Author: НОВА ТВ Balaban

Музичко-поетскиот и визуелен перформанс „Диши љубов“ ќе ја има својата премиера на 25 март (петок) во Концертната сала на Филхармонија со почеток во 20 часот. Станува збор за сосема нов и уникатен проект со музика на композиторот и диригентот Џијан Емин и текстови на музикологот Тина Иванова, во кој музиката создадена низ песни раскажува љубовна приказна полна со емоции – микс на носталгија и надеж за подобро утре. Музиката ќе биде изведена од бендот „оВо“ составен од извонредните и веќе добро познати музичари на македонската јавност: Џијан Емин – гитара и вокал; Драган Гиновски Гино – гитара; Ади Имери –…

Read More

Граѓаните најмногу се жалеле за дискриминација на работно место, пред се во образованието и на политичката определба Малата Амбла од Гостивар, девојчето со Даунов синдром која беше спречена да следи редовна настава во училница, била дискриминирана, утврди Комисијата за заштита од дискриминација. Комисијата предмет за Амбла Адеми отвори по допрен глас на 3 февруари. Членовите на Комисијата, во период од две седмици, ги сослушаа сите засегнати страни- родителите на Амбла, наставниците и училишниот психолог, лекарот на Амбла, но и родителите на останатите деца во класот, кои жестоко се противеа Амбла да следи редовна настава со соучениците, наведувајќи оти се однесувала…

Read More

Тој појасни дека се обидуваат да ги евакуираат овие осум граѓани, а за останатите 20, како што рече, нема да прават напори да ги евакуираат се додека не добијат барање од нив дека сакаат да бидат евакуирани. Уште осум граѓани од кои четворица наши, а четворица украински државјани, но во роднинска врска со нашите, бараат да бидат евакуирани од Украина, информира денеска на редовниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Од 120-те мапирани и контактирани наши граѓани, околу 80 проценти се веќе евакуирани, останати се осум граѓани коишто бараат евакуација, а се се уште во Украина. Од нив…

Read More

Треба да се осигурaме дека земјата е целосно подготвена за членство за сите да можат целосно да ги уживаат бенефитите од членството кога државата ќе стане членка, порачува амбасадорот Дејвид Гир.  Шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, вели дека е загрижен од растечката политичка поларизација, особено во Собранието, поради што им порачува на „различните политички групи да седнат и да кажат – да, не се согласуваме за многу нешта, но се согласуваме за државните интереси, се согласуваме за ЕУ-агендата и за тоа дека сакаме да напредуваме“. – Тоа значи дека ќе има помалку употреба на европското знаме за да…

Read More

Состојбата со евентуален бран на бегалци од Украина засега е мирна и досега единствена здравствена услуга на бегалец од Украина е раѓањето на едно девојче во Гинеколошката болница во Чаир, вели во интервју за МИА министерот за здравство Беким Сали, во врска со евентуалните стравувања за зголемувањето на бројките на новозаразаени со Ковид-19, доколку бегалскиот бран се прелее во Северна Македонија. Околу 2,7 милиони бегалци досега ја напуштиле Украина. Неодамна Меѓународната федерација Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФЦР) изразија загриженост дека војната во Украина би можела да доведе до зголемување на бројот на новозаразени со Ковид -19 како во Украина,…

Read More

Новата методологија, според која ќе се мери колку брзо кај нас се шири коронавирусот, односно дали земјата е со висок, среден или низок епидемиолошки ризик, ќе биде разгледувана и, евентуално усвоена, на задутрешниот состанок на Комисијата  Олабавувањето на рестриктивните мерки против ковид-19 се планира да се определува според американски рецепт, односно, новата формула за проценка на епидемиолошки ризик е по урнек на таа од Американскиот центар за контрола и превенција на болестите, CDC, велат од Комисијата за заштита од заразни болести за НоваТВ. Новата методологија, според која ќе се мери колку брзо кај нас се шири коронавирусот, односно дали земјата…

Read More

Страшна глетка нѐ дочека утринава во градинката – украдени се околу 100 килограми брашно, 10 пакети зејтин, сол,  шеќер, над 20 пакетчиња сирење и други прехранбени артикли. Магацинот е   испразнет… а од овие залихи во централната кујна се подготвуваат оброци за повеќе од 1.200  деца, изјави за НоваТВ директорката на градинката, Маја Велиновска Во шестиот клон на градинката „Димче Мирчев“ од Велес која се наоѓа на десетина метри од градскиот пазар, викендов била извршена кражба од главната кујна која ги снабдува сите единици во градот. Украдени 100 килограми брашно, 10 пакети зејтин, сол,  шеќер, сирење Крадците, како што потврдија за…

Read More

„Четвртата рунда разговори меѓу Украина и Русија в понеделник ќе се фокусира на постигнување прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции за Украина”, изјави еден од украинските преговарачи Михаило Подољак, пренесоа британските медиуми. Претпладнево почна четвртата рунда преговори меѓу украинската и руската делегација, што денеска за првпат ќе се одржи преку видео врска, напиша на Твитер еден од украинските преговарачи и советник на претседателот Зеленски – Михаил Подољак. Тој истакна дека и во оваа рунда преговори Украина ќе бара мир, прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции. „Четвртата рунда разговори меѓу Украина и Русија в понеделник…

Read More

Михаил Подољак, еден од украинските преговарачи и советник на украинскиот претседател Зеленски, ја потврди изјавата на Кремљ, јави Би-Би-Си. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, за време на синоќешното обраќање до нацијата истакна дека неговата делегација има „јасна задача“ да направи се што може за да обезбеди средба меѓу двајцата претседатели. – Тие мора да сфатат дека ова е комплицирана приказна, како и тежок, но исклучително неопходен пат, изјави Зеленски. Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат денеска, а ќе се одвиваат во форма на видео конференција, потврди портапоролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој воедно е и член на рускиот преговарачки тим. Михаил…

Read More

Студените утра оваа недела може да предизвикаат штети доколку во регионите каде што се веќе расцветани бадемот, сливата и раните сорти кајсии паднат под -5 степени, предупредуваат агрометеоролозите. Разладувањето на атмосферата со пониски дневни температури и врнежи од дожд и снег минатата недела, пак, го  успори или го одржуваше на исто ниво пролетното будење на овошките што е добро во овој период од годината зашто зимата се уште трае. – Ниските минимални утрински температури кои се очекуваат во текот на викендот и наредната седмица, особено во првите неколку дена, од агрометеоролошки аспект можат да причинат штети доколку во регионите каде…

Read More

Суперјахтата „Соларис“ во сопственост на рускиот олигарх и поранешниот сопственик на Челзи, Роман Абрамович,  утрово вплови во Тиват, јавуваат vijesti.me . Сто и четириесет метри долгиот брод од над 11.000 бруто-тони закотвен е на ’ртот  Сељаново, во близина на марината Порто Монтенегро.  Јахтата „Соларис“  е вредна 500 милиони евра, а вплови во Тиват од Барселона, од каде што  исплови на 8 март, по краток ремонт. Европската Унија воведе санкции за неколку руски функционери и бизнисмени поради руската агресија врз Украина. И Црна Гора се придружи на санкциите на ЕУ против Русија.

Read More

Oкупаторите по нападот ги принудија луѓето да се вратат во Перемок и да не ги пуштаат од селото, се наведува во соопштението на украинската разузнавачка служба Украинската разузнавачка служба соопшти дека загинале седум цивили, од кои едно дете, откако руските сили пукале врз евакуациски конвој во регионот на Киев. Сè уште е непознат бројот на повредени. Конвојот од жени и деца од селото Перемоха се движел селото Гостролуча по договорениот хуманитарен коридор и специјалната „зелена“ рута кога руските сили почнале да пукаат. По нападот, окупаторите ги принудија луѓето да се вратат во Перемок и да не ги пуштаат од селото,…

Read More