Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Во изјава за ТВ Сител Адеми истакна дека во овој момент станува збор за бројка од 643 луѓе, иако како што посочил земјава е со можност да прими 1800, но дека се ќе зависи од ситуацијата во Кабул, односно колкумина ќе можат да се извлечат Имаме воспоставено систем, преку кој добиваме листа со имиња и податоци за авганистанските бегалци, кои потоа се проверуваат во МВР и АНБ и не треба да се грижиме за безбедносен ризик, уверува советникот за надворешна политика во Владата, Едмонд Адеми. Во изјава за ТВ Сител тој истакна дека во овој момент станува збор за бројка…
Вмро Дпмне вечерва во Штип го промовира Иван Јорданов со кој оваа партија влегува во трка за освојување на градската власт, на претстојните локални избори што ќе се одржат на 17 октомври. Претседателот на партијата Христијан Мицкоски, прочита писмо до „идниот градоначалник“, како што рече, во кое му порача да е штедлив со парите на општината, да е достапен за граѓаните и да се грижи да има повеќе трева од асфалт во општината. Во Македонија се некако почнувало од овде, од Штип, па така и оваа вечер, започнува победничкиот од, истакна Мицкоски. „Штип го има најдоброто решение за ново поглавје,…
Наместо локдаун, грчките стратези за справување со корона-кризата, смислиле: невакцинираните работници независно дали се во јавниот или во приватниот сектор да прават тестови еднаш до два пати неделно на свој трошок. Цената би била фиксна а ова правило би почнало да важи од септември. „Грција не размислува да воведува нов локдаун, независно што ќе покаже распространувањето на коронавирусот. Економијата нема да се затвори“, изјави за грчката телевизија „Скај“ портпаролот на владата во Атина, Јанис Иконому. Иконому навести дека одлуката за ова, грчката влада се очекувало да ја донесе веќе наредната недела. Според него, вакцинираните работници ќе имале повеќе можности и…
Предмет на анализа и проверка на факти од страна на новинарите во американското општество се критиките што на сметка на потегот на актуелниот претседател Џо Бајден за повлекување од Авганистан, му ги упати поранешниот претседател Доналд Трамп. Па така,Си-Ен-Ен својата анализа ја почнува со генералната констатација: Не недостасуваа критики засновани на факти насочени кон постапката на администрацијата на Бајден со повлекувањето на САД од Авганистан. Но, некои од критиките од поранешните претставници на администрацијата на Трамп, се оддалечија од вистината. Во јавните изјави минатата недела, поранешниот потпретседател Мајк Пенс, поранешната амбасадорка на ОН Ники Хејли и поранешниот вршител на должноста…
Битолската група Фолтин, вечерва на античкиот локалитет Хераклеа ќе одржи самостоен концерт по повод 25 години постоење. Концертот ќе започне во 21:00 часот и ќе претставува практично реминисценција на првиот настап на групата Фолтин кој се случил во далечната 1996 година, исто така во Хераклеа. На концертот ќе се отсвират и ќе се отпеат изданија од сите 9 албуми а премиерно ќе се отсвири најновото издание насловено како: „Симултан бакнеж“. Концертот во Хераклеа се случува после низата промотивни концерти низ Македонија и странство. Настанот ќе се одржи според протоколите за одржување настани на отворено, информира организаторот на концертот.
Американскиот Стејт департмент, издаде соопштение доцна синоќа во кое на Република Северна Македонија и на уште 11 земји им беше упатена благодарност за прифаќање Авганистанци, во операцијата на САД за извлекување на луѓе кои изминатите 20 години работеле на демократизацијата на земјата. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен изјави дека досега освен САД, уште 12 земји се согласиле привремено да прифатат Авганистанци, меѓу нив Северна Македонија, Албанија и Косово. „Албанија, Канада, Колумбија, Костарика, Чиле, Косово, Северна Македонија, Мексико, Полска, Катар, Руанда и Уганда дадоа дарежливи понуди во врска со напорите за преместување на ранливите Авганистанци“, се вели во соопштението на…
Анџелина Џоли, вчера отвори профил на Инстаграм, кој стана веднаш вирален, поради нејзиниот став да нема профили на ниедна социјална мрежа. Ова е прво присуство на актерот-продуцент-режисер-активист на социјалните мрежи а целта е како што напиша, за да го сврти вниманието на маките на луѓето во Авганистан – и особено на жените и девојчињата – по брзото преземање на земјата од Талибанците. Првата објава на Instagram на Џоли, вклучуваше слика од рачно напишано писмо за кое рече дека е испратено од една тинејџерка во Авганистан, која во писмото,меѓу другото,изразувала страв дека ќе оди на училиште под талибанскиот режим. „Во моментов,…
Многу дигитални платформи во светот, деновиве кога се актуелни случувањата во и околу Авганистан, се вклучија во промоција на вредностите на Авганистанците како народ, кој сега е соочен со потребата да ја напушти земјата пред налетот на Талибанските сили. Една од тие палтформи е и порталот „Next Up“ кој деновиве ја промовира несекојдневната цврстина и храброст и знаење и интелигенција на спортистката Надиа Надим. Во објавата, пишува: – Ова е Надиа Надим, родена во Авганистан. Нејзиниот татко бил убиен од Талибанците, кога таа била на возраст од 11 години, по што семејството заминало во Данска за да се врати на…
Северна Македонија во моментов е блокирана од Бугарија од чисто националистички причини, но добива премалку поддршка од државите на ЕУ, иако е единствената земја во регионот чија влада веродостојно напредува со реформите во последните години. Во мај, Верхеји очигледно сакаше да изврши притисок врз Северна Македонија да одговори на бугарските барања – ова вклучува толкување на историјата и јазикот. Висок функционер од Комисијата на ЕУ, кој би сакал да остане анонимен,за весникот изјавил: „Не разбираме што го погоди, секогаш сме велеле и секогаш ќе велиме дека: Северна Македонија ги исполни сите критериуми “ Австрискиот весник „ Дер Стандард“ во денешното…
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со членовите на „Сојузот на Слепи лица“ на која станало збор за ефектите од аудио читачот „Кико“. Притоа било речено дека „Кико“ е добра апликација која навистина им помага во нивното секојдневно работење. Целта на социјалната реформа е на лицата со попреченост да им овозможи независен живот, движење во средината, дружење, учество во професионални ангажмани, посетување на образовни институциите. „После само еден месец откако Аудио читачот е достапен, лицата со оштетен вид имаат серозни придобивки. Претставниците на Сојузот на слепи ми посочија дека аудио читачот е добра алатка бидејќи…
Расте просечната плата во континуитет. Во јуни 2021 година, изнесувала 28.744 денари и таа е поголема во однос на јуни 2020 година за 7%. Според Државниот завод за статистика ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,1 %); Уметност, забава и рекреација (20,5 %) и Информации и комуникации (14,1 %). Земено во апсолутни бројки, растот на просечната нето плата во минативе четири години (2017-2021) е за цели 5.936 денари, додека во претходните четири години (2013-2017) просечната нето плата имала раст од 1.700…
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јуни годинава изнесува 28.744 денари, а просечната бруто палта 42.950 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата е за 7,0 отсто повисока отколку во јуни минатата година, додека бруто платата е повисока за 7,1 отсто. Зголемувањето кај нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,1 отсто), Уметност, забава и рекреација (20,5) и Информации и комуникации (14,1 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на…