Author: НОВА ТВ Balaban

Натпросечните температури кои ја зафатија земјава предизвикаа шок кај земјоделските култури. Според агрометеоролозите, дехидира зрното кај пченицата која ја немаше постигнато целосната зрелост, а енормно се зголеми и потребата од вода за одржување на вегетацијата кај останатите култури. Од друга страна, ваквите временски услови беа оптимални и овозможија непречена жетва на јачменот, која е во полн ек. – Наредната седмица, особено за викендот, се очекува мала промена на временската состојба, со благ пад на дневните температури, што би се одразило позитивно кај културите, а во понеделник со условите за повремен локален дожд, уште повеќе ќе се релаксира состојбата, особено во…

Read More

Во Република Северна Македонија минатата година се родиле 19 031, а умреле 25 755 лица, со што е евидентиран негативен природниот прираст од 6724 луѓе, велат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Минатата година во градските подрачја во Македонија живородени се 11 258 деца или 59.2 % од вкупниот број на живородените деца, а 7 773 или 40.8 % деца се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број раѓања по региони има Скопскиот со 38.8 %, а најмало Источниот Регион со 6.1 %. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува…

Read More

Клима-уредите, коишто на овие горештини во многу домови се вклучени и дење и ноќе, придонесуваат секако за зголемената потрошувачка на електрична енергија деновиве во целата земја. Од ЕВН Македонија потврдуваат дека завчера сме потрошиле најмногу електрична енергија. – Најголема потрошувачка на електрична енергија е регистрирана на 29. јуни 2021 година (ден вторник) и изнесува 15.956 MWh, кој е и еден од најтоплите денови овој период, со минимални 20°С и максимални 40°С степени, а се измерени на скопски Аеродром.  Потрошувачката во вториот дел од месецот речиси постојано е над 14.000 MWh во работните денови., информираат за НоваТВ од компанијата ЕВН Македонија. Како најголемо конзумно…

Read More

Зголемен е бројот на скопјани кои колабирале на јавни места – само денеска до 14 часот имавме повици за интервенција за дури седум – осум колапси, а има и повеќе повици од лица со епилептични напади, предупредуваат од Службата за итна медицинска помош во Скопје. И денеска продолжува топлиот бран во целата земја, со температури кои ќе се зголемат и до 40 степени Целзиусови. Лекарите апелираат граѓаните многу да внимаваат на своето здравје на овие горештини. – Многу онесвестувања на граѓани имаше денеска на јавни места, дури 7-8 колапси, иако уште од изутрина дававме изјава на телевизија токму за тоа.…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека поднело предлог за парична казна од 2000 евра за 33-годишен охриѓанец поради непочитување на полицискиот час. Тој на 11 јуни бил затекнат од полицијата како се движи низ Скопје во време кога движењето беше ограничено. Жителoт на Охрид се товари за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик. – На 11 јуни, спротивно прописите со кои во одредени делови од деноноќието беше забрането движење на населението како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетиот бил затекнат како без дозвола се движи на улицата „Коста Абрашевиќ“ во Скопје, информираат…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров,  ќе учествува на Преспа форум дијалот насловен „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна“. Преспа форум дијалог е платформа креирана од Владата на Република Северна Македонија со цел да им овозможи на земјите, лидерите, организациите и граѓаните да градат долгорочни односи и да ги зајакнуваат партнерствата. https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=ND-gmD6Bv5o&fbclid=IwAR2YflRRAbiqGCClkRX7fXjH4RG7whPnr_7hRs1OtiluxC7cQ_4-mwy7EGw

Read More

С Македонија има големи очекувања од преземањето на претседавањето со ЕУ од страна на Словенија како земја од регионот во однос на исчекор и отворање на преговорите за членство. Сепак, за деблокада на евроинтеграциите на Скопје и Софија е да ги надминат разликите преку директни преговори. Лисабон потврди – изјавата на државната секретарка, Ана Паула Закаријаш, која предизвика бранувања во јавноста и официјални реакции од Скопје, е грешка. Претседателот Стево Пендаровски на прес-конференција во Загреб со претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ посочи дека за Република Словенија нема никакви дилеми, и ја смета за еден од најдобрите адвокати за влезот на…

Read More

Така одлучив намерно. Ме замолија да не откривам за да не се создаде конкуренција. Мојата одлука беше да ја добијам вакцината „Спутник в“. Откако ја примив, имав температура од 37,2 степени навечер, и 36,6 степени наутро. Направив и тест кој покажа дека имам високо ниво на антитела“, рече рускиот претседател, Владимир Путин, одговарајќи на прашања од руските граѓани поставени во традиционалната телевизиска програма „Директна линија“. Путин додаде дека неговата ќерка ја примила истата вакцина, откако еден граѓанин се заинтересирал која вакцина ја примил Путин и дали воопшто ја примил, со оглед на тоа што видео од неговата вакцинација не е…

Read More

Дваесет илјади АстраЗенека вакцини кои Р. Грција, во координација со Европската Комисија, ги донираше на РС Македонија месецов, се веќе дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата. Оваа донација е уште една потврда на успешната соработка меѓу министерствата за здравство на двете земји во справување со Ковид-кризата. „Ова е потег на вистинско пријателство и соработка од страна на Атина. Благодарни сме за она што Грција го направи со вакцините, особено во време кога треба да ја зголемиме стапката на стабилност, со поголем број вакцини и вакцинирани граѓани“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче за грчки Етнос, Тој додаде дека комуникацијата со…

Read More

Откако пратеникот на ДОМ, Мирослав Богдановски, поднесе оставка, којашто е констатирана и потврдена од страна на ДИК, партијата СДСМ од денеска се очекува да има пратеник плус во Собранието, односно во пратеничката група. Станува збор за пратеничката Даниела Николова, која е на 13 место на листата на СДСМ во првата изборна единица. На денешната собраниска седница на дневен ред е и констатација на оставката на пратеникот Мирослав Богдановски од ДОМ, а се очекува ДИК да го предложи следниот пратеник. Пратеничката и претседателка на ДОМ, Маја Морачанин во денешното гостување на Утрински брифинг изјави дека во ДОМ се уште има внатрепартиски…

Read More

Ништо сè уште не е готово кога е епидемијата во прашање, може да очекуваме четврти бран на коронавирусот наесен. Делта сојот се шири многу побрзо од алфа сојот, па може да го преземе водството во Европа и ќе се шири меѓу невакцинираната и ризичната популација. Со примена вакцина се исклучува можноста за тежок тек на болеста, предупредуваат инфектолози и епидемиолози од земјата и регионот. Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката за заразни болести „Др. Фран Михаљевиќ“ во Загреб за „ХТВ“ изјави: – Може да очекуваме четврти бран на коронавирусот наесен. Делта сојот се шири многу побрзо од алфа сојот. За очекување…

Read More