Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Претседателот на Регулаторната комсија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски денеска ќе заседава со 50 Борд на регулатори на Енергетската заедница. Со оваа денешна активност Бислимовски го заокружува првиот мандат како претседател на Бордот. Бислимовски очекува тој да биде предложен и изгласан за уште еден мандат на Бордот на регулатори на Енергетската заедница. На состанокот ќе се зборува за сите аспекти на енергетската состојба и како земјите се справуваат во предизвикот за обезбедување на електрична енергија и природен гас.
Министерката за регионален развој на Бугарија Виолета Комитова денеска ќе ги презентира резултатите од инспекцијата што беше направена на автопатот „Струма“ по автобуската несреќа на 23 ноември во која животот го загубија 45 лица. Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерката Комитова нареди инспекција на делницата меѓу Драгичево и Горна Дикања откако беа констатирани проблеми во патната инфраструктура, кои можеле да придонесат за фаталната несреќа. Обележувањето на патот кое не е завршено, како и со заштитните огради кои не се заменети според новите барања, се дел од регистрираните проблеми, како и поголемата дозволена брзина што не одговара на…
Пратениците досега расправаа за десет амандмани од вкупно 200 поднесени од опозицијата . Амандманската расправата ќе трее уште два дена а потоа текстот ќе се достави до Владата која треба да ги вгради амандманите кои што ќе бидат прифатени. Со дел од амандманите , опозицијата бараше една милијарда денари да се одвојат за субвeнции за фотонапонски панели за домаќинства за производство на струја како и зголемување на субвенциите за вградување на плински уреди во автомобилите. Овие амандмани ги одби Министерот за финансии Фатмир Бесими, со образложение дека и во владината програма за зелен развој, но и во одредени мнистерства се…
Варијантата „Омикрон“ носи “многу висок ” глобален ризик од пораст, предупреди Светската здравствена организација, зашто се повеќе земји пријавуваат случаи, што доведе до затворање на границите и оживување на загриженоста околу економското закрепнување од двегодишната пандемија, пишува Ројтерс. Додека научниците се прашуваат дали „Омикрон“ може да ја престигне варијантата Делта, еден врвен стручњак за заразни болести рече дека постоечките вакцини против КОВИД-19 веројатно се ефикасни во спречувањето на тешката форма и хоспитализацијата. Сингапур и Малезија повторно ја отворија една од најпрометните копнени граници на светот, дозволувајќи им на вакцинираните патници да преминат, но и постоеше загриженост дека границата би можела…
Пратеничката од редовите на Зелените од Нов Зеланд, Џули Ен Џентер , на пораѓај тргнала со велосипед. Успешно стигнала до болница и саат време подоцна се породила. Инаку ова и е втор пораѓај и второ дете на новозеландската политичарка. Таа на својата фејсбук страница напишала: „ Утрово во 3.04 го дочекавме најновиот член на нашето семејство. Искрено не мислев да се пораѓам, но на крајот тоа се случи, навела во објавата Џентер, пренесува РТС. Островската држава со 5 милиони жители има репутација на „приземни“ политичари. Премиерката Џасиндра Ардер додека беше на функција своето тримесечно бебе го донесе на состанок на…
29 Ноември е денот кој поранешната заедничка државна творба , го славеше како свој роденден. На оваа тема , а во гостување во емисијата „Хит Твит“ на ТВ Пинк, се произнесе и српскиот претседател Александар Вучиќ кој истакна дека „надворешниот фактор бил клучот за уништување на поранешна СФРЈ. Важно е да се слушаме дури и кога размислуваме поинаку, изјавува во емисијата Вучиќ. – Кога го почнавме дијалогот, сите имаа можност, како и денес, да го кажат своето мислење. Знам дека не бевме „бели ангели“, но мислам дека надворешниот фактор беше пресуден за уништувањето на Југославија, додаде Вучиќ според кого не…
