Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Се разгледува ново барање за екстрадиција на поранешниот премиер, Никола Груевски, кој, по правосилната пресуда за затворска казна во предметот „Тенк“, избега во Унгарија кадешто доби азил, изјави министерот за правда, Никола Тупанчески, на денешната прес-конференција. Експремиерот Груевски избега во Будимпешта, Унгарија, на 11 ноември 2018 година. Новото барање за екстрадиција следува по пресудата за случајот „Плацеви на Водно“ со која Груевски беше осуден на казна затвор од 7 години. Против Груевски се водат и неколку други процеси, за изборни нерегуларности во „Титаник“, за изградбата на автопатиштата во „Траекторија“. Тој е осомничен и за организацијата на настаните во Собранието од…
Неопходно е да се апелира на користење на редовна контрацепција, скрининг за сексуално преносливи инфекции (СПИ), особено по секој незаштитен сексуален однос и навремен третман на овие инфекции, бидејќи неинформираноста на адолесцентите ја става во ризик сета нивна репродуктивна иднина и ја загрозува нивната плодност, вели во интервјуто за НоваТВ проф. д-р Глигор Тофоски, гинеколог-акушер и претседател на Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО). Неинформираноста е најчестата причина за состојби кои го загрозуваат сексуалното и репродуктивното здравје кај младите ширум светот. Ние наидовме на статистички податоци дека во нашето формално образование само 13 отсто од учениците учеле за заштита…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 % во однос на одлуката од 4.05.2022 година, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,261 ден/кг и сега ќе изнесува…
Нема македонски државјани меѓу повредените во експлозијата на бродот во Истанбул, изјавија од Министерството за надворешни работи со напомена дека го следат овој случај и доколку се појави нешто ново, ќе ја известат јавноста. Според информациите од турските медиуми, меѓу петмината повредени на бродот се вработени во бродоградилиштето кое се наоѓа во населбата Ајдин Тепе во Тузла, блиску до Истанбул. Како што претходно објавивме, најмалку пет лица се повредени во експлозијата на брод во Истанбул, јавуваат турските медиуми. Експлозијата се случила на брод во турското бродоградилиште Тузла, а постојат сомнежи дека е предизвикана од компресија за гас, пренесува „Хуриет“.
Дури една третина од сексуално активните млади во Македонија барем еднаш имале незаштитен сексуален однос, според наодите на Меѓународната студија за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст од 11, 13, и 15 години (ХБСЦ, 2017 – 2018) на Светската здравствена организација, каде се евидентирани ризиците од неинформираноста и ограничениот пристап до услуги меѓу младите. Младите во Куманово од денеска ќе можат да добијат бесплатни психолошки советувања, едукација и информации за сексуално и репродуктивно здравје и права во првиот младински центар „Сакам да знам“ во Куманово, којшто го отвори ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, а…
В недела (8.05.2022 год), поради одржување на уличната трка Халк Еко „Скопје трча 10 км“, во период од 8 до 11.30 часот, линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11а, 12, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а, 59 и 60 ќе возат по изменет режим од вообичаениот. ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ Линиите 2, 4, 11, 11а, 12, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а и 60 во правец кон Ѓорче Петров, кога ќе пристигнат кај ТЦ „Сити мол” ќе вртат лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и од Порта Влае, секоја ќе продолжи по својата…
Телото на убиениот новинар Луис Енрике Рамирез Рамос е пронајдено во северниот дел на Мексико. Тој е деветти новинар убиен во Мексико оваа година, поради што државата спаѓа меѓу најопасните места за медиумските работници надвор од воените зони. Локалната полиција соопшти дека неговото тело било пронајдено на пат во државата Синалоа. Порталот за кој работеше „Fuentes Fidedignas“ (Доверлив извор) објави дека фоторепортерот Рамирес Рамос (59), претходно бил киднапиран во близина на неговиот дом. Порталот помалку се занимавал со нарко-картелите, но подетално ги истражувал политичарите, што исто така претставува опасност за новинарите во Мексико. Комитетот за заштита на новинарите соопшти дека…
Поранешното раководство не реагирало навреме и не поднеле никаков приговор или договор со странката за да не го оштетат буџетот на општина Тетово, со единствена цел, да ги искористат евентуалните пазарења што можеле да се направат со странката, изјави Касами. Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, денеска на прес конференција посочи дека поранешното раководство на општина Тетово буквално уништило сѐ и дека поднеле кривична пријава против поранешната градоначалничка Теута Арифи и нејзин близок функционер, против судија и адвокат, поради сомнение дека ги злоупотребиле службените овластувања и положба. – Штетата што ја направија на тетовските даночни обврзници е неопростлива. На пример,…
Согласно календарот, матурантите учат до 19 мај, и во рамки на тој период ќе биде продолжен рокот односно училиштата во текот на наредната недела да организираат полагање на проектната задача, рече Наумовска. На испитите од државната матура нема да има прашања од наставниот материјал од времето на штрајкот во училиштата. Пријавени за матура во јуни се 15. 899 кандидати. Учениците кои не ја положија проектната задача, за која законскиот рок беше 21 април, ќе имаат дополнителен период да ја положат до 19 мај кога, според календарот за наставни денови, завршува учебната година за матурантите. Елизабета Наумовска, директорка на Државниот испитен…
Денеска (05.05.2022) во 12.45 часот на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Штип, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Г.(32) од с.Мралино, скопско. Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
Тој посочи дека рафинеријата во Швед, во сојузната покраина Бранденбург, која го снабдува Берлин и неговата околина, преработува исклучиво руска нафта, па во случај на прекин на увозот би имало недостиг. На делови од Германија им се заканува недостиг на нафтени деривати во случај на ембарго за увоз на руска нафта, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек, јавија денеска локалните медиуми. – За жал, морам да кажам дека е можно во случај на ембарго во делови од Германија, особено на истокот и во Берлин, да има потешкотии во снабдувањето со деривати, изјави Хабек. Тој посочи дека рафинеријата во Швед, во сојузната…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.424 тестови, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19: Скопје – 58, Битола – 34, Прилеп – 6, Струмица – 5, Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Кичево – по 4, Тетово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Дебар, Виница и Дојран – по 1. Од вкупниот број на позитивни (139), регистрирани се 25 реинфекции. Регистрирани сe 86 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола – 19, Кичево – 5, Штип – 4, Кавадарци…