Author: НОВА ТВ Balaban

На луѓето во Данска кои примиле две различни вакцини против ковид-19 ќе им биде понудена трета доза на вакцина, за да им се признае статус на целосно имунизирано лице надвор од Шенген зоната, каде што важат различни регулативи. Данското Министерство за здравство соопшти дека на луѓето кои примиле различни вакцини ќе им биде понудена трета доза откако ќе заврши националната програма за вакцинација. Причина за ова е тоа што неколку земји надвор од ЕУ и Шенген зоната при влез во земјата на оние кои се вакцинирани со различни вакцини не им признава дека се целосно имунизирани. Тоа може да предизвика…

Read More

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви. Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високи температури кои деновиве ќе достигнат и над 40 °C, како и податоците  на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемена потрошувачка на водата, апелираме до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за…

Read More

На возачот на автобусот во кој загинаа десет лица, а над 40 беа повредени, кој вчера утрото се случи во Славонски брод во Хрватска, му се заканува затворска казна до 15 години, пишува Index.hr Возачот денеска претпладне ќе биде предаден на затворскиот службеник, потврдил Дамир Брежиќ, полициски службеник за односи со јавност на полициската управа Брод-Посавина за SBplus. Автобусот се движел на релација Франкфурт – Приштина. – Откако ќе го предадеме на затворскиот надзорник, тој ќе биде донесен и во Државното правобранителство на прво испрашување. Државното правобранителство потоа ќе реши за понатамошниот тек на постапката, односно дали ќе побара притвор…

Read More

Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид викендов реализираше еко-акција за чистење на изворите во Св. Наум. Од изворите беа извадени чаши, чинии, шишиња, капачиња и друг ситен отпад, објави OhridNews. – Изворите во Св. Наум првпат се чистат по 50-тина години. Чистењето беше неопходно, бидејќи отпадот не само што ја уништува природата, туку и глетката на изворите на реката Црн Дрим – велат од клубот. Клубот за подводни дејности „Охрид“, кој функционира веќе 36 години со сопствени средства, ресурси и опрема, изминатиов период успешно организираше еко-акции во Охридското, Преспанското и Дојранското езеро и каналот Студенчишта. Изворите во Св. Наум…

Read More

Пишува: Емил Димитриев Актуелна и многу често спомнувана тема е управувањето со кризи или кризниот менаџмент. Глобално, човештвото од одамна, а сигурно и во иднина, ќе претставува еквилибриум на постојани кризи, промени и тенденции за одржување на рамнотежа во истиот. На овие процеси влијае човекот и природата како фактори кои се во голема меѓузависност. Неодамнешните големи човечки и материјални загуби од поплавите во една од најразвиените земји во светот, Германија, беа уште едно потсетување дека оваа проблематика не треба да се потцени, а заканите да се занемарат. На национален план не толку одамна беа поплавите во Скопје со големи човечки…

Read More

Необичен голем метеор во неделата накусо го осветлил небото над Норвешка, оставајќи со себе спектакуларна визуална трага. Извештајот за брзиот прелет на метеорот стасал околу 1 часот по полноќ, а на социјалните мрежи се појавиле снимки од ова случување. Норвешката мрежа за следење на метеори ги анализирала видео снимките, обидувајќи се да го утврди потеклото на метеорот. Вегард Лундби од оваа мрежа вели дека во моментот се трага по остатоците од метеорот на Земјата, кои можат да тежат неколку килограми. Прелиминарните податоци кажуваат дека постоела можност метеорот да влезе во Земјата, и тоа на 60 километри западно од главниот град…

Read More

Клиники за лекување пациенти со ковид-19, што беа затворени по затишјето во пандемијата на почетокот на летото, од денеска се повторно отворени во Грција, изјави за Скај ТВ, Матина Пагони, претседател на Унијата на болнички лекари во Атина и Пиреја. Таа нагласи дека хоспитализациите на лица со ковид-19 во болниците се зголемуваат и за една недeла се зголемиле  од 5 на 45. Таа додаде дека „работите воопшто не одат добро и ако не се вакцинираме, никој не може да предвиди што ќе се случува со вирусот во иднина“. Според неа, ако развојот на колективен имунитет трае до декември, како што…

Read More

Знаменосците Дејан Георгиевски (таеквондо) и Арбреша Реџепи (џудо) го развиорија македонското знаме на Летните Олимписки игри во Токио, кои денеска беа отворени пред многу ограничен број на гледачи на трибините – ги имаше околу 1.000. бидејќи 32-те  игри се одржуваат во пандемија на ковид-19. Македонската делегација се појави како 51-ва на отворањето на Игрите во Јапонија. Реџепи во последен миг попладнево доби дозвола од МОК и ИОК да се појави на церемонијата на отворање, со што таа стана првата Македонка која е знаменосец на Олимписки игри. Македонскиот тим на оваа Олимпијада има осум спортисти и натпреварувачи, а прв во квалификациите во…

Read More

Судија за извршување санкции од Основниот суд во Гевгелија денеска издал упатен акт за Катица Јанева, екс-специјалната јавна обвинителка, за издржување казна затвор во траење од седум години во затворот Идризово во Скопје. Извори за НоваТВ брифираат дека Јанева се уште не пристигнала во приемното одделение на затворот Идризово, но, според процедурата, по издавање на упатниот акт, таа во КПУ Идризово треба да биде донесена со полиција. Според проценката на степенот на ризик, ќе биде утврдено, исто како и во случајот со Бојан Јовановски, кој од вчера се наоѓа во затворот  Идризово, дали Јанева да биде сместена во затворено, полуотворено…

Read More

Двајца македонски државјани се повредени во Будва кога 20-годишно момче од Белград со автомобил прегазило шестмина пешаци. Полицијата во Будва распиша потерница за Л.Б. (20) од Белград кој ноќеска, околу еден часот по полноќ, со БМВ прегазил шестмина пешаци. Полициски патроли ги блокирале излезите од градот откако автомобилот бил пронајден напуштен на патото кон брдото Топлиш, објави весникот „Вијести“. Момчето од Белград, според весникот, ги прегазило шестмината пешаци кои се движеле по тротоарот на главниот булевар, враќајќи се по излегување во град. Повредени се Љ.П. (70) и Н.Ц. (50) двајцата од Охрид, како и српските државјани А.Ц. (19) од Лозница, Н.Л.…

Read More

Маж од Индонезија, позитивен на коронаворус, се маскирал со облеката на неговата сопруга и влегол во авион, а бил откриен дури откако авионот полетал. Според Би-Би-Си, тој носел никаб, облека што ја користат жените во муслиманските земји за да ги покријат лицата. Со себе ги имал пасошот на неговата сопруга и нејзиниот негативен тест за коронавирус. Можеби и немало да биде откриен доколку не се пресоблекол за време на летот, што им било чудно за стјуардесите, кои забележаа дека нешто не е во ред. Повеќето авиокомпании ги ограничија патувањата за време на празникот Курбан Бајрам, што почна на 19 јули.…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 481.268 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6.385 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 19.274 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 800.168 дози вакцини, а ревакцинирани се 318.900 граѓани.  Со последните бројки 62% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 59% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 54% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза…

Read More