Јас имам став нулта толеранција за корупција и извршување на задачите согласно сите правни и законски процедури и тоа ќе инсистирам, доколку се разбира бидам избран за претседател на СДСМ, да биде практицирано и спроведувано од сите, а корупцијата да биде санкционирана согласно сите законски одредби, коишто важат во државата, истакна заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски за „Утрински брифинг“. Тој нагласи дека корупцијата е лоша за целото општество, не само од аспект на злоупотреба на некоја положба, меѓутоа и од аспект на намалување на конкурентноста во економијата, од аспект на намалување на слободите. Борбата против корупцијата ја сметам за…
Младиот грнчар Мартин Митрешкоски од Вранештица, изработувачите на рачен накит Ангела Мојсоска и Благојче Секулоски, уметникот Тео Герасимоски, Зоран Илиески изработувач на дела од старо железо и останати уметници успешно се претставија на првото „Кичево одржливо експо“ во организација на Здружението Еко-свест автентично во кафулето Винтиџ, Кичево. – Среќни сме што опстојуваме како грнчарска фамилија со традиција од 80 години која произведува еко продукти, на природен начин. За да изработиме еден продукт, на пример грне, потребни ни се околу 3 неделни. Најчесто нашите продукти ги бараат туристите како сувенири, така што побарувачка имаме од Охрид и од странство, вели младиот…
Претендентот за претседателската фотеља во СДСМ, Димитар Ковачевски во гостување во „Утрински Брифинг“ возврати на коментарите упатени на негова адреса од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. – Ги видов коментарите на Мицкоски, најпрвин тој е поставен како портпарол на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги промовираат оставените проекти на градоначалниците од СДСМ и коалицијата тоа и не е така лошо бидејќи се гледа дека се работело, изјави Ковачевски, додавајќи: – Во однос на коментарите кои Мицкоски ги дава можам да кажам дека сум човек со високо ниво на интегритет, со 25 годишна професионална академска кариера и скоро 30 години работа во СДСМ.…
Во јавноста се зборува дека во трката за прв човек на Бихаќка, ќе влезат три лица. Но, додека за другите двајца сеуште се шпекулира кои би можеле да бидат, членот на Извршниот одбор и актуелен Заменик министер за финансии Димитар Ковачевски и официјално за „Фокус“ вчера ја потврди кандидатурата на која, како што изјави, ќе работи овие 7 дена. – Во рокот од седум дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истакнати членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува…
АЗЕСКИ ВО ПОСЕТА НА КАВАДАРЦИ -Истото можам да го кажам и за имунизацијата и сакам да Ве уверувам дека Комората е еден од учесниците во разговорите и нема да дозволи да проблемот со вакцинирањето ги загрози процесите на економско заздравување во наредниот период, барајќи заедно со Владата и синдикатите најоптимално решение да не запрат производствените процеси и извозот но и да не се загрозува здравјето на останатиот персонал. СО ЕУРОНИКЕЛ ЗА ПРОИЗВОДСТВОТО И ИЗВОЗОТ, СО ЈАНЧЕВ ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА, СО НАУМОВ ЗА БИЗНИС КЛИМАТА „Блиската соработка и редовна комуникација меѓу бизнис секторот и Стопанската комора на Северна Македонија е клучна во…
Веќе се е организирано за прошталната церемонија со која досегашната канцеларка на Германија , Ангела Меркел ја напушта политичката сцена. На церемонијата која ќе се одржи на 2 декември, во четврток во дворот на министерството за одбрана во Берлин, ќе одекнат звуците од песните на германската пејачка и актерка од 50-тите години од минатиот век Хилдегард Кнеф „Für Mich Solls Rote Rosen Regnen“. https://www.youtube.com/watch?v=z_K_w1Yb5Yk И со песната на „божицата на панкот“ како што ја нарекуваат панк-рок пејачката Нина Хаген со изведбата на „Du hast den Farbfilm vergessen“ која и донесе популарност во 1974 година. https://www.youtube.com/watch?v=RpWKrIxi2GY Ова го објави Шпигел,…