Претседателот на Регулаторната комсија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски денеска ќе заседава со 50 Борд на регулатори на Енергетската заедница. Со оваа денешна активност Бислимовски го заокружува првиот мандат како претседател на Бордот.

Бислимовски очекува тој да биде предложен и изгласан за уште еден мандат на Бордот на регулатори на Енергетската заедница.

На состанокот ќе се зборува за сите аспекти на енергетската состојба и како земјите се справуваат во предизвикот за обезбедување на електрична енергија и природен гас.