Author: Mirjana

На маргините на 85-от Меѓународен саем во Солун, денеска ќе се одржи специјалната конференција „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“ што ќе биде од затворен карактер, јавуваат грчките медиуми. На конференцијата ќе учествува вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Учество на форумот кој е во организација на алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис, најавиле претставници од сите земји од Западен Балкан. Дискусијата е во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, а покрај Димитров, на покана на Варвициотис ќе присуствуваат и заменик – министерот за надворешни работи на Србија, министрите за надворешни работи на Црна Гора…

Read More

Македонска делегација предводена од претседателот на државата Стево Пендаровски во сабота заминува во Њујорк на овогодинешната сесија на Генералното Собрание на ОН. Заседанието синоќа го отвори Генералниот Секретар на ОН, Антонио Гутереш. Тој ги оквалификува  климатските промени и коронавирусот како закани кои не познаваат граници, кои претставуваат голем предизвик и кои создаваат поделби, јави германската новинска агенција  ДПА. – Војната на нашата планета мора да запре. Треба да завршат и меѓусебните војни. Време е да се фокусираме на борбата против заедничкиот непријател на човештвото: пандемијата. Членовите на ова Собрание мора да зборуваат со еден глас, рече тој на синоќешното отворање. –…

Read More

Во Франција oд денеска стапува на сила задолжителна вакцинација против Ковид на лицата кои работат во здравствениот сектор. Мерката е за околу 2,7 милиони луѓе кои се во здравствениот сектор. За да ја продолжат својата професија, од денеска, ќе треба да обезбедат доказ дека примиле барем една доза вакцина против коронавирусот. Два месеца откако францускиот претседател Емануел Макрон им постави ултиматум на здравствените работници, некои од нив продолжуваат да одбиваат да се вакцинираат. Според најновите податоци на властите, заклучно со 7 септември, нешто повеќе од 88 проценти од здравствените работници во болниците и домовите за стари лица примиле барем една…

Read More

Од Скопје, преку Гевгелија и Идомени, „европскиот воз“ во рамките на „Connecting Europe Express“, кусо по 12 часот пристигна во Солун, каде што го пречекаа заменик-министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Михалис Пападопулос и претседателот и извршниот директор на грчката железница Спирос Патерас, јави дописничката на МИА од Атина. Папдопулос рече дека европската година на железницата е „голема можност да се промовира железницата како одржлив, иновативен и безбеден начин на транспорт“ и истакна дека во железничката мрежа, Солун може да стане центар во регионот и порафи географската положба и поради економската динамика. -Визијата за трансформирање на Северна Грција, а…

Read More

Мерките на Министерството за економија даваат резултат, туризмот полека се враќа во нормала. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на туристи во периодот јануари-јули 2021 година бележи раст од 56,6%, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил. Во исто време бројот на ноќевања е зголемен за 46,6%. Во првите седум месеци годинава се регистрирани вкупно 317.713 туристи кои оствариле 1.034.645 ноќевања. „Бројот на Домашни туристи е зголемен како резултат на Кампањата  ДОМА СИ ЕДОМА и Ваучерите за туризам, додека кај странските туристи БЕЗБЕДНОСНИОТ  ПЕЧАТ (safe travel stamp) ги даде очекуваните резултати“ напиша министерот…

Read More

Урбанизмот, инфраструктурата и процесот за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти, беа главна тема на разговор на денешната средба во Скопје на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски со делегацијата од Црна Гора предводена од министерот за екологија, урбанизам и просторно планирање, Ратко Митровиќ. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, на средбата министерот Бочварски го запозна црногорскиот министер Митровиќ со Законот за урбанизам, како еден од реформските закони со кој се става во ред урбанистичкото планирање. -Со Законот воспоставивме нови правила на вклученост, транспарентност, стручност и отчетност на сите чинители во процесот на изработување,…

Read More

Со воведно обраќање во кое ја акцентираше поврзаноста на животната средина, отпорноста кон климатските промени и исполнувањето на цел 7 од целите за одржлив развој на ОН, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини го отвори вториот ден од „Македонски енергетски форум 2021: Мапирање на енергетската иднина” (МЕФ) насочен кон енергетската иднина на регионот и мапирање енергетската иднина на земјите од Западен Балкан. „Тоа е посебен знак кога Министерството за животна средина е покането два пати во рок од една недела на форум за финансии и енергија. Тоа покажува дека го прифаќаме фактот дека животната средина е клучот за нашата иднина и дека…

Read More

Почна работната средба на Германската канцеларка Ангела Меркел со лидерите од Западен Балкан во Тирана. Таа следува по заедничката прес конференција што Меркел ја имаше со домаќинот на собирот, албанскиот премиер Еди Рама. На собирот присуствува македонска делегација предводена од премиерот Зоран Заев а во која се и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Попладнево Заев, Димитров и Османи ќе имаат одвоена средба со Меркел.

Read More

Организацијата за заштита на птиците – „Птичји живот“ (BirdLife Österreich) и Одделот за заштита на животната средина на Градот Виена ги објавија резултатите од пописот на птици во главниот град на Австрија. Во пребројувањето учествувале 1.280 граѓани и забележани се 8.500 птици. Во однос на клукајдрвците и врапчињата, има 1.927 пријави. Во 1.457 записи, клукајдрвецот игра главна улога. Тоа е најчестиот вид птица и, во споредба со другите видови, продира најдлабоко до центарот на градот. Клукајдрвецот го има во сите паркови во Виена, а и по некои од двровите. Покрај Големиот клукајдрвец, застапени се и Зелениот, Црниот, Црвеноглавиот и Планинскиот…

Read More

Граѓаните на Западен Балкан може да ја предизвикаат следната мигрантска криза, доколку Европа дозволи да пропаднат ветувањата за проширување, оценува еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и ја повикува ЕУ да ја засили соработката со земјите од Западен Балкан Во интервју за „Маѓар немзет“, Вархеји рече дека авганистанската криза покажала колку се сериозни последиците ако нема цврстина и конзистентност во геополитичките одлуки, пренесува „ЕУ опсервер“. „Мора да ги исполниме ветувањата за Западен Балкан. За мене тоа е една од најважните лекции од ситуацијата во Авганистан“, рече Вархеји. Ајде да замислиме што ќе се случи ако процесот на пристапување на нашите партнери од…

Read More

Дејан Павлески, директор на Агенцијата е еден од 15-те судии кои денеска ја вршат селекцијата на пријавените светски компании на Go Global Awards 2021 во организација на Мeѓународниот трговски совет (International Trade Council) со седиште во Вашингтон, САД. Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот за прв пат е дел од доделувањето на престижните признанија на компании на меѓународно ниво, откако претходно зема учество на меѓународната конференција The Think Global Conference организирана од International Trade Council во април оваа година на која како почесен говорник се обрати директорот на Агенцијата со презентација за инвестициските и извозните потенцијали на земјата. Учеството на Go Global Awards на компаниите учеснички  обезбедува деловно вмрежување,…

Read More

Здружението „Напредни лозари” денеска јавно побара двојно да се зголемат субвенциите за одгледување винско лозје по хектар. – Оваа година Тиквешкиот регион го зафати суша каква не се памти многу одамна. Лозовите насади претрпеа големи штети. Сушата ги погоди и лозјата кои се под системи за наводнување. Тиквешкиот регион е скоро цел со лозови насади и вода за наводнување не може да се обезбеди во огромни количини, велат од здружението. Информираат и дека поради сушата, родот некаде е целосно уништен, а некаде е десеткуван. -Згора на тоа, винариите организирано настапуваат и тоа што остана од родот сакаат да го земат…

Read More