Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Кореја истрела две балистички ракети, додека се вложува нова енергија во преговорите за денуклеаризација

0
By НОВА ТВ on September 15, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 15, 2021 11:42

Северна Кореја истрела две балистички ракети од својот источен брег, соопшти денеска јужнокорејската војска. Ова ќе ги зголеми тензиите во односите меѓу двете земји, а истрелот следува само неколку дена по тестирањето на ракетата, објави Ројтерс.

Пјонгјанг постојано ја развива својата програма за оружје во услови на ќор-сокак во преговорите за денуклеаризација во замена за олеснување на американските санкции. Преговорите се во застој од 2019 година, потсетува Ројтерс.

Северна Кореја истрела две неидентификувани балистички ракети од централниот дел на нејзината територија кон источниот брег, а разузнавачките служби на Јужна Кореја и САД прават детална анализа за дополнителни информации, соопшти јужнокорејскиот Совет на началници на кабинетот.

Јужнокорејската војска го засили надзорот и е во тесна соработка со САД, се вели во соопштението на началникот на Генералштабот на Сеул.

Јапонската крајбрежна стража исто така објави дека била истрелана балистичка ракета од страна на Северна Кореја, прецизирајќи дека таа паднала надвор од зоната на Јапонија.

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга го нарече лансирањето на ракетата „срамен потег“ и остро го осуди како закана за мирот и безбедноста во регионот.

Суга и претседателот на Република Кореја Мун Еае-ин ќе свикаат состаноци на нивните совети за национална безбедност за да разговараат за лансирањето, соопштија нивните кабинети.

Кабинетот на Мун соопшти дека претседателто очекува да биде детално информиран за севернокорејските тестирања на балистичките ракети, што први од месец март и претставуваат уште едно прекршување на резолуцијата на ОН.

Најновото лансирање на ракета се случи во период кога министрите за надворешни работи на Јужна Кореја и Кина одржуваа разговори во Сеул поради загриженоста од неодамнешното лансирање на крстосувачки ракети од Пјонгјанг и ќорсокакот во преговорите за денуклеаризација меѓу Северна Кореја и САД.

денуклеаризација Јужна Кореја САД Северна Кореја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.