Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Претседателот на државата Стево Пендаровски одлично ја врши својата функција. Тој е наш коректив и неговите критики секогаш ги сфаќам најдобронамерно, рече денеска премиерот Зоран Заев, во врска со последното интервју на шефот на државата во кое, меѓу другото, зборува и за трагедијата во Тетово. -Не си дозволувам длабински анализи на интервјуа на претседател на државата. Неговата фунција е да биде коректив. Тоа што тој го соопштува го чувствувам најдобронамерно. Да учиме од слабостите и да се усовршуваме. Тој е претседател на сите граѓани, ја врши одлично својата функција и е наш коректив, на политичарите. Нема да ни падне круната…
Албанската полиција заплени 38 килограми канабис, што од Подградец, Република Албанија преку водите на Охридско Езеро требало да бидат прошверувани во Северна Македонија. Акцијата следувала по четиримесечна истрага а врз основа на добиените информации, полицијата извршила контрола долж брегот на езерото кај Подградец, каде открила глисер со кој сторителите требало дрогата, која била во него, да ја транспортираат на другата страна на езерото. -Како резултат на добро организирана акција беше овозможено да се приведат лицата О.С. (31), жител на Подградец и К.Д.(22) жител на село Худениште, Подградец, а се трага по Л.Ш.(20) од истото село. Кривично ќе се гони Е.Х.…
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо им приреди специјална вечера на играчите во рибен ресторан во Рим, по повод јубилејниот илјадити натпревар 1000 во неговата тренерска кариера. Португалскиот специјалист имаше причина за славење откако „волците“ го совладаа Сасуоло со 2:1 и тоа со гол во последната минута на Стефан Ел Шаарави. Мурињо одржал десетминутен говор пред своите играчи и ги уверувал дека Рома има сили да освојува трофеи. Утре, Мурињо ќе ја предводи Рома на својот 1001 натпревар против ЦСКА Софија во Лигата на конференции, а според италијанскиот печат, Португалецот планира ротации во тимот за да им даде пауза на стартерите…
Вчера бројот на позитивни ученици во училиште е 0,01, што значи дека се помалку новозаразени во споредба со понеделникот. Досега немаме индикација дека наставниот модел треба да се менува, но во моментот кога ќе добиеме индикација за промена на моделот ние сме спремни така да постапиме, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. – Епидемиолозите следат, Комиисјата за заразни болести следи, информациите ги добиваат и тие, како што ги добива МОН, и тие дејствуваат врз основа на општина, регион, училиште. Упатувам на тоа дека во училиште се 240 илјади ученици, а вчера бројот на позитивни ученици во училиште…
Спортскиот директор во клубот е убеден дека напаѓачот Килијан Мбапе ќе го продолжи договорот со Пари Сен Жермен на крајот од оваа сезона. Неговиот договор истекува во јуни следната година и Французите ќе имаат сериозна конкуренција од шпанскиот гигант Реал Мадрид. „Никогаш не мислевме дека Килијан може да си замине. Дефинитивно не сме задоволни од однесувањето на Реал Мадрид. Бевме јасни за висината на нивната понуда. За нас тоа е крајно недоволно, па дури и пониско од она што го плативме за него”, спортскиот директор Леонардо Араухо. „Не мислам дека тој ќе замине на крајот на сезоната. Неговата врска со…
Цената на природниот гас во Европа уште еднаш го урна рекордот, надминувајќи 950 долари за 1.000 кубни метри, првпат во историјата, според податоците за тргување на ICE Futures. Цената денеска се зголеми за дури 20 проценти. Цената на октомвриските фјучерси на индексот на холандскиот гасен центар ТТФ утрово во 8:35 часот изнесуваше 841,39 долари за 1.000 кубни метри. До 9:21 часот поскапе на 851,27 долари, а малку подоцна, во 9:46 часот, надмина 875,84 долари. Еден час подоцна, цената ја надмина психолошката граница од 900 долари. Претходниот рекорд беше поставен вчера, кога цената достигна 810 долари. Од почетокот на месецов, цената…
Во Хаг денеска почна првото судење за злосторствата на Ослободителна војска на Косово (ОВК), а на обвинителна клупа се наоѓа нејзиниот поранешен припадник Сали Мустафа. Судењето против Мустафа е прво судење на обвинет од ОВК пред овој суд, и ќе му се суди по обвинението на Специјализираниот обвинител на Косово за злосторства во 1999 година. Мустафа е во притвор во Хаг од септември минатата година. Тој е обвинет за индивидуална кривична одговорност и кривична одговорност како претпоставен службеник за извршени злосторства од 1 до 19 април 1999 година од страна на одредени припадници на ОВК врз лица приведени на имот…
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување ( МАПАС) со низа активности го одбележува 15 септември – Денот на пензиската свесност со цел да ја подигне јавната свест за пензискиот систем и да ги поттикне граѓаните да се информираат за правата, обврските и придобивките од задолжителните и доброволните пензиски фондови. Во 18 часот денеска МАПАС преку својата фејсбук страница организира квиз на знаења, а најуспешниот натпреварувач, оваа недела ќе биде награден со таблет. Квизот ќе се одржува еднаш неделно во текот на три недели во живо. МАПАС организираше и ликовен конкурс за деца на возраст од 6-11 години на…
Жените храбро застанаа во првите редови за време на пандемијата со Ковид-19. Во категориите каде што најмногу се вработени жени се покажа нивната храброст и упорност. Дадоа се од себе и не дозволија здравството за потклекне, образованието да застане, децата да не бидат згрижени, а продавниците да бидат затворени. Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика Јахода Шахпаска, во своето обраќање на вториот ден на конференцијата „Жените во надворешната политика“, што се одржува во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи, на иницијатива на заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, а под покровителство на првата…
Северна Кореја истрела две балистички ракети од својот источен брег, соопшти денеска јужнокорејската војска. Ова ќе ги зголеми тензиите во односите меѓу двете земји, а истрелот следува само неколку дена по тестирањето на ракетата, објави Ројтерс. Пјонгјанг постојано ја развива својата програма за оружје во услови на ќор-сокак во преговорите за денуклеаризација во замена за олеснување на американските санкции. Преговорите се во застој од 2019 година, потсетува Ројтерс. Северна Кореја истрела две неидентификувани балистички ракети од централниот дел на нејзината територија кон источниот брег, а разузнавачките служби на Јужна Кореја и САД прават детална анализа за дополнителни информации, соопшти јужнокорејскиот…
Валтер Мацари од денес и официјално стана нов тренер на Каљари. Педесет и деветгодишниот италијански фудбалски стручњак потпиша договор со клубот до крајот на јуни 2024 година. Претходниот предводник на Каљари беше Леонардо Семпличи, кого управата на клубот го отпушти вчера. Тимот е рангиран на 17. место на табелата во Италијанското првенство со само еден бод по три кола. Последното работно место на Мацари беше Торино. Тренерот ја прекина соработката со клубот по заеднички договор во февруари 2020 година.
Основната каматна стапка останува на ниво од 1,25 проценти, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на вчера одржаната седница на која биле разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во однос на поставеноста на монетарната политика. На седницата е оценето дека нивото на основната каматна стапка соодветствува на тековните економски и финансиски услови. – Досегашното намалување на основната каматна стапка, како и позначителното намалување на понудениот износ на благајнички записи придонесоа за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата. На седницата беше оценето дека тековната…