Author: НОВА ТВ

Бугарската држава реагираше во најбрз можен рок и ги презеде сите неопходни дејствија за да се истражи оваа страшна сообраќајна несреќа, во која загинаа 45 лица. Истовремено се води неопходна грижа за преживеаните, изјави привремениот премиер на Бугарија, Стефан Јанев во објава на официјалната Фејсбук страница на бугарската Влада Како што пренесува БТА, Јанев изразува сочувство до роднините на загинатите во несреќата на автопатот Струма, што се случи вечерва. – Ова е огромна и неопислива трагедија која не потресе. Во моментов, активностите се во рацете на истражните органи. Кога ќе се направи потребното, ќе може да се коментира за причината…

Read More

Пред враќањето кон разговорите за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и светските сили, израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц, изјави дека поддржува „поширок, посилен и подолготраен“ нуклеарен договор со Техеран. -Јас поддржувам договор што ќе биде пошироко, посилно и потрајно враќање на Иран, демонтирање на неговите сегашни способности и ефикасна проверка на неговите капацитети и производство на оружје, рече Ганц на конференција организирана од дневниот весник „Хаарец“ и универзитетот UCLA за актуелните стратешки предизвици со кои се соочува Израел. Индиректните нуклеарни разговори, што треба да продолжат на 29 ноември, со посредство на Европската унија, имаат за…

Read More

Неколкумина полицајци го обезбедуваат седиштето на туристичката агенција „Беса Транс“ што се наоѓа во близина на Старата чаршија во Скопје. Пред агенцијата се собраа граѓани, роднини на дел од патниците кои се превезувале во некои од останатите автобуси на „Беса транс“, чекајќи подетални информации за нивната состојба. Дел од нив велат дека не можат телефонски да ги добијат нивните роднини. Агенцијата моментално е заклучена и се чека на дел од менаџментот да пристигне на работа.

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази благодарност за брзата реакција на бугарските здравствени власти. Како што изјави Османи по посетата на болницата Пирогов во Софија, сите седум хоспитализирани кои ја преживеаја автобуската се навреме згрижени и стабилизирани. Се очкува по еден ден или два да бидат префрлени во Скопје. -Имаше брза реакција од страна на бугарските здравствени власти. Сите пациенти се навреме згрижени, дадена е прва медицинска помош, сите се стабилизирани. Очекуваме да останат ден-два за да можеме да ги префлриме после во Скопје, рече Османи. Тој е во Софија по трагичната несреќа што се случи ноќеска заедно со…

Read More

Голем пожар избувнал во дом за стари лица во селото Ројак крај Варна. Според последните информации, девет лица загинале, соопштија од полицијата и противпожарната единица, пренесува бугарската телевизија НОВА. По добивањето на сигналот околу 18 часот по локално време на местото веднаш биле испратени пет противпожарни и спасувачки екипи. Извршена е итна евакуација на стари лица кои живееле во домот. „Повредените се на сигурно во еден агол од дворот – за нив се грижат вработените во домот и луѓе од општината. Итната помош потврдила дека девет лица загинале. Причината за пожарот не е јасна“, изјавил за НОВА директорот на противпожарната…

Read More

Познати се имињата на играчите кои се номинирани од страна на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за наградата фудбалер на 2021 година. Номинирани се: Карим Бензема (Франција, Реал Мадрид) Кевин де Брујн (Белгија, Манчестер сити) Кристијано Роналдо (Португалија, Јувентус/Манчестер јунајтед) Ерлинг Холанд (Норвешка, Борусија Дортмунд) Жоргињо (Италија, Челзи) Нголо Канте (Франција, Челзи) Килијан Мбапе (Франција, ПСЖ) Роберт Левандовски (Полска, Баерн Минхен) Лионел Меси (Аргентина, Барселона/ПСЖ) Нејмар (Бразил, ПСЖ) Мохамед Салах (Египет, Ливерпул). Кај голманите кандидати за најдобар се: Алисон (Бразил, Ливерпул) Џанлуиџи Донарума (Италија, Милан/ПСЖ) Едуард Менди (Сенегал, Челзи) Мануел Нојер (Германија, Баерн Минхен) Каспер Шмајхел (Данска, Лестер). Доделувањето на наградите…

