Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Европската фудбалска федерација отвори три дисциплински случаи за настаните на полуфиналниот натпревар на ЕВРО 2020 со Данска. Дисциплинската комисија ќе ги истражува инцидентите во кои навивачите користат ласери, попречувајќи го данскиот голман, предизвикување немири за време на изведбата на националните химни, како и употребата на пиротехника. Англија го доби натпреварот со 2:1 по продолженија, а победничкиот гол Кејн го даде по пенал при што на голманот на Данска му беше насочено ласерско светло директно во очите. Во финалето на 11 јули, Англија во Лондон ќе игра со Италија.
Европската Унија најстрого го осудува убиството на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, кое се случи вчера во неговиот дом. -Овој кукавички и грозоморен чин придонесува кон зголемувањето на нестабилноста на земјата и носи ризик дополнително да го поттикне циклусот на насилство во кое се наоѓа земјата предолго, изјави високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел. Хаити со години се наоѓа во постојана криза на сиромаштија, насилство и природни катастрофи. Европската Унија алармира дека безбедносната ситуација во Хаити постојано се влошува со што се доведува во прашање капацитетот на државата да ги заштити своите граѓани и повикува сите да…
Синдикатот на Управата на правосудните органи и здруженијата денеска прослави 30 години од основањето. Претседателот на УПОЗ, Пецо Грујоски во својот говор пред присутните гости истакна дека во Синдикатот денес се здружени 110 синдикални организации во кои вработените се зачленуваат слободно, доброволно и врз сопствено убедување без разлика на политичките и религиозните убедувања, националната, етничката, расната припадност, пол, возраст, здравствена состојба, социјално потекло итн. – Во изминативе 30 години Синдикатот на УПОЗ одржа седум собранија, а веќе наесен следува осмото. Синдикатот на УПОЗ од самото формирање е здружение врз доброволна основа во ССМ заради остварувањена заедничките економско социјални и синдикални…
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе Предлог – резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции по однос на евроинтеграциите. – Цениме дека оваа предлог-резолуција ќе ги зајакне и македонските дипломатски позиции, но исто така ќе влијае и како фактор на сплотување наместо поларизација внатре во македонското општество. Тоа што би сакал денес да го порачам и апелирам, согласно Деловникот секој пратеник има право да се придружи со свој потпис на ваква Предлог-резолуција од моментот кога таа е предложена, изјави пратеникот Антонијо Милошоски, додавајќи дека очекува најширок можен консензус. Тој изрази надеж дека пратениците и партиите коишто декларативно истакнаа дека ќе ја поддржат предлог-резолуцијата таква…
Во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 11, Скопје – 8, информира Министерството за здравство. Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје – 2, Прилеп и Тетово – по 1. Не се регистрирани починати пациенти. Направени се 2.518 тестови преку: ИЈЗ-137, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-35, ЦЈЗ Прилеп-20, ЦЈЗ Тетово–22, ЦЈЗ Куманово–13, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 13, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–17, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-43, Авицена-136, Биотек-163, Систина-58, лабораторија Лаор-115, Синлаб-16, Ремедика-14, Плодност–20, Генеа–10, Никоб…
Роџер Федерер беше видно разочаран на прес-конференцијата по четвртфиналниот натпревар со Хуберт Хуркач на Вимблдон. Швајцарецот им даде сериозни причини за загриженост на своите навивачи, велејќи дека е можно ова да е неговиот последен Вимблдон, и дека во наредните денови ќе донесе конечна одлука дали ќе учествува на Олимписките игри во Токио. „Јас сум многу разочаран. На крајот од мечот се чувствував многу уморно и можев да заспијам дури и во моментот. Дадов се од себе на теренот. Последните 18 месеци беа многу долги и тешки за мене, коментира Федерер. „Она што треба да го сторам сега е да анализирам…
Чест е да се биде уставен судија и тоа е највисокиот дострел на секој правник, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски. Јовевски, моментално е на Меѓународна конференција во Санкт Петербург, Русија, за „Улогата на обвинителствата во заштитата на индивидуалните права и јавниот интерес во светло на препораките од Европската конвенција за човековите права“, заедно со јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје Елвин Вели и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска. -Одлуката ја носат пратениците и доколку тие сметаат дека со моето долгогодишно правничко искуство во Министерството за правда, како…
„Успеавме да воспоставиме нов начин на комуникација со медиумите и мислам дека први во регионот организиравме онлајн конференции за печатот“, коментира Националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, говорејќи на регионалната конференција „Ширењето на дезинформациите за време на пандемијата и нивното влијание на Западниот Балкан“. Тој додаде дека се уште кај нас се користи моделот за прес-конференции преку „Зум“, каде министерот за здравство скоро секојдневно ги брифираше новинарите за најновата сосотојба со коронавирусот и одговараше јавно на сите поставени прашања. -На прво место е неопходна соработка со медиумите и новинарите, со медиуми и одговорни организации кои во вистинско време можат…
Новата делта мутација на коронавирусот стана доминантна во Германија, чиј удел првпат презеде доминација со 59 проценти, соопшти Институтот „Роберт Кох“. Институтот посочува дека кај веќе две третини од позитивните ПЦР-тестови е утврдено дека станува збор за инфекција со делта мутација на Ковид-19, додека само кај една третина заразата е со „стариот“ алфа сој. Уделот на алфа сојот се намали многу брзо од 91 процент кон крајот на мај, на 33 проценти кон крајот на јуни. Другите мутации во Германија моментно немаат никаква улога, наведува Институтот. Од друга страна, францускиот секретар во Министерството за европски прашања, Клеман Бон, ги советуваше…
Судењето за случајот за апсењето на Љубе Бошкоски „Тортура” продолжува на 14 јули, кога одбраната ќе треба да се произнесе по изнесеното од обвинителството на преотворената постапка за предметот, и ако нема некои дополнителни докази да продолжи со давање за завршни зборови. Според адвокатот Миле Петровски, јавниот обвинител на денешното рочиште не презел ништо во врска со предлагање нови докази или измена и допрецизорање на обвинението, и побара од судот, да дозволи да го видат записникот за да може, како што рече, поопстојно да одговорат во врска со завршниот збор, кој денеска практично бил проширен. – Со оглед дека расправата…
Во поголемиот дел од земјата денеска и утре ќе се задржи многу топло време. Максималната температура денеска ќе достигне до 40-от степен, а утре до 39. Ув индексот ќе биде 9. Утре кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови ќе има и поинтензивни процеси понекаде во форма на невреме со појава на град и засилен ветер. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени односно во сабота ќе достигне до 37 степени додека во…
На пет дена пред парламентарните избори на 11 јули во Бугарија, според последните објавени анкети разликата меѓу „Има таков народ“ на Слави Трифонов и ГЕРБ на Бојко Борисов се мери во фотофиниш. Ова го покажуваат податоците од националното истражување на „Алфа рисрч“, спроведено помеѓу 4 и 7 јули. Според истражувањето, помеѓу 47 и 50 проценти од возрасните граѓани се подготвени да гласаат на изборите во недела, што значи дека помеѓу 3,1 и 3,3 милиони гласачи ќе излезат на избирачките места. Мобилизирачки фактор за излезноста е желбата на секоја од двете главни групи гласачи – од една страна, приврзаниците на ГЕРБ…