Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Презентацијата на пакетот за проширување во Комисијата за надворешна политика од страна на комесарот Вархеји беше видливо во сенка на блокираниот пристапен процес на Северна Македонија и Албанија и неможноста државите членки да ја донесат одлуката за почетокот на преговорите со двете држави. Во овие услови, Комисијата безбедно останува на веќе познатите главни наоди и препораки во поглед на отворањето на преговорите. Во Заклучоците на овогодишната Стратегија за проширувањето, Комисијата повторува дека одложувањето на почетокот на преговорите со двете земји НЕГАТИВНО ВЛИЈАЕ ВРЗ КРЕДИБИЛИТЕТОТ НА ЕУ. Затоа повикува билатералните прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија да се решат како приоритет,…
35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција која им обезбеди трајно прибежиште. Групата ја сочинуваат активисти за човекови права и женски права и членови на нивни семејства. Во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште како дел од големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во земјата. Во земјава престојуваат 407 граѓани од Авганистан. Институциите, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата…
Фокусот на кампањата ќе продолжи со ист интензитет, уште помотивиран сум и поотворен со граѓаните, кажа кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски во гостувањето на ТВ24. Според него водството пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ не е голем, односно 300-400 гласа и смета дека овие две недели се одлична можност за тој јаз уште понатаму да се зголемува. -Очекувам поголема поддршка и мислам дека со гласовите на ДУИ како природна коалиција, правиме се, правиме средби со нивното членство, работиме доста пријателски, обединително, тие имаат член на совет сега, секако дека ќе работиме во иднина, кажа Кондовски. Тој најави дека…
Сите партнери од владината коалиција во текот на вчерашниот ден потврдија дека парламентарното мнозинство останува стабилно. Владината коалиција која е посветена на модернизација и европеизација на државата ќе продолжи по зададениот терк, наместо да влегува во дневнополитички игри и препукувања мотивирани од опозицијата. Поддршката меѓу партиите во владината е коалиција е очекувана, бидејќи оваа коалиција е составена не со цел политика и политички игри, туку делење на исти вредности, вредности за напредок на државата и интеграција во Европската Унија. Ова беше посебно истакнато од ДУИ и БЕСА, кои на овие избори на неколку места имаа судир на нивни кандидати. Сепак…
Амбасадорите на Сојузна Република Германија во земјите од регионот предводени од Анке Холштајн, амбасадор на Германија во земјава како дел од агендата во рамки на регионалната конференција чиј домаќин беше германската амбасада, остварија посета на Дрекслмајер како германски инвеститор во земјава. На воведната презентација им беа прикажани најважните моменти од основањето на компанијата како и идните стратешки проекти. За време на обиколката низ фабриката, гостите беа придружувани од страна на Генералниот менаџер на Дрекслмајер Македонија, Лукас Мирингер и добија целосна слика за целокупниот синџир за производство на производи наменети за премиум сегментот во автомобилската индустрија. „Драго ни е што имавме…
Американската Агенција за храна и лекови ( ФДА) ги одобри бустерите на вакцините Модерна и Џонсон & Џонсон и исто така дозволи стратегија за нивно комбинирање и усогласување на дозите. Со ваквата стратегија , на лекарите ќе им биде овозможено како бустер-вакцини да користат вакцини различни од оние кои пациентот првично ги примил. Регулаторите не препорачаа конкретно дали бустер да се користи од вакцината која првично се ставила или подобро е како бустер да се користи вакцина различна од прво-аплицираните. Утре, советодавниот панел за вакцини на Си Ди Си треба да издаде препораки за Модерна и Џонсон & Џонсон како…
Британската влада преговара со Украина за продажба на ракети „земја-земја“ и „воздух-земја“, објави лондонски Тајмс. Според изданието, тоа би бил прв таков договор за оружје за британската страна. Предмет на преговорите се ракетите Бримстоун, развиени од британскиот огранок на меѓународниот конзорциум МБДА. Вакви проектили може да се инсталираат на украински воени бродови. Во написот се вели дека со проектили од тој тип (секој со вредност од 100 илјади фунти) може да бидат вооружени и авиони од ВВС на Украина.
Летонија ја продолжи вонредната состојба на границата со Белорусија, јави ДПА. Агенцијата забележува дека ова се случува во услови на наплив на мигранти во земјата. Многумина веруваат дека мигрантската криза е намерно предизвикана од властите во Минск, кои сакаат да се одмаздат за санкциите што им ги воведе Европската унија. Владата ја продолжи вонредната состојба во Летонија до 10 февруари следната година. Како и досега, таа е во сила во четири окрузи на југот од земјата погодени од илегалната имиграција. На граничарите таму ќе им биде дозволено да ги вратат мигрантите кои илегално влегле во Летонија од Белорусија. Вонредната состојба…
Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против 40-годишно лице од Прилеп за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 20.10.2020 година во Градско извршил полови дејствија врз оштетеното девојче на возраст од 13 години. Имено, детето отишло во куќата на својот чичко каде се одржувала забава на која бил присутен и обвинетиот. Тој видел дека девојчето се упатило кон дома и незабележано тргнал по него. Кога стигнале во близина на оградата која ги раздвојувала куќите на родителите на оштетеното дете и на нејзиниот чичко,…
Планот за забрзан економски раст, кој е еден од стратешките документи што ги подготвува Министерството за финанси и кој е пред усвојување, како и можностите што ги нуди тој за инвестирање денеска беа претставени пред засегнатите страни во имплементацијата на предвидените активности од Планот. Министерството за финансии ја продолжува практиката да ги дискутира своите планови и политики со бизнис заедницата. Затоа ја воспоставивме и СЕФФ платформата, која е активна по одржување на Првата конфернција на МФ во септември годинава, а во чии рамки се одржа и денешната дискусија со претставници на стопанските комори, банките, развојните партнери, како и институциите кои…
– Дали мислите дека доколку дојде на власт ВМРО ДПМНЕ олицетворено во Данела, ќе ги тргне спомениците од Скопје 2014. Дали Левица смета на тоа во договорот за коалиција со ВМРО ДПМНЕ?, пишува на својот фејсбук профил, професорката Мирјана Најчевска. – Кој дел од барањата на Шарената револуција ќе ги исполни ВМРО ДПМНЕ доколку дојде на власт? Која од грешките направени во време на своето владеење ВМРО ДПМНЕ ја препозна како грешка?“, прашува Најчевска. Професорката укажува дека прашањата се однесуваат за истите оние поради кои „се акало по улици“. „Која е таа битна промена која е направена во самото ВМРО…
Ќе продолжиме заедно да ја носиме државата напред, коалициските партии со поддршка за СДСМ, само сите заедно можеме да направиме пресврт и во вториот изборен круг да обезбедиме победа, а со тоа поддршка на владините политики кои се во интерес на граѓаните, се наведува во речиси сите соопштенија од партиите кои се дел од Владината коалиција во обид да ги демантираат шпекулациите, како што велат, дека ја напуштаат власта. -Демократскиот сојуз, како дел од стабилното владино мнозинство, цврсто стои на ставот дека ќе продолжиме заедно со цел Македонија да се движи напред. Демократскиот сојуз ги повикува своите членови и симпатизери,…