Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Излегува на површина нов скандал во кои се поврзани функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Како што е запознаена јавноста, лица купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево. Истите парцели само неколку денови подоцна ги продале и за 40 пати повеќе од пазарната вредност за на нив да се изградат фотоволтаични централи, обвинија од СДСМ. -Меѓу лицата опфатени со предистражната постапка на Управата за финансиска полиција е и таткото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески. Според информациите од истрагата објавени во медиумите, едно од лицата кои препродало земјиште е и извесен Влатко И. кој е дел од обезбедувањето на Христијан…
Дополнителни шест милиони денари бара Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од државниот буџет за 2022 година. Со ова почна вториот ден од расправата по Предлог-буџетот за 2022 во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Како што образложи Катица Николовска, член на ДКСК, Државната комисија за спречување на корупцијата побарала 13 543 000 денари за 2022 година, но со Предлог-буџетот и се одобрени 10 милиони денари. Тие 3.543 милиони денари, рече Николовска, се незначителни за државниот буџет, но се многу важни за ДКСК. Од дополнителните шест милиони денари што ги бара ДКСК и за кои побара поддршка од членовите…
Германската влада најави дека ќе инвестира 40 милиони евра во квантно компјутерско истражување и 20-кубитен систем што ќе биде изграден во баварскиот Гарчинг. Министерството за образование и истражување најголемиот дел од најавената сума ќе го насочи кон квантниот компјутер на кој моментално работи германско-финската компанија IQM. Компјутерот ќе има 20 квантни бита (кубити), а во рок од пет години би требало да се прошири на најмалку 100 индивидуално контролирани кубити кои ќе можат да се прилагодат на најмалку 500 кубити. За споредба, системот Quantum Eagle на IBM, кој треба да биде достапен подоцна оваа година, има 127 кубити. Системот ќе…
Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“ вчера успешно го заврши јавниот повик за понуди за избор на изведувач за рехабилитација и градба на фаза 1 од пругата Куманово-Бељаковце, и за фаза 2 реконструкција и изградба на делницата Бељаковце-Крива Паланка од железничкото поврзување на Коридорот 8, информираа од Владата. Оттаму додаваат дека според утврдената постапка, во наредниот период следува евалуација на пристигнатите понуди и избор на најповолниот понудувач, по што, откако заврши постапката за избор на надзорен инженер, се создаваат услови за остварување на најавата за отпочнување на градежните работи на овие делници од железницата на Коридорот…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и на генералот Симеон Трајковски, денеска го прими командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација генерал Филип Лавињ, непосредно пред церемонијата за потпишување на заедничката декларација за интеграција на Република Северна Македонија во структурите на НАТО. Со потпишување на оваа заедничка декларација официјално се заокружува процесот на воено интегрирање на Република Северна Македонија во командните структури и во структурата на силите на Алијансата. Северна Македонија посветено работеше на процесите кои ја овозможија воената интеграција со што земјата гордо застанува рамо до…
Со потпишување на заедничката декларација од страна на командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација генерал Филип Лавињите и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска официјално се заокружи процесот на воено интегрирање на Република Северна Македонија во командните структури и во структурата на силите на Алијансата. На церемонијата за потпишување на заедничката декларација, во вила Водно, присуствуваа и претседателот и Врховен командант на Вооружените сили Стево Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Претседателот Пендаровски, порача дека за нас, патот до полноправно членство во НАТО не беше лесен, но дека со активирањето на НАТО поканата за…
Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати имаат одлични односи кои се карактеризираат со пријателски врски и стабилни политики, но, соработката меѓу двете држави треба да се интензивира и да се продлабочува на сите нивоа вклучувајќи го и парламентарното, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со неговиот домаќин, спикерот на Федералниот национален совет на Обеднетите Арапски Емирати Сагар Ал-Гобаш. Џафери на средбата рече дека се надева дека досегашното одлично ниво на дијалог, соработката, меѓусебното почитување и разбирање ќе продолжи со иста динамика во иднина, што ќе резултира со корисна соработка во сите области од заеднички интерес, бидејќи…
Светската трговија забавува по наглото закрепнување од првичниот пандемски шок, поради нарушувања на производството и снабдувањето и намалената побарувачка за увоз, се вели во студијата на Светската трговска организација (СТО). Трговскиот барометар падна на 99,5 поени, од рекордните 110,4 поени во извештајот објавен во август, соопшти СТО. Вредностите над 100 поени сигнализираат забрзување на размената во споредба со среднорочните трендови, а тие го намалуваат нејзиното забавување. Најмногу падна во тековниот извештај индексот, кој покажува трендови во трговијата со автомобилски делови, додека раст над среднорочниот тренд бележи индексот на авионски превоз. Индексите на трговијата со електронски компоненти, контејнерски транспорт и суровини…
Копретседателот на коалицијата „Промената продолжува“ Кирил Петков, што победи на парламентарните избори во Бугарија во неделата, коментирајќи ги бугарско-македонските односи, изјави дека не треба да се урне целиот процес на добрососедството со Северна Македонија и тие да бидат примени во ЕУ само врз база на еден критериум – историјата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков повтори дека за решавање на прашањето потребно е да се направат правилни работни групи во кои, освен историчари, ќе влезат луѓе од бизнисот, културата, инфраструктурата. Тој истакна дека може многу да се добие. – Ако не се излезе со тимовите кои ги…
Селекторот на Италија, Роберто Манчини ги сумираше резултатите од квалификацискиот натпревар за СП 2022 година со Северна Ирска (0:0). Италијанците завршија на второто место во групата, зад Швајцарија, а сега ќе играат во баражот. – Ништо не може да се направи сега. Во март ќе одиграме натпревар во кој ќе треба да го дадете максимумот. Сега имаме проблеми со головите и покрај тоа што ја имаме топката и иницијативата. Северна Ирска се бранеше со полна сила, а ние не можевме да ја пробиеме нивната одбрана. Штета, одамна требаше да освоиме групата. Треба само да се вратиме на она што ни…
Поради уличен дефект од Ф-100 мм во населба Пржино, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Жванска, Наум Охридски и Востаничка, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до санирање на дефектот.
Во текот на вчерашниот ден полицијата на територијата на државата санкционирала 401 возач, кои се движеле со брзина поголема од дозволената, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од санкционираните, 29 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 230 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 171 надвор од населено место. Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и…