Author: НОВА ТВ
Научниците, кои ја следат ерупцијата на Кумбре Виеја на шпанскиот остров Ла Палма, тврдат дека набрзо нема да заврши активноста на вулканот. Ерупцијата на Кумбре Виеја почна на 19 септември и четири недели не престанува неговата активност. Шпанскиот Национален географски институт соопшти дека на Ла Палма денеска се регистрирани 42 сеизмички активности, а најсилниот потрес бил 4,3 степени според Рихтеровата скала. Лавата уништи 1.800 станбени згради, 742 хектари земјиште, а од островот се евакуирани 85.000 луѓе.
Највисоките претставници на политичките партии и институции во Косово денеска ги повикаа граѓаните масовно да излезат на локалните избори и да ги изберат најдобрите кандидати за градоначалници и советници во 38 општини на Косово, јави Бета. Претседателката на Косово, Вјоса Османи Садриу, изјави дека денеска сите гласаат за квалитетот на животот во општините во кои живеат. – Без разлика за која општина гласате, се надевам дека уште еднаш ќе го докажеме нашиот демократски дух преку најголемо можно учество во фер и слободен процес, почитувајќи ги мерките против коронавирусот, рече Вјоса Османи Садриу. Премиерот на Косово, Албин Курти, откако гласаше, ги…
Излезноста на локалните избори на ниво на држава изнесува 20,47% при обработени податоци од 76,17% од избирачките места. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски информира дека најголема излезност има во општина Новаци – 43%, а следуваат Кратово со 37,47% и Крушево со 37,35%. Генерално, на повеќето гласачки места ситуацијата е добра, а само на шест избирачки места се гласа на стариот начин, бидејќи не може да се стигне да се смени апаратот, поради тоа што е потребно теренско возило, а станува збор за помал број на гласачи, кажа Даштевски. Претседателот на ДИК ги охрабри граѓаните да го дадат својот глас непречено…
Министерството за внатрешни работи (МВР) досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, изјави на денешната прес-конференција портпаролот во МВР, Тони Ангеловски. По отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрирани се по два настана на подрачјата на СВР Скопје, и по еден на подрачјето на СВР Штип, СВР Куманово и на СВР Велес. – Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место 2600 граѓанин ги фрлил гласачките ливчиња затоа што не му била дозволена помош од друго лице при гласањето. Се преземаат мерки за расчистување…
Метеж и редица од избирачи е сликата од гласачкото место 2653 во основното училиште „Аврам Писевски“ во Бардовци. Граѓаните чекаат и по најмалку дваесет минути за да го остварат своето право на глас, но најголемиот дел се истрајни во намерата. Од избирачкиот одбор информираат дека забавувањето на процесот не се должи на евентуален проблем со апаратите за отпечаток од прст, туку дека едноставно повеќето граѓани решиле токму во овој период од денот да излезат на гласачките места. Освен подолго од очекуваното време што го поминуваат на самото место, во училиштето „Аврам Писевски“ гласањето се одвива непречено, а единствено застој предизвикуваат…
Олимпискиот оган за Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, кои ќе се одржат од 4 до 20 февруари, ќе биде запален утре на античкиот стадион во грчката Олимпија без присуство на гледачи поради пандемијата на коронавирус, како што беше случај и за летните Игри во Токио. Третпат во трите децении на традиционалното палење на олимпискиот оган во колевката на олимпизмот свеченоста ќе биде без гледачи, соопшти Грчкиот олимписки комитет. – Поради ситуацијата поврзана со пандемијата Ковид-19, свеченоста ќе се одржи со строго почитување на локалниот здравствен протокол, објави Комитетот, кој на ист начин ја водеше свеченоста на палење на оганот во март минатата година за Игрите во Токио.…
Слободни, фер и транспарентни избори се суштински за секоја силна демократија, објави Амбасадата на САД на својата Фејсбук страница. – Денеска им аплаудираме на граѓаните на Северна Македонија, кои своето право на овој витален демократски принцип го остваруваат на локалните избори ширум земјата, стои во објавата на американската Амбасада. Во Северна Македонија денеска се одржуваат седмите локални избори на кои се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. На 3 480 избирачки места, граѓаните својот глас можат да го дадат за вкупно 10 831 кандидати од кои 299 за градоначалници, а останатите за советници, на 91 листа…
Тренерот на премиерлигашот Ливерпул, Јирген Клоп, оцени дека според актуелната форма неговиот фудбалер Мохамед Салах е најдобар играч во светски рамки. Клоп ја изнесе оваа оценка по саботниот триумф на Ливерпул над Ватфорд од 5-0 во кој египетскиот напаѓач постигна гол и запиша две асистенции. За Салах тоа беше 10 гол сезонава во Премиер лигата, запишувајќи се во листата на стрелци на последните осум натпревари на Ливерпул. – Неговата игра на натпреварот беше одлична. Додавањето при првиот гол беше фантастично, а вториот гол беше нешто посебно. Тој е топ играч, тоа сите го гледаме. Кој е подобар од него? Не…
Тана де Зулуета: Го набљудуваме гласањето и примената на новата технологија, оценка за изборите утре
Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права – ОДИХР ги мониторира локалните избори на покана на Владата. Имаме тим од 165 набљудувачи, од кои 126 се краткорочни набљудувачи, кои се распоредени низ земјата. Ова ќе ни овозможи систематско набљудување на гласачките места, што минатата година не бевме во можност да го спроведеме, изјави шефот на Mисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори во Северна Македонија, Тана де Зулуета по посетата на избирачкото место бр. 2805 во општина Центар. – Бидејќи не станува збор за географски голема земја, со над 100 набљудувачи може да добиете статистички значајна анализа…
Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, соопшти дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес и оти до неа до претпладнето се пристигнати неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности сторени на подрачјето на Основното јавно обвинителство Скопје. Дежурен јавен обвинител од скопското обвинитeлство е присутен во седиштето на СВР Скопје каде заедно со Штабот во рамките на оперативна акција Избори 2021 година во рамки…
Излезност од 10,32% до 11 часот – Од ДИК велат дека засега нема никаде потреба да се запре гласањето
Највисока излезност од 25,84% до 11 часот е регистрирана во општина Новаци, а следува Крива Паланка со 20,40%, додека пак најниска излезност е забележана во општина Врапчиште од 4,92%, информираа од ДИК. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска истакна дека на одредени избирачки места не функционирале фингерпринт апаратите поради две причини – лошо ракување и лош квалитет на базата на податоци. -Во однос на прекините на избирачките места, доколку прекинот траел помалку од еден час гласањето продолжува нормално и ќе заврши до 19 часот. Доколку траел од еден до три часа ќе се продолжи гласањето за онолку за колку што траел…
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски претходно во текот на денот информира дека гласањето почнало во 7 часот и сите избирачки места се отворени од избирачките одбори, процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено. -Во одредени избирачки места кои се во помал број се појавија одредени потешкотии околу ракувањето со уредите, дел од нив веќе се надминати, а дел тековно се отстрануваат со помош на техничките лица на самите избирачки места. Во некои избирачки места каде поради лоши отпечатоци не можат да се препознаат, гласањето тече со оставање отпечток во хартиениот избирачки список, во кои…