Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Според извештајот што неодамна го објави Евростат, само во текот на 2020 година, 12.200 деца под 15 -годишна возраст ја напуштиле Албанија и заминале во земјите на ЕУ, пренесува Ора њуз. Додава дека документот, кој покажува застрашувачки бројки, се однесува на малолетници кои добиле дозволи за престој, додека главни дестинации се Германија, Грција и Италија. За социологот Ентела Бињаку, бројките во овој документ се повеќе од вознемирувачка појава. Според неа, главно родителите се оние кои стануваат причина за заминување на децата бидејќи не гледаат перспектива за младите во Албанија. -Причините првенствено се поврзани со перспективата што родителите на малолетници ја…
Забрана за свадби, прослави и за одржување масовни настани на затворено. Угостителските објекти во затворениот дел да работат со 30 проценти од капацитетот, а на иста маса во кафеана да може да седат само 4 лица. Ова се предлозите кои претпладнето министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести, по состанокот им ги испратиле на Генералниот кризен штаб во Владата за справување со корона вирусот. Со тоа што, попладнево Филипче дообјасни дека овие предлог -рестриктивни мерки не се само за Тетово туку за целата територија на државата односно за сите населени места. „Не е за Тетово, за цела…
МВР активно се вклучи во гасењето и превенирањето на пожарите во државата. И во изминатото деноноќие со несмален интензитет продолжија активностите на целата територија на Република Северна Македонија од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи каде што беа ангажирани околу 616 полициски службеници, 224 мото-патроли и 189 возила. Полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и граничната полиција учествуваа и во спасувачката акција над село Разловци – Врв Чокалица на 1400 метри надморска височина. Граѓаните не се сами сите сме со нив, порачуваат од полицијата.
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија упати телеграма со сочувство до Унијата на Стопанските комори на Грција по повод ненадејната смрт на претседателот на Унијата на Стопанските комори на Грција и на Атинската комора за трговија и индустрии, Костантинос Микалос. „Двајцата претседатели на коморите, Бранко Азески и Константин Микалос имаа долгогодишна одлична соработка на полето на бизнис заедницата. На 17 јуни 2021 година, од страна на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претседателот на Унијата на грчки комори и на Атинската комора за трговија и индустрии, Константинос Микалос, беше потпишан Меморандум за соработка, со што…
Американските штафети во машка и женска конкуренција ги освоија златните медали на Олимписките игри во Токио на трките на 4×400 метри. Во машка конкуренција, САД дојдоа до златото во состав Мајкл Чери, Мајкл Норман, Брус Дидмон и Рај Бенџамин, истрчувајќи ја патеката со резултат 2:55:70 минути, 1.48 секунди пред сребрените Холанѓани и 1.57 секунди пред третопласираната штафета на Боцвана, која постави нов африкански рекорд. Кај атлетичарките, САД во доминантен стил го освои седмото злато во серија во штафетната трка 4×400 метри во состав Сидни Меклафин, Алисон Феликс, Далиа Мухамад и Ејтинг Му. Сребрениот медал го освои Полска, додека бронзениот медал…
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган соопшти дека од вкупно 214 шумски пожари во 46 области на Турција, под контрола се ставени 202, пренесува Анадолија. Турскиот претседател на Твитер напиша дека од копно и од воздух интензивно продолжуваат операциите за гаснење на шумските пожари. Тој прецизира дека во овие операции се вклучени 18 авиони за фрлање вода, 850 пожарникарски возила и танкери за вода, 57 хеликоптери, 150 градежни возила, девет беспилотни летала и 5.250 персонал. Ердоган рече дека во операциите се вклучени и четири авиони и еден хеликоптер, што се обезбедени од странство со придонес на приватниот сектор и невладините…
Пари Сен-Жермен не се договори за договор со напаѓачот Лионел Меси, информира „Goal.com“ повикувајќи се на прес -службата на парискиот клуб. Претходно беше објавено дека Аргентинецот и ПСЖ го завршија договорот за трансфер. ПСЖ соопшти дека ова се лажни информации, и договорот сé уште не е склучен. На 5 август, Барселона објави дека Меси го напушта клубот. Денес голем број светски медиуми објавија дека напаѓачот ќе стане играч на ПСЖ во наредните денови. Триесет и четиригодишниот Аргентинец треба да потпише двегодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.
Полициски службеници од ОВР Кочани, во кооординација со јавен обвинител вчера во полициска станица ја повикале Н.Н.(26) од село Соколарци, кочанско, во врска со ширење на видео материјал со недолична содржина, односно поради сомнение за сторено кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 и „посредување во вршење проституција“ по член 191 од Кривичниот законик. – Во присуство на адвокат со неа е извршен службен разговор, при што Н.Н. изјавила дека видеозаписите биле направени со намера да бидат испратени преку „Фејсбук“ на друго лице, за што на неа требало да и бидат исплатени пари. По целосно расчистување и документирање…
Полицијата од СВР Скопје, денеска лишила од слобода три лица поради основано сомнение дека го предизвикале пожарот за кој утрово во 05:28 часот било пријавено дека настанал над село Страхојадица, скопско, при што била опожарена сува трева и нискостеблеста шума. Како што информираат од Министерството за внатрешни рабти, полициските службеници на местото од каде започнал пожарот затекнале две возила и лица кои се обиделе да избегаат, но, биле фатени, а во непосредна близина на возилата биле пронајдени остатоци од стопени кабли. Од МВР велат дека лицата се приведени и се работи на расчистување на случајот, а пожарот бил локализиран од…
Еден починат седумдесет и едногодишник во болнички услови , 378 новозаразени од КОВИД-19 од направени 7.647 тестови и 25 оздравени пациенти, е билансот што го лиферува Министерството за здравство за последните 24 часа за состојбата со пандемијата во земјава. И натаму Скопје и Тетово се на врвот по бројот на заразени, а бројките се следни: Скопје – 118, Тетово – 114, Гостивар – 51, Кичево – 20, Куманово – 18, Струмица – 16, Битола и Охрид – по 9, Кавадарци – 6, Велес – 4, Кочани – 3, Струга и Радовиш – по 2, Прилеп, Штип, Ресен, Берово, Виница и…
Видео од изјавата на Премиерот Зоран Заев по обиколката на опожарените подрачја. https://www.youtube.com/watch?v=v9uIi-kncSo
Борбените авиони на Британската морнарица ,,Тајфун“ денеска пресретнале два руски авиона во близина на воздушниот простор на Велика Британија, соопшти Британското воено воздухопловство. Алармот за итна реакција ги подигна авионите на кралската флота (РАФ) од аеродромот Лосимут на северот на Шкотска. Британските авиони пресретнале два руски авиони од типот Тупољев -142 а (РАФ) сето тоа го опишал како ситуација од времето на студената војна. Руските авиони најнапред ги открил НАТО додека поминувале низ ваздушното подрачје каде што патролира Северноатланската алијанса. Руските авиони ТУ-142 се користат за извидување и противподморничко делување. “Колегите од НАТО не известија за двата сомнителни руски авиони…