Author: НОВА ТВ Balaban

Владата на Република Северна Македонија на денешната 50-та седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе измени и дополнувања на заклучокот од претходната седница во врска со Договорот за соработка за земјите од Западен Балкан на полето на взаемно признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции. Согласно измените на заклучоците, потписник на овој договор, кој ќе биде потпишан на Самитот на Отворен Балкан 8 јуни во Охрид, ќе биде претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, додека од страна на Република Србија договорот ќе го потпише претседателот Александар Вучиќ, а…

Read More

Министерството за надворешни работи го одби барањето на руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград, поради тоа што Владата веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Северна Македонија за авио-превозници во сопственост на Руската Федерација, соопштија денеска од Министерството за надворешни работи. Како што објавивме, посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Србија е откажана, откако соседните земји соопштија дека го затвораат својот воздушен простор за неговиот авион, изјави висок функционер од руското Министерство за надворешни работи за руските медиуми. Британските медиуми наведуваат дека изворот од руското МНР…

Read More

Во моментот цените слободно се формираат, но имаме надлежност да провериме дали новите цени се евидентираат согласно Правилникот или има отстапувања, велат од Државниот пазарен инспекторат. Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат од денеска се во акција – почнаа да вршат контроли на новите цени на прехранбените артикли и дали истите се зголемени согласно Правилникот за водење на евиденција во трговијата на големо и мало. Во врска со тоа што овојпат ќе се проверува кај цените, бидејќи завчера престанаа да важат антикризните мерки и цените слободно се формираат, директорката на ДПИ, Анета Симеска Димоска, за НоваТВ изјави: – Во моментот цените…

Read More

Износот кој го бараме не е голем, туку солидарен, за да се издржат ценовните шокови предизвикани поради инфлацијата, додаде Димовски. Претседателството на ССМ денеска донесе одлука за повикување на генерален штрајк на вработените во јавниот сектор, доколку до 21 јуни Владата не ги исполнат нивните барања. – Потпишување на колективен договор со кој ќе се утврди линереарно  зголемување на платите од 2.806 денари за сите работници во јавниот сектор и враќање на изгубеното право на регрес за годишен одмор од 2023 година во износ од 30 до 100 отсто од просечната плата во државата. Доколку ова не се случи до…

Read More

Во тек е седница на која учествуваат претставниците на највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за тоа ќе има ли генерален штрајк. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски, по вчерашната двочасовна средба со владини претставници за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари изјави дека нема договор со владата, но ќе има одлука за штрајк. „Разочаран сум од преговорите со владините претставници. Не излегоа со конкретни предлози, одговор имаа за се, само за усогласување на платите немаа. Не бевме сфатени сериозно за нашите барања за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари. Ценовните…

Read More

Двата театри ќе реализираат и заедничка претстава со актерите од двете држави. Кумановскиот театар вчера гостуваше во градот Ловеч, Бугарија со претставата „Драма изгубена во времето“, информираа денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“. Вечерва претставата ќе се игра и во Софија во театарот „Солза и смеа“. – Соработката е договорена преку нашиот Културен центар во Софија, во март годинава и во моментов се реализира. Во текот на гостувањето договорено е Драматичниот театар од градот Ловеч да биде гостин со нивната најнова претстава комедија која во моментов треба да има премиера во Ловеч, изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски. Двата театри ќе…

Read More

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени, во вечерните часови на 31 мај, предизвикале тешка сообраќајна несреќа со смртни последици. Првиот осомничен управувал автомобил „Опел астра“, а вториот осомничен – автомобил „Сеат леон“, тргнувајќи истовремено од бензинска пумпа на кружниот тек на влезот на Штип. Со брзина поголема од максимално дозволената се движеле по улицата “Брегалничка“, еден…

Read More

Екипи на ЈП „Градски паркинг“, по иницијатива на Град Скопје, а во соработка со екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве зголеми број на паркинг места за лицата со попреченост и ги обновуваат постојните во кругот на Клинички центар. На Универзитетска клиника за детски болести обновени се паркиралиштата за лицата со попреченост, а обележани се и нови места за овие лица на Универзитетски стоматолошки клинички центар, Ургентен центар, како и кај Инфективната клиника. Градот Скопје континуирано работи и реализира голем број активности за подобрување на квалитетот на секојдневното живеење на лицата со попреченост.

Read More

Со присуството на официјалното отворање на конференцијата ГлобСек 2022 започна учеството на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, на еден од најважните меѓународни форуми за безбедност што се одржува во Братислава во Република Словачка. Конференцијата оваа година, во присуство на шефови на држави и влади од Европа и светот и со учество на претставници на најзначајните и највлијателни меѓународни организации и тинк-тенк организации, ја отворија претседателката на Република Словачка Сузана Чапутова, претседателот на Република Украина Владимир Зеленски со видео обраќање, и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен. Во обраќањата на отворањето на Форумот уште на самиот почеток преку обраќањата…

Read More

Најчести предизвикувачи на алергија се полените од бреза, леска, јасен, липа, костен, односно ситните честички кои се пренесуваат од дрвата и тревата. Кога честичките од поленот ќе стигнат до носот на некој кој е алергичен, имунолошкиот систем тоа го препознава како напад на организмот и веднаш реагира, вели д-р Поповска.  Алергии на полен и на трева кои периодов се јавуваат кај децата го  наполнија Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле каде дневно се прават и по повеќе од 40 тестирања. Лекарите предупредуваат дека најчестите симптоми на алергија се кивање, затнат нос, црвенило, оток и осип на кoжата, но и…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.112 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 52, Битола – 8, Берово – 4, Велес – 3, Охрид – 2, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Штип, Неготино и Крушево – по 1. Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 12 реинфекции. Регистрирани сe 88 оздравени пациенти од: Скопје – 71, Битола – 12, Прилеп – 3, Тетово и Гевгелија – по 1. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица…

Read More

По изборот на комисијата за јавни набавки од Општина Карпош,  фирмата „ЕВРО СТИЛ“ од Битола како економски најповолен понудувач, денеска го достави комбинираниот ровокопач/натоварувач, за кој локалната самоуправа доби средства од Светска банка во вид на грант за успешност.  Станува збор за неповратни средства во висина од 3.290.000 денари за набавка на механизација, кои Општината ги доби од Светска банка, во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги, информираа од Општината Карпош. На чинот на примопредавање на возилото, покрај претставничката од Министерството за финансии и Светска банка, Јасминка Божиковска, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Во оваа…

Read More