Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Секојпат се добредојдени пријатели кои сакаат да помогнат, но дефинитивно ова е билатерален спор и така треба да го решиме, рече денеска премиерот Зоран Заев. Во вчерашниот телефонски разговор со неговиот бугарски колега, премиерот Јанев, Заев рече дека се договорени некои следни чекори кои верува, како што истакна, дека ќе бидат потврдени и од бугарска страна, согласно вестите кои ќе ги донесат претседателите Радев и Пендаровски. -Разговорот уште еднаш го потврди големото пријателство меѓу нашите две земји. Ние очекуваме, а Бугарија потврдува дека наша желба е, а верувам и нивна аспирација во иднина, ќе биде поддршката на целиот Запаен Балкан…
Доказ за вакцинација, доказ за негативен ПЦР или антигенски (рапид) тест или доказ за прележана болест, заедно со основните лични податоци, содржи европскиот дигитален Ковид сертификат (EU Digital COVID Certificate) што денеска беше презентиран во Атина од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, министерот за дигитална политика Кирјакос Пијеракакис, а во присуство на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас, јави дописничката на МИА од Атина. – Намерата не е да ги подели граѓаните, Европскиот дигитален ковид сертификат, не е ништо повеќе од брза линија за патување. Патувањето ќе го направи многу полесно, особено за време на…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 427.535 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 231.014 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.504 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.598 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 290.829 дози вакцини, а ревакцинирани се 59.815 граѓани. Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Вакцинацијата се спроведува…
Со донесување на новиот Закон за прекршоците („Службен весник на РСМ“ бр.96/19) се наметна потреба од измени на прекршочните одредби на Царинскиот закон, кои се имплементирани во Законот за изменување и дополнување на Царинскиот закон, кој е објавен во „Службен весник на РСМ бр.110/21 од 19 мај 2021 година. Измените, како што соопшти Царинската управа, се во насока на имплементирање на новото законско начело на пропорционалност, пропишување на глобите во распон наместо досегашниот нивен фиксен износ, со определување на неколку квалифицирани облици на секој од овие прекршоци. Исто така, царинските прекршоци се систематизираат во две основни групи: тешки прекршоци, кои…
При пад на извозната побарувачка за нашите стоки и услуги во текот на минатата година, којшто беше со сличен интензитет како и во текот на глобалната криза во 2009 година, извозот забележа пад од 10,1 отсто. За оваа година се проектира постепено закрепнување на странската побарувачка и раст на извозот од околу 15,2 отсто, што е важно за закрепнувањето на економијата по шокот што ѝ го зададе пандемијата. Впрочем, и податоците за првиот квартал од оваа година упатуваат на солиден раст на извозот. Ова, меѓу другото, го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на вебинарот посветен на улогата на монетарната…
Во Љубљана за денеска се најавени големи антивладини протести, откако повеќе организации и движења, вклучително и синдикати и опозициски партии, го потврдија своето учество. Минатиот петок, митингот беше првиот што го објави движењето кое стои зад „велосипедските“ протести, кога на владата и беше даден ултиматум да поднесе оставка или да се соочи со масовен „бунт“ се додека не бидат распишани предвремени избори. Пет големи синдикати се меѓу оние кои потврдија дека ќе учествуваат во протестот поради нарушувањето на социјалниот дијалог од страна на владата, јави СТА. Присуство најавија и студенти, пензионери, луѓе од академски и културни кругови, музичари, уметници, еколошки…
Владината Група за процена денеска едногласно реши да предложи од Управувачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата да достави предлог до Собранието за продолжување на кризната состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, соопшти ЦУК. Истовремено, со тој предлог придружно оди и предлогот институциите во Системот за управување со кризи (СУК) да продолжат со…
Наставниот кадар во некои основни училишта ќе излезе на штрајк, односно нема да ја завршат учебната година ако до 1 јуни наставниците не ги добијат средствата коишто им се должат по основ на прекувремена работа, рече на денешната прес конференција претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков. „Апелирам до сите основни училишта, до Министерството за образование, нека најдат што побрзо решение за настанатиот проблем, во спротивно учебната година во голем дел од училиштата нема да заврши, а можеби по пат на солидарност, учебната година нема да заврши во основното образование“, рече првиот човек на СОНК, Јаким…
За Законот за бесправно изградени објекти, претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека е должен во рок од 30 дена да го врати повторно на разгледување во Собранието. – На 11 мај е изгласан, најдоцна на 11 јуни треба да се најде на седница. На 8 јуни ќе се најде на дневен ред, информира Џафери на денешниот брифинг со новинарите. Џафери очекува до 8 јуни да се најде на дневен ред на следната седница барем една од двете интерпелации поднесени за министерот за правда, Бојан Маричиќ, и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски. Претседателот Џафери денеска најави дека до крајот…
Во Русија започна вакцинацијата против коронавирус на животни, изјави советникот на директорката на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор, Јулија Мелано. Таа прецизира дека вакцинацијата на домашни миленици започна во неколку руски области. „Првите испораки на единствената вакцина против коронавирус за животни во светот, „карнивак-ков“, која ја развија руски научници, пристигнаа во руските градови со цел да се спречи ширењето на инфекцијата кај животните“, рече Мелано, пренесува ТАСС. „Карнивак-ков“ е единствената регистрирана вакцина против Ковид-19 за животни во светот. Подготовката е развиена од Федералниот центар за здравје на животните и Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна супервизија, а е…
Околу седум милиони жители на австралиската држава Викторија од денеска ќе бидат во еденонеделен карантин со цел да се спречи ширење на Ковид-19. – Граѓаните на втората најнаселена австралиска сојузна држава ќе можат да ги напуштат домовите само за важни работа, од здравствени причини, за пазарување или вежбање, изјави вршителот на должноста премиерот на Викторија, Џејмс Мерлино. Рестриктивните мерки стапуваат во сила денеска на полноќ по локално време (13 часот и 59 минути по Гринич) и ќе бидат во сила до 3 јуни. Мерките се воведуваат откако во изминатите 24 часа регистрирани се 12 новозаразени со Ковид-19 во Мелбурн, со…
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар. – На 27 април, 41-годишниот гостиварец со употреба на сила се обидел да принуди на обљуба една оштетена. Ја нападнал додека таа чистела во својот дом и ја соблекол. Жртвата дала активен отпор и во еден момент успеала да се оттргне, да го турне обвинетиот и да побегне, информираат од гостиварското обвинителство. Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на…