Author: Mirjana

Суданските власти денеска соопштија дека 58 полицајци биле повредени за време на протестот против воениот удар, јави државната телевизија. Во соопштението на Комитетот за безбедност на Картум се додава дека 114 лица се уапсени и се соочуваат со судски процес. Демонстрантите повторно протестираа во Картум и други судански градови против воениот удар во октомври, и покрај тоа што безбедносните сили се обидоа да ги блокираат со солзавец и да ги прекинат телекомуникациите. Безбедносните сили употребиле солзавец за да ја растераат толпата, а Централниот комитет на суданските лекари соопшти дека за време на протестот биле повредени 178 лица, од кои осум…

Read More

Во обид да ги охрабри брачните двојки, папата Франциск рече дека пандемијата ги влошила постоечките проблеми во некои семејства, ги повика двојките да побараат помош и потсети дека трите клучни зборови во бракот се: „Молам, благодарам и извини“. Папата напиша писмо до брачните двојки, што беше објавено денеска, на католичкиот празник на Светото семејство, со кој се слави споменот на семејството на Исус. Во писмото, папата Франциско наведува дека блокадите, ограничувањата и карантинот ги принудуваат семејствата да поминуваат повеќе време заедно и истакна дека таквата наметната заедница го тестира трпението на родителите, браќата и сестрите, а во некои случаи доведува…

Read More

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател предложи закон според кој за расистички навреди на Интернет на лице може да му биде забрането да присуствува на фудбалски натпревари до 10 години. – Ова лето видовме одличен натпревар кој беше нарушен со расистички говор на Интернет. Овие луѓе се криеја зад нивните тастатури и ги навредуваа играчите на Англија. Фудбалот предолго е извалкан со расизам. Луѓето треба да одговараат за своите постапки на Интернет. Предложените измени во законот ќе воведат забрана за присуство на фудбалски натпревари за прекршителите, рече Пател за „Sky Sports“. Претходно, Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) се пожали…

Read More

Изминатава недела ја заокружуваме со големи активности во земјоделскиот сектор.Го подмладуваме човечкиот капацитет во земјоделството. На 50 млади луѓе од сите региони на државата им беа доделени договори за финансиска поддршка во форма на грантови за започнување со земјоделска дејност. Од нив, 22 се жени. Овие млади лица ќе имаат можност да ги спроведат деловните планови со кои аплицирале на јавниот повик и да инвестираат во опрема за преработка, пост- бербени активности и земјоделска механизација. Би сакал да им честитам и да им посакам многу успех. Владата предводена од СДСМ е силно посветена на развојот на младите во руралните средини.…

Read More

Во рамки на годинешната прослава на Бадник, со симболично сечење на бадникови гранчиња денеска во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно, се одржа традиционалната средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2022 година. На прославата која по 30-ти пат ја организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје, симболичното сечење на бадниковото гранче први го направија годинашните кумови и здравичарот – Драган Спасов Дац и Александар Митевски и Живко Поповски Цветин. Присуствуваа и минатогодишниот кум и здравичарот – д-р Никола Пановски и д-р Миодраг Врчаковски, градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари. – На денешниот ден продолжува…

Read More

Пијан возач „влетал“ во кафеана на магистралата А3 на влезот во Македонска Каменица. Очевидци на настанот велат дека ова е четврти пат како пијани возачи „влетуваат“ во оваа кафеана на влезот во градот. – За жал често се случува поради пијанство да сме сведоци на немил настан. Кафеаната е на самиот влез на градот и возачите наместо да возат внимателно, во доцните вечерни часови го прават спротивното, а резултат е уништување на кафеаната кое се случува по четврти пат, велат очевидци. Настанот кој се случил рано утринава го потврдија од полицијата, од каде информираа дека кај возачот е регистрирано недозволена количина…

Read More

Денеска (26.12.2021) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 90 возачи. Од нив, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.929 тестирања, а регистрирани се 280 новислучаи на КОВИД-19: Скопје – 137, Прилеп – 24, Охрид – 18, Битола и Штип – по 15, Кавадарци – 13, Гевгелија – 10, Ресен – 9, Куманово и Струмица – по 8, Велес – 4, Валандово и Богданци – по 3, Кичево и Демир Хисар – по 2, Тетово, Гостивар, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Виница, Македонски Брод и Дојран – по 1. Регистрирани се 5 починати лица: по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица (75г), Куманово (79г), Охрид (71г) и Крушево (45г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на…

Read More

Постапката за набавка на јаглен од Косово е во тек и во ниту еден момент досега, ниту еден официјален претставник во преговорите не споменал во јавноста детали од преговорите, особено не во однос на цената на јагленот. Податокот на кој се повикува посоченото лице во својата изјава е податок од неименуван извор споменат во дел од медиумите. Но, и тој податок е искористен парцијално, само за потребите на денешната изјава, а со цел нанесување на штета на имиџот на компанијата, се наведува во дописот до медиумите од АД ЕСМ. Во интерес на вистината, според експерти кои дел од медиумите наводно…

Read More

При извршена контрола на подрачје на Охрид, од страна на полициски службеници и вработени од Управата за јавни приходи во 17 објекти биле регистрирани повеќе прекршоци. Како што информираат од МВР ноќеска во период од 23 до 02 часот биле затекнати четири малолетни лица кои биле во угостителски локал по 24 часот, едно лице со лажен сертификат за извршена вакцинација и три лица без сертификати за извршена вакцинација. Претставниците од УЈП, кај повеќе угостителски објекти, констатирале  низа неправилности  во готовински промет. По овие основи, против физичките и правните лица, ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од Министерството

Read More

Ја известуваме јавноста дека наводите изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ дека наводно Агенцијата за управување со одземен имот се откажала од продажбата на акциите на АД Славија, се целосно неточни и манипулативни. Продажбата на АД Славија е привремено запрена поради барање за времена мерка доставена до Судот, кој по службена должност постапил по барањето од страна на Кирил Кочевски, поранешен сопственик на акциите на АД Славија. Вакво барање е доставено и до Централен депозитар за хартии од вредност и до Комисија за хартии од вредност. Против лицето Кирил Кочевски е донесена првичната пресудата за одземање на акциите на АД Славија…

Read More

Поранешниот пратеник и градоначалник на Карпош од редовите на СДСМ, Андреј Петров во телефонска изјава за НоваТв  потврди дека разговарал со претседателот на СДСМ , Димитар Ковачевски за ангажман во партијата, но не станало збор конкретно на која позиција. -Точно е дека се видовме и разговараме со претседателот Ковачевски, но не зборувавме за тоа на која позиција. Ги читам и јас написите, но да почекаме до утре, оставам на претседателот Ковачевски и на органите и телата на партијата да го утврдат тоа, ни изјави Андреј Петров. Како што е познато, Социјалдемократите утре одржуваат Централен одбор на кој се очекува да…

Read More