Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИНТЕРВЈУ Тунева Пауновска: Пандемијата не го спречи дарувањето крв

0
By НОВА ТВ Balaban on March 17, 2022 ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 17, 2022 16:11

Собрани се 53 133 крвни единици во текот на 2021 година и надминат е планот за 102.18 отсто, бидејки беа планирани 52.000 крвни единици. Вообичаено, секоја година се надминува планот, бидејќи крводарителството е традиција во нашата држава, вели во интервјуто за НоваТВ, д-р Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот Крст на Град Скопје по повод 17 март, Ден на основање на Црвениот Крст на Република Северна Македонија и Ден на крводарителство. 

Колку вашите акции се важни за поттикнување на крводарителството? Дали поради пандемијата опадна интересот за дарување крв ?

– Не, интересот не беше опаднат, единствено лицата кои прележаа ковид-19  мораа да чекаат 28 дена од прележувањето за повторно да даруваат крв.

Во текот на една година, секој ден има крводарителски акции, на тие акции доста се промовира доброволното крводарување преку промотивни материјали , разговори, споделување искуства…

Волонтерите на Црвениот Крст се една од најважните алки во оваа институција. Има ли интерес кај младите во земјава за волонтерство, што најмногу ги интересира ?

– Има заинтересираност кај младите да волонтираат. Во рамките на Црвениот крст има форма за нивно волонтирање – Клуб на млади , Клуб 25 и Клубови за едукација и превенција во средните училишта. Тие се застапени во сите активности на Црвениот крст, но најмногу ги има во иновативните проекти поврзани со социјална одговорност во заедницата.

Да ги поттикнеме и министрите да даруваат крв 

Денеска и премиерот Димитар Ковачевски стана волонтер во редовите на Црвениот Крст и даруваше крв. Во кое поле би го вклучите Ковачевски како активист?  

– Во кое поле сака… Премиерот ни ја кажа идејата за желбата министрите и други вработени во Владата да донираат крв… Добро е и нив да ги активираме, па секако во Дневниот центар во „Даре Џамбаз“  ќе организираме крводарителска акција во наредниот период.

Колку за една млада личност, за нејзиниот личен развој, е важно да волонтира во Црвениот Крст? Токму Вие, д-р Сузана, сте еден од активистите коишто  растеле заедно со оваа организација.  

– Црвен крст на град Скопје има одлични примери на млади луѓе кои од клинци станаа професионалци, стручни соработници. Таков пример е Катерина Гиевска, која од 14 години се вклучи во Црвениот крст, преку програмата за млади ПХВ. Таа беше волонтер во Клубот на млади. Ние ги поттикнуваме младите, паралелно со амбициите за волонтирање, да се надоградуваат во своето образовение и да не застанат. Таа, на пример, по завршување на своето високо образование, кое ние го следевме, стана дел од професионалниот тим на Црвен крст. На овој начин, Црвен крст на град Скопје од една страна прави т.н. “хеад хунтинг”, но од друга страна инвестирање во развојот на младите. Нам ни се потребни млади професионалци во секое поле. Црвен крст има така голема плејада на активности, за која се потребни различни профили. А од хуманитарци никогаш не е доста! Нема ништо поубаво од тоа, како примерот за кој што зборувам, да се види како инволвирањето на младите во сите нивоа на организацијата резултира со мотивирани хуманитарни работници спремни да креираат проектни апликации, да ги имплементираат и да бидат истовремено рамо до рамо со корисниците за кои постоиме, вели Тунева Пауновска.

Граѓаните знаат за Црвениот крст 

Денеска, по повод Денот, имате и квиз со петте општински организации на територија на град Скопје. Освоија ли награди? Колку граѓаните знаат за Црвениот Крст?

– Граѓаните знаат за Црвениот крст и тоа многу не радува, ако пред 15 години на нашите анкети имавме многу мал процент на лица кои ги познаваа нашите активности, денес 95 отсто од испитаниците се добро информирани за се што правиме во заедницата.

Го следи ли македонскиот Црвен Крст трендот на Меѓународниот Црвен Крст и Црвената полумесечина и на другите хуманитарни организации во светот ? Дали и што недостига за да бидеме уште поуспешни во акциите што ги организирате?

– Црвениот крст на РСМ е членка на Меѓународниот Црвен крст и секако дека насоките на делување доаѓаат од нашата канцеларија на меѓународно ниво во Женева, но, исто така, развојот на едно Национално друштво зависи и од неговата поставеност во државата. Ние ја имаме улогата на помагатели на државата и, секако,  советодавна улога во делот на хуманитарната активност и  Меѓународното хуманитарно право. Секогаш можеме да бидеме подобри, затоа е потребно да се следат сите добри практики во светот и да се имплементираат согласно потребите во државата.

Љубица Балабан

17 март Ден на основање на Црвениот Крст крводарителството Сузана Тунева Пауновска Црвениот Крст на град Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.