Author: Mirjana

Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“, денеска преку соопштение ја информира јавноста дека донесол одлука  добитниците на  највисокото признание за долгогодишни остварувања во областа  на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, да се Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, свиркачите кои помогнаа да се обелодени аферата со илјадниците  прислушувани во време на Владата предводена од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Во одлуката на Одборот за доделување на наградата „Мето Јовановски“  чиј претседател е Уранија Пировска, стои: Се доделува за остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права; Наградата им се доделува на: Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски.…

Read More

Компанијата МГ Фешн, која стои зад градбата на комплексот „Гранд“ спроти „ Холидеј Ин“ , влегува во уште еден капитален проект како подарок за Скопје и неговите граѓани а тоа е парк со фонтана на површина од близу 7.500 м2. Површината со големина колку Плоштад Македонија, е предвидена за нов, урбан, отворен и јавен простор за сите граѓани во рамките на ДУП, Ц08 на територијата на Општина Центар. Инвеститорот, за овој јавен простор е со визија да се уреди како урбаните паркови во светските метрополи, конкретно како оној на “Porta Nuova” во Милано. За ова ќе треба да се корегира…

Read More

До кога ќе чекаме? Дали европскиот маратон на Западен Балкан кон ЕУ не ни наликува на трката на најбавните влекачи-желките? Професионалните организатори на трките со желки  се раководат од мирисот на овие влекачи и затоа  храната им е единствениот мотив за натпреварот. Штом ќе ја почувствуваат нејзината арома  бавно го придвижуваат сопствениот оклоп во посакуваната насока, исто како што нашите лидери ги придвижува „европскиот сон со сите негови социјални, економски и финансиски предности“  во насока кон Брисел. Постојат два начина да се поимат односите помеѓу ЕУ и државите на Западен Балкан, ангажирани во процесот на европската интеграција.  Првиот начин е…

Read More

Во 20,00 чaсот тимот на Горската служба за спасување, и тимот за спасување во планини на ДЗС ги пронајдоа изгубените лица. Истите се во добра здравствена состојба, информира вечерва ЦУК на својата ФБ страница. Претходно неколку часа траела потрагата која била отежната поради исклучените телефони на двете изгубени лица.  Но, без разлика на неможноста за контакт и комуникација со изгубените лица повеќе од 30 минути, службите биле активни во потрагата на теренот, информира Центарот за Управување со кризи на неговата Фејсбук страница. Губењето се случило во попладневните часови, станува збор за две лица изгубени во близина на Неолица (најблизок рид…

Read More

На 2 декември 2021 г., нашиот павилјон во Дубаи го посетија скоро 10.000 посетители (односно точно 9523 лица), а поради Националниот Ден на Обединетите Арапски Емирати и големиот број заинтересирани посетители, Павилјонот беше отворен до полноќ, соопштија од македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати. -Најголемиот дел на посетители, резиденти на ОАЕ од различни Азиски држави, беа заинтересирани за убавините на Република Северна Македонија, туристичките атракции, историјата, културата, религиите, храната, но имаше и од тие кои прашаа и за географската позиција на нашата земја, се наведува во информацијата од амбасадата. Експото овозможува познавање на Република Северна Македонија и за тие лица од…

Read More

Димитар Ковачевски, актуелен заменик министер за финансии, е еден од тројцата потврдени кандидати кои влегоа во трка за претседателското место во владејачкиот Социјалдемократски Сојуз, за што изборите се закажани на 12 декември. Ковачевски ги открива мотивите за учество во внатрепартиските избори за лидерската позиција, за Програмата со која има намера да ги освои симпатиите на членството, за плановите потоа но и каков ресет и е потребен на партијата и дали сега се потребни предвремени парламентарни избори.  Кои се вашите мотиви зад кандидатурата за позицијата прв човек на СДСМ? -Во СДСМ сум од мојата најрана младост.  Сум бил дел од успесите,…

Read More

Насилниот екстремизам претставува најексплоатираната база за терористичко делување. Затоа од огромна важност е воочување на потребите и причините што можат да доведат до оваа појава, бидејќи ваквите состојби претставуваат закана за просперитетот, владеењето на правото, развојот на модерното општество и севкупната регионална стабилност. Предизвиците со коишто Министерството за внатрешни работи се соочува, во насока на сузбивање на транснационалниот организиран криминал, од година во година стануваат се покомплексни и наложуваат продлабочување на меѓународна соработка помеѓу земјите од регионот, но и пошироко, особено во делот на меѓународната правна помош. Ова го истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во своето видео-обраќање на…

Read More

Кремљ денеска соопшти дека приближно се договорени времето и датумот на средбата во форма на видео конференција меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, но дека Москва го чека конечното одобрение од Вашингтон. Советникот на рускиот претседател Јури Ушаков изјави дека разговорите меѓу двајцата лидери ќе се одржат во следните неколку дена, пренесува ТАСС

Read More

Денес, на граничниот премин Прешево, директорите на Царинските управи на Република Северна Македонија, г-ѓа Славица Кутиров и Република Србија г. Бранко Радујко, потпишаа Протокол за взаемно признавање на одобрениjата за Овластен економски оператор (ОЕО). Потпишувањето на протоколот произлезе од заклучоците на министерскиот состанок кој во рамките на иницијативата Отворен Балкан се одржа на 13-14 ноември во Ниш. Со потпишувањето на овој Протокол, Царинските управи на двете држави се обврзаа меѓусебно да го признаат процесот на валидација на одобренијата за Овластен економски оператор (ОЕС), спроведен во рамките на ЦЕФТА, процес кој започна во мај 2019 година, а заврши во јануари оваа…

Read More

Со државно-воена церемонија, денеска на Меѓународниот аеродром во Скопје беше организиран пречек на посмртните останки на загинатите граѓани во автобуската несреќа на 23 ноември во Република Бугарија. Посмртните останки на 45 наши загинати сограѓани, кои со авиони на бугарската армија пристигнаа на аеродромот во Скопје, беа пречекани од претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата, Зоран Заев, како и од други највисоки претставници на овие, и на други институции и верски организации. На пречекот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа присуствуваа и членови на нивните семејства. Највисоките претставници на државниот…

Read More

Професорот Љупчо Коцарев, доктор на науки, академик и актуелен претседател на Македонската академија на науки и уметности е годинашниот добитник на највисокото општинско признание што го доделува Општина Охрид – наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид“. Тоа денеска го соопшти градоначалникот Кирил Пецаков, кој појасни дека до Комисијата за одбележување празници и манифестации пристигнале шест предлози, од каде со едногласна согласност до него бил доставен предлогот токму академик Коцарев да биде годинашниоит лауреат. Претседателот на Општинската комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, Перчо Божиноски, пак, истакна дека Повелба по повод патрониот празник ќе…

Read More

Следејќи ги најновите случувања и реакции во јавноста во врска со најавеното отпочнување со изградба на комплексот „Гранд“ кој е предвиден да се гради на паркингот наспроти „Холидеј Ин“, во непосредна близина на Градскиот трговски центар, Здружението на сопственици на деловен простор во ГТЦ 1973 Скопје ја известува јавноста дека ја дава својата целосна поддршка за реализација на овој проект. Силно го поздравуваме почетокот на градбата и веруваме дека овој проект ќе го заживее ГТЦ, кој е едно од главните обележја на градот Скопје. Цврсто застануваме зад овој проект бидејќи сметаме дека уредувањето на овој простор ќе му даде нов…

Read More