Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Делта сојот во офанзива наесен, ќе се шири меѓу невакцинираната популација

0
By НОВА ТВ Balaban on June 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 30, 2021 12:55

Ништо сè уште не е готово кога е епидемијата во прашање, може да очекуваме четврти бран на коронавирусот наесен. Делта сојот се шири многу побрзо од алфа сојот, па може да го преземе водството во Европа и ќе се шири меѓу невакцинираната и ризичната популација. Со примена вакцина се исклучува можноста за тежок тек на болеста, предупредуваат инфектолози и епидемиолози од земјата и регионот.

Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката за заразни болести „Др. Фран Михаљевиќ“ во Загреб за „ХТВ“ изјави:

– Може да очекуваме четврти бран на коронавирусот наесен. Делта сојот се шири многу побрзо од алфа сојот. За очекување е дека тој може да го преземе водството во Европа за два дена и дека ќе се шири меѓу невакцинираната и ризичната популација, што ќе резултира со голем број хоспитализирани и починати, ако луѓето не ја разберат посериозно вакцинацијата, изјави д-р Маркотиќ.

Таа посочи дека наскоро може да се очекува дека делта сојот ќе се прошири во Хрватска.

– Минатата година беа потребни околу два месеци за да се прошири алфа-вирусот. Моравме да ја завршиме сезоната околу 15 август, а овој сој би можел да го направи тоа порано. Минатата година имавме помлади кои имаа полесна форма на болеста. Сето ова беше сфатено како лесна болест. Она што можеме да го очекуваме е брза експанзија, сè уште не со висок процент во Европа. Сите институции го следат ширењето и ги предупредуваат луѓето да не се опуштаат, рече таа.

Кога во почетокот на јуни беше регистрирана појавата на оваа мутација на вирусот и во Македонија, проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог на Институтот за епидемиологија, за НоваТВ порача:
– Како ќе биде наесен, ќе видиме. Меѓутоа, ова треба да биде поттик за уште помасовно вакцинирање! Есента да ја дочекаме со “бедем” од 80-85 отсто имуни граѓани! – рече проф. д-р Даниловски.
И претставници на Светската здравствена организација бараат вакцинираните лица да продолжат да „играат на сигурно“, бидејќи „голем дел од светот останува невакциниран, а многу заразни варијанти, како делта сојот, се шират во многу земји, што го разгорува избивањето на нов бран пандемии“.

Епидемиолог Предраг Кон денеска за телевизијата Н1 изјавил – што се однесува до епидемијата на коронавирусот  “ништо сè уште не е готово”.

Тој нагласил дека можеме да кажеме дека сме во мирна ситуација којашто ќе биде во текот на летото, но со вакво опуштено однесување, можно е болеста  во поголеми размери да се врати наесен.

И проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, на завчерашната трибина „Вакцинација и предизвици со Ковид-19, предупреди:

– Тоа што во моментов имаме ниски бројки на заразени, не е доказ дека пандемијата е завршена. Во одредени земји кадешто има голем процент на покриеност со имунизација, вирусот има повторни обиди да се врати, можеби не со иста сила, но факт е дека со примена вакцина се исклучува можноста за тежок тек на болеста, рече тој и потсети дека имаме вакцини на располагање.

– Сите вакцини коишто се одобрени од СЗО и другите авторитети во огромен процент што некогаш се движи до 100 отсто, штитат од тежок тек на болеста и тие се основните податоци што мора да ги имаме на ум кога размислуваме за тоа дали да се вакцинираме или не – изјави д-р Петличковски.

И на Косово се регистрирани двајца заболени со делта сојот на коронавирусот, објави денеска косовското Министерство за здравство.

(Љ.Б.)

 

Александар Петличковски Алемка Маркотиќ Делта сојот драган даниловски Коронавирус наесен офанзива Предраг Кон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.