Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, им нареди на белоруските експерти да обезбедат снабдување со електрична енергија во нуклеарната централа „Чернобил“ во Украина, пренесува белоруската агенција „Белта“. Лукашенко нареди и белоруската армија да спречи каков било напад врз руските сили „од зад грб“. Украинците вчера алармираа дека по прекинот на струја постои опасност од истекување на радијација во „Чернобил“ . Министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба, вчера изјави дека резервните дизел генератори може да ја одржуваат фабриката само 48 часа. – Потоа системите за ладење на складиштето на потрошеното нуклеарно гориво ќе бидат стопирани, поради што истекувањето на радијацијата ќе биде…
Само 3 проценти профит на основните прехранбени производи ќе смеат да стават трговците на мало на крајната цена. Од Министерството за економија велат дека со најновата одлука на Владата, од која се изземени овошјето, зеленчукот, пченицата и солта, ќе се ограничи маржата за лебот, бел и полубел (цел и сечен на парчиња), сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), брашно од пченица-Тип 400, бел шеќер, трајно кравјо млеко со масленост 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, бело крајво сирење и сирење мешано кравјо и овчо, урда кравја, македонски бел ориз, јајца од кокошка и тестенини (шпагети…
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, а со телесни повреди М.П.(65), и двете од Демир Хисар, констатирани во Клиничката болница во Битола На 09.03.2022 во 22.18 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А3 Битола-Прилеп, патничко возило „опел“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(41) од Демир Хисар удрило во животно и излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, а со телесни повреди М.П.(65), и двете од Демир Хисар, констатирани во Клиничката болница во Битола, соопштија од МВР. Од СВР Битола ни потврдија дека возилото удрило во коњ.…
Бебето по име Џенет, што на официјалниот урду јазик во Пакистан, значи „рај“, било застрелано со огнено оружје во понеделникот неколкупати Пакистанската полиција денеска уапси маж осомничен дека го убил своето седумдневно девојче, затоа што сакал неговото првородено дете да биде машко, соопштија властите во градот Мјанвали. Бебето по име Џенет, што на официјалниот урду јазик во Пакистан, значи „рај“, било застрелано со огнено оружје во понеделникот неколкупати, соопшти полицијата. Осомничениот е уапсен во близина, се вели во извештајот на полицијата. Организациите за човековите права предупредуваат дека девојчињата и жените во Пакистан редовно се соочуваат со насилство од најразлични причини.…
Денес, околу 11 часот, изби мал пожар поради дефект во застарената електрична инсталација. Во моментов во бараката 3, во која е сместен Секторот за урбанизам, е прекинато електричното напојување Во бараката 3 во објектот на Општина Кисела Вода денес, околу 11 часот, изби мал пожар поради дефект во застарената електрична инсталација. Пожарот веднаш беше локализиран од страна на самите вработени и за среќа, освен причинетата незначителна материјална, нема никаква друга штета, ниту пак повредени лица. На лице место пристигна екипа од Противпожарната бригада и од Полициската станица во Кисела Вода, но немаше потреба од дополнителна интервенција, информираат од општината. Оттаму…
Шеeсет и седумгодишен стружанец е пронајден мртов во својот дом во Струга, соопшти денеска СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски информира дека случајот во струшката полиција бил пријавен вчера во 13 часот и 30 минути. – При увидот, извршен од Јавен обвинител и полициски екипи, било констатирано дека во собата каде бил пронајден А.К. претходно настанал пожар, кој не се проширил во другите простории, појасни Димоски. Лекар од Брзата помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.
Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, од денеска до 13 март, на покана од министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија. Дипломатскиот форум во Анталија на тема „Прекодирање на дипломатијата“ се одржува под покровителство на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. Во рамките на своето учество на форумот, како што најавуваат од кабинетот на поранешниот претседател, Иванов ќе се обрати на панелот „Ревитализација на мултилатерализмот: ОН и подалеку“.
Имено, тие направиле јајце-клетките на 40-годишничка да изгледаат како оние на 20-годишничка. Жените би можеле, во блиска иднина, да забременуваат и на 50-годишна возраст, тврдат научници од Израел кои успешно го забавиле стареењето на човечки јајце-клетки. Вообичаено, додека просечната жена во раните свои 20-ти има 80 отсто можност да забремени по природен пат, тоа се преполовува до 40-тата година. Истражувачите од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим покажаа дека стареењето може да се промени со антивирусен лек којшто се користи за лекување на ХИВ. Имено, тие направиле јајце-клетките на 40-годишничка да изгледаат како оние на 20-годишничка. Тоа, според наводите, делува така што…
Едно е јасно: потребно е да ѝ се помогне на Украина колку е можно повеќе, но и да се избегне ескалација на војната. Треба да спречиме војната да се прошири во други земји и да војуваме со Русија. Тоа би била трета светска војна, истакна Борел во интервју за француското радио Франс Инфо. Неопходно е да ѝ се помогне на Украина, но и да се избегне ескалација и влегување во војна со Русија, бидејќи во тој случај би започнала трета светска војна, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. – Едно е јасно: потребно е да ѝ се помогне…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинителството постапува по кривична пријава против 43-годишниот гостиварец, кој во повеќе наврати, со телефонски јавувања и СМС пораки, се заканувал на неговата ќерка и на неговата сопруга со кои извесен период не живееле заедно. На 8 март тој и лично дошол пред станот во кој престојувала сопругата со нивните три деца, ѕвонел на домофонот и…
Се предлага епидемиолошкиот ризик да биде класифициран како низок, среден или висок. За секоја од проценетите состојби се предвидува сет од мерки на индивидуално и општествено ниво. Учениците и натаму ќе имаат обврска да носат маски, се додека не се зголеми опфатот на имунизација во државата, оцениле денеска членовите на Комисијата за заразни болести, дознаваме од извори во Комисијата. По денешниот состанок, од Комисијата за заразни болести соопштија: – Со зголемување на нивото на имунизирано население заради вакцини и прележана болест, поголем дел од инфекциите сега поминуваат асимптоматски или со благи симптоми. Затоа во последните недели фокусот околу КОВИД-19 во светот се…
Намалувањето на висината на посмртната помош на 25.000 денари е извршено со Одлука на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Ова појаснување, како што наведуваат од МТСП, е по дезинформациите дека намалувањето на висината на посмртната помош е направено за да може со тие средства да се покачат пензиите. Посочуваат дека начинот на финансирање, начинот на распределба на средствата со кои располагаат здруженијата на пензионери се уредува со акти кои се донесени од органите на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Северна Македонија и не се никаква одлука на Владата или…