Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Иефимерида.гр ја пренесува приказната на првиот спасен македонски граѓанин кој вчера се соочи со застрашувачката ситуација предизвикана од ветерот и морските струи кај Посиди. Станува збор за 25 годишниот Васил Брезовски. Тој раскажал дека кога влегле во водата, времето и временската ситуација општо, не навестувале дека за толку брзо време ќе се променат условите во морските води кои буквално од плиткото крајбрежје ги оттргнале и ги влечеле кон внатрешноста кон морската шир. Се се случило за многу кусо време раскажал Васил, кој изјавил дека буквално за неколку секунди се променило се и од мирни води на крајбрежјето се нашле на…
Лидерите на протестното движење во Шри Ланка, кои ги избркаа претседателот и премиерот од нивните службени резиденции, денеска изјавија дека ќе останат во палатите додека двајцата не ги напуштат позициите. „Претседателот мора да поднесе оставка, премиерот мора да поднесе оставка и владата мора да си замине“, рече драматургот Рувантид Чикера на прес-конференцијата на местото на протестот, а потоа и други лидери кои помагаат да се координира антивладиното движење, објави Ројтерс. Претседателот Готабаја Рајапакса и премиерот Ранил Викремесинг планираат да поднесат оставки, објави вчера претседателот на Парламентот.
Во кинескиот град Шангај, откриен е случај на корона вирус кој вклучува нов омикронски сој БA.5.2.1, изјави денеска Жао Дандан, заменик директор на градската здравствена комисија. Случајот, регистриран во финансиската област Пудонг, бил поврзан со случај од странство, изјавил Жао, пренесува Ројтерс.
Најнапред хеликоптерот што учествувал во спасувачката акција, го лоцирал исчезнатиот, по што бил информиран товарен брод, што се наоѓал во близина кој потоа го спасил Македонецот, по што бил преземен од чамец на грчката крајбрежна служба. Медиумите во Грција кои со огромен интерес од вчера го следат случајот, јавуваат дека станува збор за 30 годишниот Иван, кому вчера му било роденден. Градоначалничката на Касандра Анастасиа Халкиа за солунскиот информативен портал „Ворија“ вели дека веројатно добрата физичка состојба и смиреноста биле пресудни што и по 18 -19 часа во морето, останал жив. „Искрено сум многу среќна откако дознав дека е жив…
Српското Министерството за семејна грижа и демографија денеска оцени дека Србија се соочува со „исклучително тешка демографска слика“ и факт дека бројот на жители паднал под седум милиони. „Бројот на починати се зголемува во однос на родените, а само минатата година нашата држава загуби над 74.000 жители, што е град со големина на Зрењанин“, соопшти Министерството по повод Светскиот ден на населението, пренесе Бета. Бројките за првите шест месеци од годинава покажуваат дека 2022 година, како што наведуваат од министерството, ќе биде уште потешка кога станува збор за демографската слика на Србија. Тие објаснија дека тие статистики многу се совпаѓаат…
Иднината на младите македонски генерации е во ЕУ, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во своето обраќање на петнаесеттиот Летен камп „Трајче Нешкоски“ во организација на Социјалдемократската младина.. Претседателот Ковачевски пред младите истакна дека последниот европски предлог за почеток на преговорите со ЕУ гарантира чиста формулација на македонскиот јазик, што значи затворање на сите идентитетски прашања. Тоа значи излез од чекалната во која државата е цели 17 години и сигурна иднина. „Со последниот европски предлог имаме чист македонски јазик во ЕУ, тоа значи крај на сите идентитетски премрежја на македонскиот народ кои со векови наназад ги преживувал. Во ЕУ ќе…
Во понеделник, на пленарна седница, Собранието го разгледува изменувањето и дополнувањето на Буџетот за 2022 година. Додека го разгледував експозето и материјалите, добив инспирација за оваа колумна, во која ќе опфатам неколку теми, кои вистина се обемни и засебни, но имаат силна меѓуповрзаност, а тоа се глобалните економски случувања, буџетот и неговото финансирање и еу-перспективите. Секогаш настојувам преку моите колумни да антиципирам и да ја прикажам големата слика, бидејќи економијата секогаш бара стратегија и планирање. Така и во овој текст, преку факти ќе зборувам за аспектите на државните финансии во тековниот контекст и како полесно ќе стигнеме до она што…
И покрај тоа што глобалното економско окружување носи крупни предизвици, носителите на економските политики преземаат силни мерки и политики, беше заклучено од страна на директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, на онлајн средбата со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии, Фатмир Бесими. Нејзиното видување за соодветните економски политики, првата жена на ММФ го истакна и на нејзиниот твитер профил. Доказ за соодветноста на политиките е и можноста за пристап до Инструментот за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ), преку кој ММФ ќе обезбеди дополнителна ликвидност за нашата земја за надминување на тековните предизвици, што всушност…
Грчките медиуми објавија видео од спасениот 30 годишен македонски граѓанин кој како што објавивме, бил најден од товарен брод кој пловел на југозападниот дел на Касандра, под знамето на Гибралтар. По 17 часа во вода , лицето било во релативно добра здравствена состојба, информираа грчките надлежни служби. https://www.youtube.com/watch?v=CWmSLcb9ecY
По добиените информации за несреќата во Посиди, Грција, од вчера (09.07.2022) нашите дипломатски-конзуларни претставништва во Грција се во интензивна комуникација со надлежните грчки органи, односно со крајбрежната служба за спасување. „Според досегашните информации, вчера околу 15:00 часот тројца наши државјани кои влегле во морето, поради лошото невреме се нашле во беспомошна ситуација да се оддалечуваат од брегот. Со помош на едно приватно пловило, едниот од загрозените вчера бил спасен после два часа поминати во вода. По продолжување на потрагата денес, утрово е добиена потврда за пронаоѓање на уште еден од групата, кој исто така е во добра здравствена состојба, иако…
Пристигнати се вкупно 691 апликација на четирите јавни огласи за доделување под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари кои ги распиша Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Вкупната површина која со овие четири јавни огласи беше ставена на располагање е 4.294 хектари распределени во 31 регион низ државата. Намената на овие четири јавни огласи е за подигнување на долгогодишни насади и оранжерии за период до 30 години, подигнување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигнување на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период…
Имајќи ја предвид нашата длабока политичка поларизација, мали се шансите некој политички субјект да може да собере две – третини од парламентарното мнозинство за да ги поддржи промените на Уставот за вклучување на Бугарите, вели претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во интервјуто за „Етнос.гр“. За францускиот предлог ги објаснува следните чекори што би следеле на патот кон ЕУ. „Веќе го нареков како еден вид транзиционен компромис со една вродена блокада на патот. Имено, ќе ги отвориме преговорите, а тоа е најголемата придобивка од модифицираниот француски предлог, започнување на преговорите по 17 години чекање. Но, по скрининг- процесот, постои еден…