Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска испратија соопштение во врска со прашањата од медиумите поврзани со последната одлука за помилување на осудени лица. Појаснуваат дека Абдуљфета Алими, кој има добиено делумно ослободување од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор, ги исполнил условите предвидени со Законот за помилување, а Александар Петровски, потполно се ослободува од понатамошната казна затвор, бидејќи станува збор за граѓанин со тешка и животнозагрозувачка здравствена состојба. – Помилувањата како институт се еден од основните уставни надлежности на претседателот. Постојат два вида на помилување, и тоа: – Редовни, односно кога лица и граѓани на земјава индивидуално испраќаат Молби…
Македонската енергетска асоцијација (МЕА), на седницата одржана во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, го избра проф. д-р Кочо Анѓушев, редовен професор на Машинскиот факултет, за нов претседател на МЕА, информираа денеска од Стопанската комора. Енергетската асоцијација е постојано работно тело на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за разгледување прашања од областа на енергетиката. МЕА со своето дејствување придонесува во создавањето услови за стабилно снабдување со енергија, воспоставување транспарентни пазарни односи, иницирање и реализација на проекти кои имаат цел зголемување на енергетската ефикасност и за користење обновливи извори на енергија. МЕА соработува со невладини организации од…
Исто така, постојано ги јакнеме и супервизорските капацитети на Народната банка во овој сегмент, заради што неодамна формиравме и посебна дирекција за ИТ-супервизија, рече Ангеловска-Бежоска Има од 2 до 5 сајбер напади годишно на IBAN броеви на фирми во земјава, беше кажано по денешната работилница со новинари на тема „Кибербезбедност во финансиите“ во Народната банка, на која присуствуваше и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. За клиентите да се заштитат од овие напади, банките воведуваат дополнителни сигурносни мерки. – Бројот на сајбер напади во Македонија на фирми не е голем, се движи од 2 до 5 годишно, а се реализира најчесто преку фактурата што…
Собрани се 53 133 крвни единици во текот на 2021 година и надминат е планот за 102.18 отсто, бидејки беа планирани 52.000 крвни единици. Вообичаено, секоја година се надминува планот, бидејќи крводарителството е традиција во нашата држава, вели во интервјуто за НоваТВ, д-р Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот Крст на Град Скопје по повод 17 март, Ден на основање на Црвениот Крст на Република Северна Македонија и Ден на крводарителство. Колку вашите акции се важни за поттикнување на крводарителството? Дали поради пандемијата опадна интересот за дарување крв ? – Не, интересот не беше опаднат, единствено лицата кои прележаа ковид-19 …
Девојче од Гостивар било пронајдено удавено во базен во бањата во Долно Косоврасти, потврдија од СВР Охрид. Несреќата се случила синоќа. – На 16.03.2022 година околу 20 часот во ОВР Дебар пријавено е дека во Дебарските бањи кај селото Косоврасти забележано е удавено лице. Од извршениот увид констатирано е дека се работи за малолетничка од Гостивар и дека, по извршен медицински преглед, не се констатирани траги на насилство. По насока на Јавен обвинител телото на починатото лице било предадено на семејството, велат од полицијата. Во врска со тоа имало ли обезбедување околу базенот, од полицијата велат дека се утврдуваат причините…
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобилa малолетничка-пешак, а со телесни повреди се здобиле уште две малолетнички-пешаци, како и возачите Ј.Д. и Д.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, Градската општа болница „Св.Наум Охридски” и ГОБ „8-ми Септември” Според МВР, сообраќајната несреќа се случила околу 18.40 часот на крстосница на булевар Босна и Херцеговина и сервисна улица. Тогаш се судриле „мерцедес” управуван од Д.Т.(19) од Скопје, автомобил „ауди” што го управувал скопјанецот Ј.Д.(29), како и „ауди” управувано од Ф.С.(56), исто така од Скопје. При сударот возилата удриле во тројца пешаци. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобилa…
Москва го анектираше полуостровот Крим кон Руската Федерација во 2014 година, но Обединетите нации сè уште го сметаат регионот за дел од Украина. Украинскиот претседател не го промени својот став во врска со тоа дека меѓународните граници кои постоеја во времето на распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година и натаму мора да се почитуваат, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович. „Неговата главна позиција не е променета. Никогаш нема да се откажеме од нашите национални интереси“, рече Арестовиќ. Москва го анектираше полуостровот Крим кон Руската Федерација во 2014 година, но Обединетите нации сè уште го сметаат регионот за…
Ноќеска (17 март) околу 1 часот и 40 минути, на крстосницата на улиците „Видоја Смилевски-Бато“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле Л.М.(21) од Тетово и Г.Н.(25) и А.Ш.(24) од тетовско Шемшово, кои се превезувале со патничко моторно возило „пежо партнер“ со тетовски регистарски ознаки и се однесувале агресивно, додека двајца од нив немале и документи за идентификација. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и по документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (16 март) околу 18 часот и 45 минути, во двор на тетовско средно училиште, во кое учеле, во присуство на нивните родители, лишиле од слобода двајца малолетници од тетовско село затоа што кај кои била пронајдена марихуана. Се расчистува и документира случајот, по што ќе биде изготвен соодветен поднесок.
На 16.03.2022, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода М.А.(45) од Скопје. Таа се сомничи дека во претходниот период извршила кражби во три станови во Скопје, при што одзела накит со вкупна вредност од околу 960.000 денари. Од сопственичките на трите станови, каде повремено било ангажирана за чистење, таа била пријавена на 14.03.2022, дека ја искористила нивната доверба и повеќепати одзела поголема количина златен накит.
Во обраќање пред Бундестагот, украинскиот претседател, Володимир Зеленски, уште еднаш апелираше до Германија да ја засили поддршката кон Украина во борбата против руската инвазија. За време на 20-минутниот говор, Зеленски говореше за слабата воена помош од Германија, но и за „ѕидот“ меѓу двете држави, a од пратениците беше поздравен со силен аплауз. – Германија работеше на тоа да се изгради ѕид околу Украина и со тоа ја изолираше и ја испорача на Русија. Тој ѕид секој ден е сè поголем, како минува времето и Германија не ни помага. Урнете го ѕидот, помогнете ѝ на Украина, побара Зеленски.
Масовен јавен протест или генерален штрајк на вработените во образованието, најавија од СОНК доколку не се постигне договор со Владата за усогласување на платите на просветните работници. Советот на СОНК ќе заседава во сабота, а на седницата ќе треба да се донесат одредени заклучоци за кои Синдикатот одобрение и поддршка ќе бара и од членството. Не ја исклучуваат можноста одлуката на Советот да биде протест или штрајк. Ќе се активира доколку не се најде заедничко решение со Владата за усогласување на платите во образовната дејност на национално ниво согласно Колективните договори. Според СОНК усогласувањето треба да важи за вработените во…