Read More

Кривичниот совет при Основниот Кривичен суд Скопје го одби како неоснован предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за обвинетиот Миле Јанакиески поврзан со настаните од 27 – ми април. Според Советот, во новиот предлог не биле понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки. – Обвинителството денеска поднесе предлогот за определување мерка притвор за предметот со КОК 2/20 поврзан со настаните од 27 – ми април, а Кривичниот совет, при одлучувањето, ја имаше во предвид одлуката на второстепниот, а воедно смета и дека во новиот предлог не беа…

Read More

Загадувањето на воздухот во иранскиот главен град Техеран предизвика смрт на 3.751 лице за една година. Шефот на Одделот за квалитет на воздухот и климатски промени при Министерството за здравство на Иран, Абас Шахсуни, сподели информации за студентската новинска агенција ИСНА околу проблемите предизвикани од аерозагадувањето. Наведувајќи дека минатата година во Техеран починале 3.751 лице поради загадувањето, Шахсуни истакна дека овој проблем се појавува секоја година и дека законот за чистота на воздухот не се спроведува. Шахсуни додаде дека старите и дизел автомобили, мотори и други горива се најголемите загадувачи на воздухот во Техеран.

Read More

Четириесет и осум пациенти се испитаа од дијагностицираните во изминатите две три недели и кај ниту еден не е дијагностициран делта плус сојот на вирусот, кој прави голем број случаи и хоспитализации во сите околни земји. Што значи дека не може да го запреме тој сој на вирусот за влезе во земјата, истакна вечерва министерот за здравство Венко Филипче пред состанокот со претставниците на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита во врска со мерките кои ги предложи Комисијата за заразни болести. Соочени сме, посочи министерот, со огромен ризик во периодот што…

Read More

По серијата терористички напади во Кабул, за кои одговорност презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД), САД денеска воведоа санкции за лица обвинети дека дејствувале како финансиски посредници на огранокот на таа организација во Авганистан. Американското Министерство за финансии соопшти дека на „црната листа“ се наоѓа Исматула Халозаи, кој е обвинет за управување со неформална мрежа за трансфер на пари со седиште во Турција, позната како „хавала“, која служи за пренос на средства за финансирање на ИД. Стејт департментот денеска, исто така, идентификува тројца мажи како специјално обвинети светски терористи поради нивната водечка улога во авганистанскиот огранок на Исламската држава, се…

Read More

Стив Брус, кој неодамна доби отказ од Њукасл, сака да стане привремен тренер на Манчестер Јунајтед, тврди „The Athletic“. Според изданието, 60-годишниот специјалист, кој е поранешен дефанзивец на „црвените ѓаволи“, верува дека може да го стабилизира тимот и да помогне до крајот на сезоната, по што ќе биде назначен за постојан тренер. Клубот вчера објави дека Мајкл Керик ќе го предводи тимот додека да се најде привремен менаџер кој ќе ја преземе функцијата до крајот на сезоната. Поранешниот играч од средниот ред најверојатно ќе остане на позицијата до летото, ако добро се снајде во следните неколку натпревари. Освен името на…

Read More

Во врска со прашањата на медиумите поврзани со толкувањата на зборовите на бугарскиот претседател Румен Радев од предизборната дебата на 18 ноември 2021 година за неговиот став за прашањето за Крим, неговиот Кабинет информира дека шефот на државата Румен Радев во неколку наврати изјавил дека анексијата на Крим е кршење на меѓународното право, што бил јасен став на Република Бугарија и во сите меѓународни организации. -Од правна гледна точка, Крим и припаѓа на Украина и нашата земја во повеќе наврати ја истакна својата поддршка за нејзиниот суверенитет и територијален интегритет. Истовремено, како што нагласи претседателот Румен Радев во предизборната дебата,…

Read More