Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил објави дека вечерва телефонски разговарал со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски за да се информира за состојбата со пожарот во фабриката „Жито Битола“. -Министерот Спасовски и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се во постојана комуникација со општината, а екипите на МВР навремено пружија поддршка за локализирање на пожарот. Благовремената и координирана реакција го спречи ширењето на пожарот и предизвикување на поголема штета, напиша Ковачевски на ФБ, за немилиот настан со пожарот во битолската фабрика за производство на леб „Жито Битола“.
Пишува : Нано РУЖИН Дали светот е на работ на отворен воен судир помеѓу Русија и Украина, во кој би се вмешале и САД? – Овие гласини се шират низ разни светски медиуми кои никогаш не доцнат зад сензационализмот. Таквите вести се шепотат и во Белата Куќа. Но, тоа е веќе традиционална форма на функционирање на големите сили: итно да се реагира на секоја црвена крпа во зависност од имагинацијата на нејзините автори или да се оспори американската супериорност од страна на Кремљ. Уште од Студената војна, Американците предупредуваа на можната инвазија на Европа од страна на СССР, а во…
Новиот бугарски премиер го одби барањето на Русија, НАТО да се повлече од Бугарија. Петков беше повикан во Парламентот од страна на ГЕРБ, да се изјасни за барањето на Русија за повлекување на силите на НАТО од сите земји кои не биле членки на Алијансата во периодот пред 1997 година, што ги вклучува земјите од Централна и Источна Европа,меѓу кои се и Романија и Бугарија. Петков ја повика Руската федерација да остане ангажирана во дијалогот за деескалација на тензиите и да работи за посигурна Европа. Рече и дека, Вашингтонскиот договор не предвидува втора категорија држави-членки, за кои колективната одбрана би…
Официјален Букурешт денеска го оцени како „неприфатливо“ барањето на Русија за повлекување на странските трупи на НАТО присутни на романска територија во рамките на договорот што Москва го бара за да започне деескалација на украинската криза. – Таквото барање е неприфатливо и не може да биде дел од предмет на преговори, се вели во соопштението на романското МНР. Руското Министерство за надворешни работи претходно повика на повлекување на странските трупи на НАТО од двете земји-членки, Бугарија и Романија, велејќи дека е потребно „повлекување на странските сили, опрема и оружје“, како и други мерки за враќање на ситуацијата од пред 1997 година во земјите кои тогаш не беа членки…
Балканот е во срцето на европскиот континент, тие носат лузни кои не потсетуваат и на несигурноста на мирот и на нашата унија“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон претставувајќи ги приоритетите на француското претседателство пред претениците во ЕП. „Затоа сега сме повикани да знаеме како да ги преиспитаме нашите односи со земјите од Западен Балкан. Тоа според францускиот претседател не треба да биде „членство против, за да се одбијат странските обиди за дестабилизација на сегашно време, туку членство за пристапување на проектот (на ЕУ) во разумен рок“. Во врска со оваа изјава на францускиот претседател НОВА побара коментар од европратеникот и…
Претседателот на бугарското Народно собрани, Никола Минчев, денеска најави дека премиерот Кирил Петков ќе дојде меѓу народните избраници за да биде сослушан од нив на барање на пратеничката група на ГЕРБ-СДС. Како што јави дописникот на МИА од Софија, поради руското барање НАТО да се повлече од Бугарија и Романија, ГЕРБ побара во парламентот да бидат сослушани премиерот Кирил Петков, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за одбрана Стефан Јанев.
Полицијата вчера доцна попладнето на патот Штип кон селото Шашаварлија затекнала превртено патничко возило „застава“ без регистерски таблички. Возилото било натоварено со огревно дрво без соодветна документација. Возилото со огревните дрва е одземено и предадено на Шумска полиција. Во овој дел на Општина Штип граѓаните постојано алармираат на дива сеча на шумата, а лицата кои тоа го прават се со моторни пили, а за транспорт на дрвата користат стари возила без регистерски таблички, кои може да се забележат во населбите Света Недела, Радански Пат, Дузлачки Рид, како и во Сењак. Акција заедничка имале и полицијата од ОВР-Кочани заедно со Шумската…
Демократскиот Сојуз како дел од колачот на власта, на подарок од СДСМ – ДУИ долгогодишно го имаше ЈП Градски паркинг во свое владение, а за возврат обезбедувале привилегии, повластувања за функционери на власта, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. ЈП Паркинзи било претворено во своевиден штаб на Демократскиот Сојуз, со тоа што службени возила, телефони и простории биле на дофат на партијата. Директори, министри, функционери, разни раководни кадри со години паркирале бесплатно низ Скопје, користеле повластена позиција, на сметка на граѓаните, а тоа им го овозможувале директорите на паркинзи од Демократскиот Сојуз,тврдат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. – Оставам простор од 24 часа, за одговори…
На 21 јануари 2022 година, во просториите на МНР се одржа тематска дискусија во рамки на проектот Рефлексија 2030, чија цел е резвивање на Стратегијата за надворешна политика за следните 10 години. Денешната дебата беше посветена на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. Воведно обраќање на настанот имаше министерот за надворешни работи Бујар Османи кој ja претстави визијата, како и преземените активности во функција на квалитетна подготовка на проактивно и препознатливо претседавање со ОБСЕ и промоција на нашата надворешна политика во еден поширок мултилатерален контекст. „Претседавањето со ОБСЕ e наш врвен приоритет во наредните години. Од…
Зимската служба и службите за одржување на хигиената на Општина Центар од рано утринава се на терен и го расчистуваат наврнатиот снег на улиците, тротоарите и јавните површини во општината. Особено внимание се посветува на критичните места, во подножјето на планината Водно. Со 5 специјални возила за расчистување на снег се чистат коловозите, јавните површини, тротоарите, велосипедските и пешачките патеки, а на улиците фрлени се и 44 тони сол за превенција од замрзнување на коловозот. Се расчистуваат сите улици на територија на општината, а општината е во постојана комуникација со граѓаните, со цел навремено и ефикасно делување на терен.…
Малите партии велат се задоволни што наидуваат на поддршка за промена на изборниот модел и се надеваат дека сите партии ќе постигнат согласност по ова прашање. Но, тие се децидни дека промената на изборниот модел од шест во една изборна единица е позитивен чекор, но дека тоа не значи поддршка на идејата на Мицкоски за предвремени парламентарни избори. „Право на опозицијата е да бара предвремени избори, но ДОМ не планира да ја промени страната, ниту да биде една од партиите што ќе поддржи распуштање на Собранието, изјави претседателката на ДОМ, Маја Морачанин дополнувајќи дека барањето на помалите партии за една…
Рускиот предлог како гаранции за безбедност вклучува повлекување на силите на НАТО од Бугарија и Романија кои и се приклучија на алијансата во 1997 година, соопшти Руското министерство за надворешни работи, пренесува РИА новости. „Еден од столбовите на нашата иницијатива, е формулиран многу јасно и не дозволува двосмислени толкувања. Станува збор за повлекување на странските сили, опремата и вооружувањето како и други чекори за враќање на конфигурацијата од 1997 година на територијата на земјите кои не се членки на НАТО во тоа време. Ова ги вклучува и Бугарија и Романија“, одговори Министерството за надворешни работи во писмените одговори на прашањата…