Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Во услови на глобална енергетска криза Владата, институциите предводени од СДСМ преземаат мерки за справување со истата како и за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството. Ширум светот расте цената на електричната енергија и природниот гас, како за домаќинствата така и за стопанството. Најизразено е поскапувањето на цената на струјата во Турција која за домаќинствата е поскапена за 50 отсто, додека за компаниите и до 125 отсто. Во Италија цената на струјата за домаќинствата е поскапена за 55 отсто, додека цената на природниот гас се зголемува за 41 отсто. Со навремена интервенција Владата предводена од СДСМ кај нас успеа да…
Од денеска на границите меѓу Северна Македонија , Србија и Албанија ги нема фитосанитарните и ветеринарските инспекции, бидејќи трите земји ги усогласија лабораториските анализи за прехранбените производи. Ова значи дека храната што тргнува од Северна Македонија кон Србија, не треба да биде контролирана и во Србија зашто претходно веќе била контролирана кај нас. Ова стана возможно откако во трите национални парламенти, беше поддржан Договорот за соработка во ветеринарската, фитосанитарната како и во областа за безбедност на храната.Она што ги интересира земјоделците и сточарите сега, е кои субвенции би требало да ги очекуваат и каква ќе биде годината, пласманот на производите…
На Клиниката за хематологија заврши инсталацијата и обуката за работа на новиот проточен цитометар. Набавката на новиот апарат ќе ја унапреди и осовремени работата и ќе овозможи адекватно да се одговори на секојдневно зголемениот обем на работа. – Лабораторијата за имунолошки анализи на Клиниката е единствена од овој вид во нашата држава и во неа се дијагностицираат и следат ефектите од терапија и спроведување на трансплантациите на пациентите со малигни хематолошки болести. – Изминатите четири години Клиниката за хематологија е комплетно реновирана според европските стандарди и услови за хоспитализација. – За првпат во нашата држава се воведени сите услуги од…
Полициски службеници на СВР Тетово- Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (2 јануари) околу 18 часот и 15 минути ги лишиле од слобода: Ј.О.(27), Д.О.(30), Ф.О.(29) и А.О.(19) од Република Косово и Б.Д.(29),Г.Ѓ.(25), М.Ѓ.(41) и С.Ѓ.(30) од Гостивар, поради сомнение за нивна инволвираност во меѓусебна физичка пресметка која околу 14 часот и 50 минути се случила на ски-терените на Бистра во Маврово. Според пријавеното, во физичката пресметка биле употребени и тврди предмети, а две лица, А.О. и С.Ѓ. се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде во меѓувреме биле пренесени за укажување на лекарска…
Во триесет години сме имале 19 министри за образование, 17 за економија, 13 за екологија, 13 за земјоделие, 7 за развој (постоело до 2002, „после сме се развиле“)… Се на се, во просек од 18 до 22 месеци. Наздравје празнициве! Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Најпрво да упатам честитки со желби за просперитет во новата 2022 година во која СКСМ слави 100 години од своето постоење и со тоа како најстара институција во државата не обврзува на највисок професионализам, одговорност и посветеност во нашето работење. Токму затоа денеска во првиот работен ден сакам да прокоментирам определени…
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2021 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 3 јануари 2022 година. Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во…
Пишува: Нано Ружин Владата на ВМРО-ДПМНЕ во времето кое му претходеше на Самитот во Букурешт и во пост-букурешкиот период се однесуваше парадоксално речиси фаустовски. Раководството на чело со премиерот Груевски беше подготвено да го прослави евентуалното зачленување во НАТО, како признание за „правилната политика“ на лидерот во изминатите две години. Во случај на успех, партијата и уметниците и свечената бина, беа подготвени за колективната прослава на централниот плоштад во Скопје. Но екипата на Груевски имаше и план „Б“, кој би се активирал во случај на ефектуирање на грчкото „вето“ и неуспехот на приемот на државата во НАТО. Таквото сценарио предвидуваше…
Орце Камчев, еден од обвинетите во случајот „Плацеви на Водно“ вчера во 13 часот се појавил на прегледи кај др. Васко Василевски во приватната болница „Аџибадем Систина“ каде имал закажано гастроскопија и колоноскопија, дознава НоваТВ. Дозвола за излегување од затворот „Скопје“, каде Камчев е во притвор, добил од судијата во случајот „ Плацеви на Водно“ Илија Трпков, откако до него стигнал дописот од затворскиот лекар со назнака ИТНО, кај кого Камчев се обратил ден претходно за преглед, поради болки во стомакот. На Камчев кој инаку е дел од бордот директори на „Аџибадем Систина“, откако ги поминал вчерашните прегледи на одделението…
Итното формирање на Фонд за животна средина треба да претставува еколошки приоритет на македонските власти во 2022 година. Тоа е и една од главните желби на Еко-свест за во Новата 2022 година. Преку формирањето на Фондот за животна средина, Еко-свест смета дека ќе се постигнат долгорочните резултати во заштитата на животната средина, борбата со климатските промени, односно ќе се придонесе кон систематско и одржливо решавање на најголем дел од еколошките проблеми и предизвици со кои Република Северна Македонија се соочува повеќе години наназад. Нужно е воспоставување на посебен Фонд за животна средина, каде ќе се слеваат сите приходи по основ на еколошки такси и даночно оданочување за…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на пригодна свеченост во рамките на програмата за одбележување на 30 годишнината од независноста, на пратениците од првиот состав на повеќепартиското Собрание од 1991 до 1994 година им додели плакети со благодарност како израз на длабоката почит за нивниот исклучителен придонес во создавањето и развојот на нашата независна и суверена држава. Во своето обраќање на свеченоста, премиерот Заев истакна дека благодарницата е признание и за Декларацијата за самостојност, за одлуката за распишување на Референдумот, за воведувањето на плурализмот, за воспоставувањето на новите демократски институции, за изборот на првата демократска Влада, за…
На ревијалниот шаховски натпревар, покрај претседателот Пендаровски учествуваа шаховскиот велемајстор Роландо Кутиров, Јована Трајчевска која на осум години стана балкански првак за слепи лица во категоријата јуниори, како и Марко Зафиров, државен првак во шах за млади кој наредната година ќе учествува на Европското првенство во шах за млади во Струга. Натпреварот претставуваше и можност претседателот Пендаровски да поразговара со Марко и со Јована за нивните досегашни достигнувања во шахот, како и за освоените награди и медали. Настанот се организираше со цел да се актуелизира шаховската игра, да се продлабочи соработката со шахистите, како и да се овозможи инклузивен пристап…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 5.489 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 196, Битола – 36, Охрид – 20, Кавадарци – 18, Прилеп – 17, Струмица и Гевгелија – по 11, Велес – 9, Крива Паланка – 7, Куманово и Штип – по 6, Кичево, Неготино, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 4, Тетово, Кочани и Делчево – по 3, Радовиш – 2, Струга, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани…