Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Од Комисијата за заштита на конкуренција за НОВА потврдија дека Клиниката за хематологија поднела барање за поведување на прекршочна постапка против двете веледрогерии кои настапиле со однапред договорени енормно високи цени на тендерот за лекот Иматиниб
Обезбедени се лекови за повеќе од еден месец за пациентите со хронична миелоична леукемија(ХМЛ), но како понатаму ќе оди снабдувањето со лекот, се уште е неизвесно
Во целата драматична ситуација со лекот кој за пациентите значи живот, не се откриваат имињата на веледрогериите кои „уценувале“ со високите цени на лекот и со тоа го довеле во опасност животот на 130 пациенти болни од хронична миелоична лекемија
Веледогериските моќници повторно се обидуваат да се богатат на сметка на тешко болните, а бирократските процедури само ја отежнаа и блокираа набавката на лекот Околу 130 луѓе заболени од леукемија(хронична миелоична лекемија) останаа без неопходниот лек поради два пропаднати тендери, дознава НОВА. Станува збор за лекот Иматиниб кој пациентите не го добиваат веќе една недела бидејќи залихите се потрошени. Тендерите пропаднале-едниот поради однапред договорени цени на добавачите и вториот поради бирократски процедури. „Седум години го примам лекот кој е неопходен за мојата болест. Порано добивав по една кутија со 30 таблети и тоа ми е доволно за еден месец. Во…
Јасмина Цицкариќ, мајка на 15 годишна средношколка со дијабетес, денеска на Светскиот ден на дијабетесот јавно праша кога ќе бидат набавени сензорите за децата и адолесцентите со дијабетес тип 1. За нејзината ќерка е многу важно честото контролирање на шеќерот во крвта бидејќи во адолесценција, хормоните силно влијаат на гликемијата. Но,на нејзиното прашање немаше кој да одговори бидејќи министерот за здравство Венко Филипче си замина порано од настанот и не го слушна нејзиното прашање. Сепак, новинарите успеаја да го прашаат кога ќе бидат набавени сензорите за децата со дијабетес, на што тој одговори дека уште не знае бидејќи се прават…
Лекот „Спинраза“ седумте деца со спинална мускулна атрофија ќе го добијат околу 25 ноември кога се очекува да дојде лекар од Загреб за им ја аплицира терапијата, потврди за НОВА, Наташа Најдановска Алуловска, директорка на Клиниката за детски болести. „Точно е, се чека да пристигне лекар од Загреб со големо искуство во оваа проблематика кој ќе биде присутен на првата апликација. Тоа е така, затоа што кај повозрасните деца, а особено тие што имаат деформитети на рбетниот столб е покомплицирано. Понатаму, ќе превземат нашите лекари“, изјави за НОВА, Алуловска. Вчера министерот Филипче информира дека лекот е стигнат и дека е…
Во дворот на ОХИС и околу него нема пристуство на метил акрилат мономер. Околу резервоарот и старите цевки биле забалежани кратки детекции и одредена концентрација која се менува повремено. Ова го покажале инструментите на Лабораторијата „ЕМБИКОН“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. На местото на инцидентот каде што вчера се излеала вода со која се миела цистерна со оваа опасна материја денеска беа и професори од УГД, кои дошле да видат што се случува и да ја проверат документацијата на фирмата „Еко центар 97“ бидејќи тоа било побарано од нив. „Околу објектот не е регистрирано ништо, околу резервоарот и старите…
Четири училишта во државата ќе влезат во Пилот проектот со кој ќе се изучува Сеопфатно сексуално образование. Се уште не се знае кои училишта ќе влезат во програмата, но тоа ќе бидат училишта со мешан етнички состав и од различни средини Четири училишта од рурална и урбана средина ќе влезат во Пилот проектот за Сеопфатно сексуално образование (ССО), чија реализација треба да започне во септември 2021. Се уште не се знае кои училиштата ќе влезат во програмата, но секако тоа ќе бидат училишта со мешан етнички состав кои ќе ги избере Бирото за образование, вели Бојан Јовановски извршен директор во…
Наташа Најдановска-Алулоска и официјално е новата директорка на Клиниката за детски болести, информираат од Министертвото за здравство. Таа е назначена на местото на досегашната директорка Катарина Ставриќ, која во февруари годинава побара да биде разрешена. За нова директорка на Клиниката за Максилофацијална хирургија е назначена Даница Поповиќ-Моневска, која доаѓа на местото на Славе Наумовски. Министерството за здравство информира дека по објавените јавни конкурси за именување директори во јавни здравствени установи, заклучно со 6 ноември, се назначени нови директори на овие две Јавни здравствени установи. Во останатите јавни здравствени установи, кои беа опфатени со овој конкурс, за директори се именувани досегашните…
Новоназначениот директор на Здравствен дом Виктор Исјановски го разреши од советник неговиот претходник Злате Мехмедовиќ кој на таа функција бил по сопствено инсистирање Виктор Исјановски досегашниот в.д. е назначен за директор на Здравствениот дом во Скопје, потврдија за НОВА од Министерството за здравство. За ова директорско место конкурирал и поранешниот директор Злате Мехмедовиќ, кадровик на СДСМ кој беше разрешен пред неколку месеци, а на социјалните мрежи се правеше петиција и се собираа потписи меѓу неговите приврзаници, за негово повторно назначување. НОВА дознава дека Мехмедовиќ денеска е разрешен и од местото Советник за специјалистичка дејност во Здравствен дом, на кое сам…
Во Веле Поле, просторот во населбата Ѓорче Петров, каде што треба да биде изграден новиот Клинички центар во моментот нема никакви активности. Во Општина Ѓорче Петров потврдуваат дека е донесен само Урбанистичкиот план, а се друго околу инфраструктурата е предвидено во тендерската постапка во Министерството за здравство. „Донесен е урбанистичкиот план, следниот чекор е сообраќајницата. Но, се останато како што е идеен, главен проект и се друго, е во надлежност на Министерството за здравство“, изјави за НОВА, Александар Наумовски градоначалник на Општина Ѓорче Петров. Постапката со тендерот во моментот е втора фаза на дијалог и во ресорното Министерство велат дека…
Амбулантата во Ѓорче Петров ќе оди под јавно приватно партнерство. Советот на Општина Ѓорче Петров на последната седница ја изгласал одлуката – руинираните и распаднати бараки на амбулантата да се дадат на приватен партнер, кој ќе изгради повеќенаменски комплекс во кој покрај амбуланта ќе има и градинка, можност за изградба на геријатрија, како и мал трговски центар. Во Општината велат дека одлуката за ваков проект ја донеле поради потребата на граѓаните за подигање на стандардот на здравствените, социјалните и административните услуги, а со оглед на тоа што Општина Горче Петров не располага со буџетски средства и капацитет да ја гарантира…