Author: Mirjana

Росоманец пријавил физички напад од сопругата, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. – Вчера во 10.05 часот во ОВР Кавадарци, 43-годишен жител од Росоман пријавил дека претходната вечер околу 23.30 часот во семејниот дом, по кратка расправија, бил физички нападнат од неговата сопруга на возраст од 36 години, појасни Додевски. Тој додаде дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Министерството за образование и наука (МОН) денеска соопшти дека по пауза од 10 години повтори ќе се доделуваат стипендии за постдипломски студии и оти конкурсите се во тек. – Откако пред 10 години беа укинати, од студиската 2021-2022 година Министерството за образование и наука повторно ќе доделува стипендии за студии од втор циклус во државата, со што се обезбедува поддршката што младите ја побараа од МОН и од Владата, се наведува во соопштението. Воведени се 50 стипендии со месечна висина на средствата од 9.000 денари за девет месеци во годината за природно – математичките науки (биологија, физика, гео-физика, геологија и минералогија,…

Read More

Денеска околу 15.10 часот, е лишено од слобода 32-годишно осомничено лице дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране. Лицето со иницијали Л.А. било од Република Албанија а илегално престојувало во земјава.Осомничениот за подметнување на пожарот е задржан на понатамошна постапка а го привеле  полициските службеници од одделението во с.Галате. Полицијата има осомничено уште едно лице за пожарот во Старо Нагоричане за што полициските службеници веќе постапуваат во координација со Јавен обвинител. МВР работи и на расчистување на случај во кој се осомничени две лица, за предизвикување пожар од поголеми размери пред село Блаце кон Катланово.Но, благодарение на брзата интервенција на полициска…

Read More

Ана Петровска останува посветена на заштитата на животната средина, нејзиниот професионален ангажман продолжува во Министерството за животна средина, брифираат извори од кабинетот на претседателот на Владата, по денешното разрешување на Петровска од позицијата на директор на Државниот инспекторат за животна средина. Таа е исклучително квалитетен кадар, Владата ги цени нејзините квалитети и перформанси и веќе се разгледуваат повеќе опции Петровска да координира некои од процесите од зелената агенда на Владата,  веднаш после локалните избори, додава истиот извор.

Read More

По предлог на ДОМ  владата на денешната седница ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска и го назначи Сретен Стојковски за вршител на должноста, директор кој инаку доаѓа од Министерството за животна средина.. Ваквата одлука на партијата ДОМ која поминала и на Извршниот Комитет следува  по повеќе  поплаки од граѓани и од вработени во Инспекторатот за животна средина. Извори на НоваТВ од  ДОМ  брифираат дека Петровска  не знаела или не можела да го менаџира процесот во институцијата со која раководела , што придонесло за  нарушени меѓучовечки односи најмалку во три случаи. Од друга страна на социјалните…

Read More

Европската Унија денеска го активира механизмот за цивилна заштита преку кој ја мобилизира поддршката за земјите од Медитеранот и од Западен Балкан, кои се зафатени со шумски пожари. Во веста од Брисел се наведува дека Словенија и испраќа на Северна Македонија 46 пожарникари и 16 противпожарни возила а дека Чешка и испраќа на Албанија два хеликоптера за поддршка на операциите за гасење на огновите. Од Европската Комисија уште нагласуваат дека два противпожарни авиони„ Канадер“ од Франција се испратени во погодените подрачја на Италија, додека Кипар два противпожарни авиони и испратил на Грција заедно со противпожарниот тим за поддршка на операциите…

Read More

Ненадејно во својот дом во Белград во 71-та година од животот, како резултат на срцев удар, денеска почина долгогодишниот новинар на весникот „Политика“ и воен аналитичар Мирослав Лазански кој од 2019 година ја обавуваше должноста на амбасадор на Србија во Русија. Министерството за надворешни работи на Србија соопшти: „Ќе го паметиме како голем родољуб , извонреден писател, новинар, еминентен военополитички коментатор,кој ја сакаше својата земја и со гордост ја претставуваше ширум светот“ стои во објавата на српското МНР. Лазански својата новинарска кариера ја почнува во Загреб, со написи во хрватските весници „Полет“, „ Вјесник“, „Данас“ и „Старт“ а од почетокот…

Read More

Само што помисливме дека летово и пеколните температури кои на сите ни задаваат по малку главоболки, ќе ги поминеме без страотни глетки на домашен терен, како оние од пожарите во Италија, Грција, Турција, или од крајниот руски исток, САД и Канада, апокалиптичните сцени се појавија и кај нас. Се случи Кочани, огнената стихија сосема тивко и со неверојатна брзина, како крадец се доближи до семејните домови. Додека мнозинството граѓани сеуште го празнуваа Илинден, единиците на армијата и на противпожарните служби како и на ЦУК, ДЗС и други институции се интегрираа и заеднички координирано се спротивставија на огнот кој беше со…

Read More

Отсуството на случаи за висока корупција во кои се инволвирани високи сегашни или поранешни државни функционери во ниту еден случај не може да се толкува во контекст дека овој тип на корупција не постои во нашата држава, туку само во насока на немање на доволно капацитети и волја на надлежните органи да се справат со овој тип на криминал, вели во интервју за НоваТВ, извршана директорка на коалицијата „Сите за правично судење“ Натали Петровска. Континуираната поддршка која организацијата ја има од меѓународната заедница ни укажува само на тоа дека нашата организација е на добар пат и се има позиционирано како…

Read More

Меѓународниот монетарен фонд одобри 650 милијарди долари за светската економија за закрепнување од  коронавирусот, соопштија од Меѓународната финансиска институција. Како што стои во објавата на веб сајтот на ММФ, распределувањето на средствата ќе почне на 23 август, и дека повлекување на пари ќе биде достапно за сите членови на фондот , пропорционално на нивните квоти. Од овие средства, 275 милијарди долари се наменети за развивање на пазарите и за земјите со низок доход, соопштија од  ММФ. Проекциите на ММФ за светскиот економски раст за годинава се дека тој ќе изнесува  6%. Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, оваа одлука ја нарече…

Read More

Социјалната мрежа Твитер соопшти дека ќе соработува со Ројтерс и Асошиејтед Прес (АП), најголемите новински агенции во светот, со цел борба против дезинформациите, јави Би-Би-Си. Двете новински агенции веќе соработуваат со Фејсбук на проверка на факти. Во соопштението се посочува дека новинските агенции ќе понудат поширок контекст и повеќе информации за настаните кои преизвикуваат голем број твитови. Твитер се надева дека на тој начин ќе се намалат дезинформациите. „Наместо да чека нешто да стане вирално, Твитер ќе го контекстуализира развојот на дискусијата (преку Интернет)“, велат од компанијата. Во моментов, тимот на Твитер за организирање и селекција, кога ќе се појави…

Read More

Да се ​​поседува луксузен автомобил не е мала работа, тие чинат неколку стотици илјади долари и бараат скапо одржување, така што нив ги поседуваат главно богаташи. Меѓутоа, кога ќе бидат запленети од полицијата,тоа често станува крајно неисплатливо, како што тоа е случај во Кина. Повеќе скапи автомобили кои биле конфискувани во Кина, сега буквално се распаѓаат на депонија за „сушества“ на четири тркала. Повеќето од нив не биле значително оштетени, но сепак, се оставени на „забот на времето“, па нивното враќање на патиштата не би било баш евтино. Видео на You Tube, меѓу другото, прикажува и примерок од претходната генерација…

Read More