Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Основното училиште ,,Дитурија“ во општина Сарај, утрово уште рано-рано ги отвори вратите, но овојпат не за избори или за настава, туку за теренската вакцинација која од вчера почна во целата држава. Во истите клупи и училници каде излегуваат на избори и каде околу 1500 нивни деца ги учат бројките,првите букви и освојуваат нови знаења, 20-ина мештани уште отсабајле го фатија редот во оваа школска установа и ја пречекаа лекарската екипа од ОЕ Службата за примарна и превентивна заштита „Карпош“ при ЈЗУ Здравствен дом Скопје. Жителите на Сарај денеска „гласаа“ против ковид-19. Наместо гласачки ливчиња пополнуваа согласност за вакцинација и одговараа…
Прогласена е вонредна состојба во Дечани, Косово, поради труењето на стотици жители во ова место. Сомневањата за причините за труењето се во пунктот на водоводот „Хидро-дрини“. Проблемот најпрво се појавил во неколку околни села, а од саботата до денеска во Центарот за семејна медицина во Дечани помош побарале околу илјада пациенти, а стотици од нив се со слични симптоми на труење, пренесуваат медиумите на Косово. Националниот институт за јавно здравје вчера објави дека од шест тестирани примероци на вода, во два откриле бактерии. Обвинителството во Пеќ почна истрага за причините за труењето, а од Министерството за здравство ги повикаа сите…
Во последните 24 часа се направени 3.227 тестирања, а регистрирани се 21 нов случај на ковид-19 и тоа во Тетово – 11, во Скопје и во Куманово по три, во Струга – два, во Гостивар и во Штип по еден. Регистрирани сe седум оздравени пациенти од Скопје и од Куманово по двајца и од Битола, од Тетово и од Кичево – еден. Не се регистрирани починати пациенти. Направени се 3.227 тестови преку ИЈЗ – 534, преку ЦЈЗ Скопје – 37, преку ЦЈЗ Битола – 37, преку ЦЈЗ Прилеп – 21, преку ЦЈЗ Тетово – 23, преку ЦЈЗ Куманово – 25,…
Четири лица, од кои еден службеник, биле повредени со остар предмет, по групна тепачка која се случила вчера во кумановскиот затвор. – На 11.07.2021 година во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во затвор во К’шање настанала физичка пресметка помеѓу 8 лица, од кои 4 се повредени со остар предмет, меѓу кои и еден затворски службеник, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово. На повредените им е укажана лекарска помош, а СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.
Најмалку четворица заразени со ковид-19 од свадба во тетовско се потврдени во Центарот за јавно здравје во градот под Шара. Епидемиолозите кои денеска земале брисеви од уште осуммина кои, исто така, биле сватови на веселбата, предупредуваат дека е на повидок кластер Свадба, бидејќи мерките за заштита не се почитуваат. – Кај нас, за жал, се разгорува повторно ситуацијата со ковид-19, бидејќи во последниве денови почна да се зголемува бројот на позитивни случаи од тетовско и тоа како резултат и од многубројните веселби кои почнаа да се одржуваат. Еве денеска имаме резултати од брисеви од свадба во тетовско, каде веќе имаме…
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ги сподели своите емоции по освојувањето на Купот на Америка. – Победата сакам да ја посветам на моето семејство, кое секогаш ми дава сила да продолжам, моите пријатели кои многу ги сакам, сите што не поддржуваат, 45-те милиони Аргентинци кои имаа тешки моменти поради проклетиот коронавирус, особено оние кои директно ги допре. И, секако, оваа победа му ја посветувам на Диего Марадона, кој секогаш навиваше за нас. Додека славиме, да не заборавиме дека има уште многу да се вратиме во нормалниот живот. Дозволете ни да извлечеме сила од оваа победа за да продолжиме заедно да се…
Сликата на земјата е подобрена, но треба да се концентрираме на квалитетот, да ги запреме новите случаи, да ја задржиме оваа позитивна слика за да дојдат туристите, рече министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина. За зголемувањето на новозаразените, Теохарис истакна дека доколку е потребно, ќе бидат преземени сите неопходни мерки за да се избегне, другите земји, да воведат рестрикции и карантин по враќањето од Грција. -Во секој случај, зголемувањето на новите случаи е процес што треба одблиску да се следи. Оваа година е динамична, на секои два…
Силниот топлотен бран, којшто минатата недела ја зафати Британска Колумбија, е тоа што го предизвикало масовното угинување на школки и други морски животни кои живеат на брегот на западна Канада. Кристофер Харли, професор на Одделот за зоологија при Универзитетот на Британска Колумбија, откри безброј угинати школки – отворени и скапани, на плажата Кикалано, што е на неколку улици од неговата куќа во Ванкувер. – Школките „се искачуваат” на карпите и другите површини и се навикнати да бидат изложени на воздух и сончева светлина за време на мала плима, вели Харли. – Но главно, тие не можат да преживеат долго над…
Вкупно 86 милиони киловат часови (kWh) неовластено користена електрична енергија во вредност од 8,7 милиони евра е евидентирана во Црна Гора од 2016 година, објави Црногорскиот систем за дистрибуција на електрична енергија (ЦЕДИС). Од вкупната сума, ЦЕДИС успеа да собере околу 70 проценти или шест милиони евра, пишува весникот Дан. – Од почетокот на тековната година до 30 јуни беа пресметани 8.597.316 kWh врз основа на неовластено користена електрична енергија или околу еден милион и 50 илјади евра, од кои беа собрани околу 71 процент, прецизира ЦЕДИС. Неовластено користење електрична енергија во Црна Гора се третира како кривично дело.
Поради економската криза што го погоди Либан, армијата на земјата почна да вози комерцијални тури со хеликоптери за да може да се финансира. Командантот на армијата, генерал Џозеф Аун, минатиот месец предупреди дека кризата предизвикана од децениска корупција и прекумерното трошење во владата ќе доведе до колапс на сите државни институции во Либан, вклучително и армијата. – Војната во која се наоѓаме е економска и бара неконвенционални средства и затоа добивме идеја да користиме хеликоптер, рече Аун. Цената на овие тури го обезбедува неопходното одржување на авионите, додаде Аун и информира дека 15-минутно возење со воен хеликоптер Робинсон Р44 чини 150 американски…
По зголемениот број на хоспитализирани деца во гевгелиската болница каде и педијатри од Скопје од денес изутрина утврдуваат која е причината за појава на респираторни симптоми кај 50 деца, кои се негативни на ковид-19, лекарите од Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле за НоваТВ изјавуваат дека и таму имаат невообичаено висок број на прегледи и приеми на најмалите пациенти за овој период од годината. Во мај во оваа болница имало 533 амбулантски преглед и 128 хоспитализирани деца, а во месец јуни дури 1472 амбулантски прегледи и 193 хоспитализации. Лекарскиот колегиум од Инстутутот во Козле оценува дека со враќање…
Oд крајот на август максималната дозволена брзина во сообраќајот ќе биде ограничена на 30 км на час во речиси цел Париз, со ретки исклучоци, јави дописникот на МИА. Во францускиот главен град веќе во 60 отсто од зоните брзината на движење на автомобилите е ограничена на 30 км на час. Обиколницата ќе остане ограничена на 70 км на час. Мерката ќе стапи на сила на 30 август, време кога градското собрание ќе ги распореди знаците пред портите на главниот град во текот на летото, синоним за толеранција. Периодот беше избран намерно, „културализацијата“ е „полесна за време на летото“, кога дел од…