Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Ја пренесуваме во живо прес – конференцијата на Комисијата за заразни болести
Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал. По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,56% во однос на одлуката од 20.07.2022 година, соопштија денеска од Регулаторната комисија (РКЕ). Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,141%, кај дизелот за 0,923%, кај екстра лесното масло за 0,963% и кај мазутот зголемување за 1,883%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство…
Со изложба на слики од уметникот Мајкл Клос од Канада и настап на бендот „8balls“ синоќа во охридското село Трпејца почна 11. издание на „На зајдисонце“. Организатор на манифестацијата е здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов“, со поддршка на Општина Охрид. Советникот и претседател на Комисијата за одбележување празници и манифестации Перчо Божиноски во име на Локалната самоуправа ги поздрави присутните со уверување дека и годинава културно-забавното лето во Трпејца ќе понуди сплет од креативна сценска програма, со уметнички, спортски и едукативни содржини, кои ќе привлечат многубројна публика. – Престојот овде, во овој живописен амбиент на брегот на…
На 19.07.2022 во 17.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода С.Ш.(38) и Д.Ш.(36), двајцата од Штип. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени саксија со засадено растение канабис, исушени листови од растението канабис, дробилка, боев куршум за автоматска пушка и други предмети кои потекнуваат од кривично дело. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Без вода денеска од 9 часот се дел од жителите од скопското село Батинци, а од 9:25 часот и дел од корисниците во близина на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Општина Центар. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во водоснабдувањето во Батинци е поради дефект на приклучна цевка на улица „9“ број 20. Во Општина Центар, како што се наведува, има уличен дефект ф-2 на улица „Загрепска“ 41. Без вода ќе бидат дел од корисниците од оваа улица, односно на крак 1,3 и 5. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санираат дефектите. …
Со разденувањето, одново почнаа да интервенираат и воздушните средства, а во гаснењето на пожарот учествуваат 485 пожарникари, заедно со пожарникарите од Романија кои се во Грција, 28 пешадиски тима, 120 противпожарни возила, пожарникари волонтери и цистерни од општините, а од воздух пет авиони и четири хеликоптери. Цела ноќ траеше битката на пожарникарите со пожарот што сè уште е вон контрола во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а огнените јазици предизвикаа материјална штета на куќи, изгореа домови и досега беа евакуирани жителите на најмалку десет населби, јави дописничката на МИА од Атина. Шумскиот пожар избувна вчера, кусо…
На граничниот премин Табановце утринава за влез во земјава се чека околу 40 до 60 минути, а на граничниот премин Богородица околу 20 до 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
САД ја ставаат Бугарија под надзор затоа што не ја сфаќаат сериозно трговијата со луѓе, се вели во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за трговија со луѓе, објавен од таа институција. Владата на Бугарија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе, иако прави значителни напори во оваа насока, се вели во извештајот. Во него се забележува дека владата во Софија не покажала севкупно зголемување на напорите во споредба со претходниот период на известување, дури и земајќи го предвид влијанието на пандемијата Ковид-19 врз нејзиниот капацитет за борба против трговијата со луѓе. Властите истражуваа и…
Рускиот претседател Владимир Путин во Техеран изјави дека Москва не ја гледа желбата на Украина да ги исполни условите од „прелиминарниот мировен договор од март“. На крајот од посетата на Иран, Путин рече дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати понудиле да посредуваат меѓу Русија и Украина. Украинската влада не одговори веднаш на изјавите на Путин. Запрашан за можна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Путин рече дека Киев не се придржувал до условите од прелиминарниот мировен договор за кој рече дека „практично е постигнат“ во март. „Конечниот резултат, се разбира… зависи од подготвеноста на страните да ги спроведат постигнатите…
Според неговите зборови, Русија се подготвува и да ја воведе рубљата како валута и да го принуди населението да поднесе барање за државјанство. Русија се подготвува да анектира украинска територија и има намера да назначи нелегитимни и функционери што ѝ се блиски во подрачјата под своја контрола, соопшти Белата куќа. Повикувајќи се на разузнавачки извори, портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби кажа „Ова ќе ги опфати окупираните региони Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје. Сакаме тоа да му биде јасно на американскиот народ. Владимир Путин го подготвува сценариото од 2014“. Според неговите зборови, Русија се подготвува и да ја…
Со одржувањето на првата Меѓувладина конференција и почетокот на скрининг процесот, Северна Македонија вчера по 17 години чекање го направи првиот чекор на пристапување кон Европската Унија. На Меѓувладината конференција во Брисел присуствуваше владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, кој отварачката изјава ја прочита на македонски јазик. Според Ковачевски, вчерашниот ден е историски затоа што по 17 години го правиме клучниот чекор на патот кон остварување на нашиот децениски и генерациски сон. – Првиот чекор кон нашата европска иднина е направен, а нашиот тридецениски сон е на дофат. Денеска е денот кога почнуваме да пишуваме ново поглавје во македонската…