада се обврзани да ги поттикнат сите граѓани да се вакцинираат, се со цел да не бидат доведени во ситуација да воведат порестриктивни мерки. – Ако сме доведени во ситуација да воведеме целосен „локдаун“ на одреден сектор, ние, како и претходно, ќе донесеме економски мерки за целосно затворање на одредени сектори, рече Бектеши. Тој појасни дека мерките донесени од Владата не се за целосно затворање на…
Полицијата во Милано истражува кој испратил писмо со три куршуми до папата Франциск, соопштија денеска италијанските карабинери. Сомнителното писмо вработените го пресретнаа синоќа при сортирање на поштата во предградие на Милано. Утврдено е дека писмото е испратено од Франција. Адресата на писмото е рачно напишана – „Папа, град Ватикан, Плоштад Свети Петар, Рим“. Во писмото пронајдени се три куршуми, за кои се претпоставува дека се некој вид порака поврзана со финансиските операции во Ватикан. Ватикан се уште не го коментирал инцидентот.
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска изјави дека е правилна одлуката Рамиз Мерко повторно да биде кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга. – Одлуката е правилна и донесена по големи неколкумесечни истражувања кои ги направивме во рамки на ДУИ. Направивме посебни анкети во сите градови, и тоа по 1.000 луѓе анкетирани во секој од овие градови. И ни покажуваат дека имињата кои ги претставивме вчера всушност се најподдржани од сите граѓани. Но, не само од една заедница, туку од сите заедници, вклучително и со примерот на Мерко, рече Груби, одговарајќи на…
Британската агенција за конкуренција денеска соопшти дека ќе ги испита цените на тестовите за ковид-19 воведени од владата за патниците, откако министерот за здравство, Саџид Џавид, се пожали дека скапите тестови спречуваат одредени луѓе да одат на одмор. ПЦР тестовите, што се неопходни за повеќето патници, чинат во просек околу 75 фунти, што е 300 фунти за четиричлено семејство, но многу компании наплатуваат значително повеќе. Цените што ги наведуваат фирмите што се на листата на официјалниот сајт на британската Влада се движат од 17 до 250 фунти. Џавид вчера кажа дека побарал од Агенцијата за заштита на конкуренцијата и пазарот…
На 08.08.2021 околу 18.30 часот, во Одделение за внатрешни работи Дебар е приведен Б.М.(60) од Дебар, кој претходно, од патрола составена од полициски службеници, во содејство со Противпожарна единица и припадници на Шумската полиција од Дебар, бил затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово.Патролата веднаш пристапила кон гаснење на пожарот, со кој биле зафатени дабови и багремови дрвја, како и ниско стеблеста вегетација. Во координација со Јавен обвинител, Б.М. е задржан во полициската станица и против него ќе биде поднесена пријава во врска со членот 227 за „предизвикување шумски пожар“ од Кривичниот законик. Според КЗ, за ова…
Протестот против музичарот Горан Бреговиќ, најавен преку социјалните мрежи не успеа во Корча, Албанија, објави „Клан Косова“. Само четири лица се јавиле на повикот на поранешниот пратеник Кујтим Ѓjузи. Тие се прошетале по улиците со транспарент на кој пишувало: „Горан Бреговиќ не е добредојден на фестивалот на пивото, ако не се извини“. Како што се наведува во објавата, во косовските медиуми со денови се провлекува негативна кампања против Горан Бреговиќ, поточно кампањата започна веднаш откако се дозна дека Бреговиќ доаѓа на фестивалот на пивото во Корча. Бреговиќ е „обвинет“ дека е „инспиратор на масакрот на Косово“, „идол на убиствената српска…
Противпожарен авион се урна денеска додека принудно слетувал на грчкиот остров Закинтос. Авионот леташе кон локација каде што имало мал пожар, пренесуваат регионалните медиуми. Според последните информации, пилотот на авионот се здобил со полесни повреди, а се уште не е позната причината за падот. Грција веќе шест дена се бори со пожари, а најкритично е на островот Евија, каде илјадници луѓе се евакуирани со траекти.
На вакциналните пунктови во државата и на терен, до вчера се вакцинирани вкупно 500.995 граѓани. Но за да стекнеме колективен имунитет против ковид-19 вакцина треба да прими 85 отсто од населението, порачуваат епидемиолозите. Надлежните најавуваат дека е можно воведување на порестриктивни мерки од есен за заштита од ковид-19. Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави: – Нема да имаме друга можност освен да воведеме некаква форма на рестрикција. За мерките е разговарано и дополнително ќе разговараме со цел да го заштитиме целокупното друго население, а тие мерки ќе се однесуваат на невакцинираните. За конкретните мерки ќе се разговара подетално во…
Дали од есен и кај нас ќе се воведат ограничувања за невакцинираните граѓани зависи од здравствените власти кои ја анализираат епидемиолошката состојба, додека соседните земји, но и многу држави во Европа, веќе воведоа рестрикции за лицата што не се имунизирани против ковид-19. Еве веќе од задутре и во Црна Гора ќе има нови анти-ковид мерки, па само оние кои исполнуваат одредени услови – доказ за примена вакцина или прележана болест или негативен PCR тест, ќе можат да се забавуваат во ноќните клубови, дискотеки или внатре во рестораните. Слично е и во Грција, додека во Албанија во баровите и кафулињата дозволено…
Минатата недела, инспектор изврши надзор над депонијата во Росоман, која често се опожарува во летниот период и од која се ослободуваат штетни емисии во воздухот. Во текот на надзорот имаше траги од горење и видлив чад на повеќе места. Јавното комунално претпријатие и одговорното лице се казнети парично (3000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице). Исто така, издадена е наредба за гаснење на пожарот и постојано одржување на минимални технички услови согласно Законот за управување со отпад. Државниот инспекторат за животна средина постојано врши контроли врз примената на минималните технички услови на депониите на кои се…
Голема полициска акција се спроведува од рано изутрината во Сингелиќ и на други локации, за апсење на лица вмешани во трговија со дрога и оружје, потврдуваат за МИА извори блиски до истрагата. Видливо е полициско присуство во Сингелиќ и на други локации, а според изворите од истрагата приведени се 12 лица, а меѓу нив и еден полицаец. Од МВР потврдуваат дека има акција и дека таа се уште во тек, а информации најавуваат откако акцијата ќе заврши.