Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Нема заштитни маски против загадениот воздух за околу 50.000 хронично болни иако пред повеќе од месец и половина, на почетокот на декември министерот за здравство Венко Филипче од говорницата на Владата најави дека најризичните, хронично болни ќе добијат бесплатни заштитни маски, како една од формите за заштита. НОВА не доби никаков одговор од Министерството за здравство што е со заштитните маски кои ги вети Филипче, дали е распишан тендер за набавка и зошто хронично болните и децата досега не ги добија ветените заштитни маски. Филипче на прес конференција во Владата тогаш најави дека се прават пресметки колкав е бројот на…
Енормното загадување на воздухот ги наполни болниците и предизвика компликации кај хроничните болни, особено тие кои страдаат од астма и хронични белодробни заболувања. Клиниката за Пулмологија и алергологија е преполна и таму веќе нема слободни кревети. Директорот Дејан Докиќ за НОВА потврди дека сите нови случаи се третираат амбулантски, а потешките кои се од Скопје доаѓаат да примаат терапија во дневна болница. „Зголемен е бројот на пациенти кои се жалат на гушење и влошување на здравствената состојба и тие се најчесто со астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). На Клиниката нема веќе слободни кревети, пациентите кои доаѓаат ги третираме…
Од Здружението „Момент плус“ тврдат дека пациентите не добиле ништо од тоа што кон крајот на минатата година им го ветил министерот Филипче. За 12 пацинети кај кои болеста се третира како секундарна, односно е добиена како последица од друга болест, нема да има лекови. Меѓу нив има и деца
На тендерот, квалитетот треба да е приоритет, а не најниската цена! Нели, оваа власт токму заради најниската цена на тендерот за вакцини ја критикуваше претходната. Време е да бидат доследни на себе и да ја вратат довербата кај граѓаните!
Во Клиничкиот центар денеска протестираат административните работници. Револтот се однесува на одлуката за покачувањето на платите со која администрацијата треба да добие покачување на платите од 5%, кое ќе се исплатува дури од месец септември 2019 година. Во Синдикатот на Клинички центар најавија дека е договорена средба кај министерот Филипче да се разговара за ова прашање. „Договоривме средба за 15 часот која се однесува токму за покачување на платите на администрацијата“, кратко одговори Горан Беговиќ, претседател на Синдикатот на Клинички центар. Вчера завршија преговорите за зголемување на платите во јавното здравство, со кои докторите специјалисти и наставно-научен кадар ќе добие покачување…
Седмиот случај со морбили кој вчера беше сомнителен, денеска е и официјално потврден, со лабораториски анализи. Станува збор за сестра близначка на едно од заболените девојчиња во градинката во Радишани. Резултатите од анализите кај нивната мајка која исто така беше сомнителна покажале дека таа не е заразена со морбили. -Се уште не е помината кризата од појава на нови заболени кои се заразиле од првиот случај бидејќи инкубацијата трае од 12 до 21 ден, вели во ПРОЦЕС прим.др. Биљана Даниловска специјалист епидемиолог од Центарот за јавно здравје, Скопје. За тоа, што значи пад на колективниот имунитет и кои се причините…
До сега МВР нема дадено никаква согласност за Судот да може да распише меѓународна потерница за гинекологот Николче Дамчевски. Ова за НОВА го потврдија од Основниот суд 1 Скопје
НОВА од свои извори дознава дека Дамчевски не ја напуштил Бугарија и се уште се наоѓа во Софија, а од колегите и од раководството на болницата бил советуван да се предаде и да оди на издржување на затворската казна
Околу 500 аптеки од вкупно 778 со кои Фондот има склучено договор ќе добијат рамномерно зголемување на квотите од 20 000 денари месечно. Неофицијално, ланецот на аптеки Зегин е правниот субјект на кој ќе му биде намалена сумата за лекови на рецепт
Доколку инспекторите често наидуваат на фирми кои се во т.н сива зона, работат без дозвола, не плаќаат даноци и не можат да гарантираат за квалитетот на стоматолошките материјали, се поставува прашањето во каква состојба е стоматолошката дејност и кој гарантира за здравјето на пациентите
Сухел Ахмет од Шри Ланка и Ахмет Шакир од Бангладеш, од денеска почиваат на македонска територија. По шест месеци, институциите конечно ја завршија процедурата и го одобрија погребот, а нивните посмртни останки денеска беа погребани на гробиштата во Бутел
Телата на двајцата мигранти кои шест месеци се во капелата во Бутел, ќе бидат погребани денеска во 14 часот. Погребот го организира и сите трошоци ќе ги покрие Центарот за социјална работа на Скопје. Ваквата одлука е донесена веднаш откако обвинителката која го води случајот испратила допис со кој се потврдува дека телата се идентификувани дека може да се погребат. „Дописот од ОЈО стигна пред два дена и ние веднаш го организиравме погребот. Телата ќе бидат погребани утре(петок) во 14 часот на гробиштата во Бутел, согласно со законските процедури и верските обичаи. Сите трошоци ќе ги покрие Центарот за социјална…